Филм
Пред доделувањето на Оскарите жестока полемика за недоволна расна застапеност во Холивуд

Полемиката за недоволноста расна застапеност во Холивуд се разговора пред доделувањето на најзначајните филмски признанија – Оскарите, а здруженијата за во недела организираат протести за да предупредат на изостанувањето на црнечките актери од годинешната лиса на номинирани.
Протестот е закажан пред „Dolby Theatre“ во недела во 14 часот полокално, односно 23 часот по средноевропско време, каде што ќе се одржи филмската свеченост, три часа под почетокот на телевизискиот пренос од церемонијата на доделувањето на наградите, еден од најгледаните директни преноси во светот.
„Сакаме да ѝ испратиме порака на Академијата за филмски уметности и науки којашто ги доделува Оскарите и на филмската индустрија“, изјави Ерл Офари Хатчинсон, претседател на здружението A Urban Policy Roundtable, на прес-конференција во петокот. „Пораката е многу едноставна: вие не ја застапувате Америка. Жените, латиноамериканците, афроамериканците и небелечките етнички групи (…) се невидливи во Холивуд“, додаде Хатчинсон. Тој ја повика јавноста да „објави кои се членовите на таа академија којашто гласа за филмовите и одредува кој што ќе добие во Холивуд. А кога тоа официјално ќе го дознаеме, што ќе сторите да почнете да ја одразувате вистинската слика на денешниот свет“, запраша.
Незадоволството од застапеноста на не-белците во членството на американската Академијата за филмски уметности и науки со години наназад е јавна тајна во САД, „Од 6.000 членови околу 93 отсто се белци, 70 отсто се мажи на просечна возраст од 63 години. Имаме тесен круг на луѓе коишто имаат свое животно искуство и свој начин на сфаќање на филмовите. Кога оваа година видов дека ниеден црн актер не е номиниран за Оскар, бев малку изненаден, но не многу бидејќи всушност нив и ги нема многу“, истакнува Дарнел Хант, директор на институтот за афроамерикански истражувања на универзитетот UCLA и автор на извештајот за оваа тема. Истакнува дека таквиот состав на академијата не може да осигури разноликост на темите во филмските проекти кои успеваат да бидат реализирани.
Инаку годинава е само вторпат од 1998 година само бели актери да се на листата со имиња на дваесетте номинирани за четирите награди: за најдобар актер и актерка и за најдобра машка и женска споредна улога.
Питер Сафиер, член од Академијата и продуцент на култниот филм „Scarface“ признава дека малцинствата во членството бои морале да бидат повеќе застапени. „Престари сме, а фактот е дека има 70 отсто мажи белци е смешен“, заклучи. Меѓутоа, вели дека Академијата „се обидува тоа да го промени“. „Сега имаме претседателка афроамериканка (Черил Бун Ајсак –з.р.), која се труди да го прошири профилот на новите членови“, додаде./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.
Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.
Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.
Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.
„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.
Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.
Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.
Култура
„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.
Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.
Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8
Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.
„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.
„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk
Култура
„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.
Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.
Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.
Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.
Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.
Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.