Филм
Светска премиера на ‘Лазар’ на отворањето на фестивалот Браќа Манаки
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ или неговото 36-то издание, закажано е за петок во 19.30 часот, во Битола со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ или неговото 36-то издание, закажано е за петок во 19.30 часот, во Битола со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски.
Филмот ќе го промовира режисерот Ристовски, директорот на фотографијата Дејан Димески, актерите Дејан Лилиќ и Наташа Петровиќ, како и продуцентката Корнелија Ристовска. По проекцијата, екипата на „Лазар“ ќе се поклони на сцената, а пред проекцијата на „Лазар“ ќе биде прикажан краткиот анимиран филм „Кружното патување на Марето“ од Жарко Иванов.Режијата на церемониите на отворањето и затворањето на фестивалот годинава му се доверени на познатиот костимограф и режисер Благој Мицевски. Водител на церемонијата на отворањето е еден од најангажираните актери во Народниот театар од Битола, Огнен Дранговски. Мицевски открива дека режијата на церемонијата за свеченото отворање и затворање на 36-то издание на Фестивалот ќе ја определат два значајни настана. Едниот од нив е 110-годишнината од првата филмска камера на Балканот, а другиот се неколку филмови кои со својот визуелен идентитет прераснаа во култни филмови за цели генерации, и претставуваат трајна инспирација во нашиот уметнички живот.„Токму неколку автори од такви филмови се и гости и добитници на наградите на годинашното издание на Фестивалот. Покрај воведната церемонија на црвениот килим, во Големата сала на Центарот за култура ќе има настан кој што е инспириран од еден култен светски филм, а ќе го изведат млади уметници од Македонија. На крајот, ќе проследиме и една нова македонска филмска премиера. Како и животот така и филмот е убав“, вели режисерот Мицевски.И годинава за телевизискиот пренос ќе се погрижи Македонската радио-телевизија. Покрај славните актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков ─ на кои ќе им биде доделена Специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност ─ на црвениот килим ќе продефилираат и двајцата кинематографери, лауреати на Наградата за животно дело – „Златна камера 300“, Ришард Ленчевски и Божидар-Бота Николиќ. На третиот добитник, Јаромир Шофр, наградата ќе му биде врачена на свеченото затворање, на 27 септември. По црвениот килим, церемонијата ќе се префрли во салата на Центарот за култура, каде директорот на Фестивалот, Димитар Николов – Таки ќе ја поздрави публиката. Наградата на Алексеј Серебрјаков ќе му ја врачи градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Честа да му ја врачи Специјалната „Златна камера 300“ на Бруно Ганц ќе ѝ припадне на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на Фестивалот, ќе му ја врачи наградата на Ришард Ленчевски. Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која Друштвото на филмските работници на Македонија годинава му ја додели на Дарко Марковиќ , во негова чест ќе ја прими неговиот син Филип Марковиќ, од рацете на претседателот на Друштвото, Роберт Насков. Освен Ленчевски и Николиќ─како членови на жирито на Официјалната програма ќе биде и македонскиот режисер Митко Панов. На свеченото отворање ќе присуствуваат и двајца од тричленото жири на новата програма „СЕЕ камера“: Маја Богоевиќ и Мирослав Момчиловиќ.Под мотото „Филмот е убав“, Фестивалот и официјалниот партнер – Вип оператор годинава најавуваат 13 програмски категории во кои ќе бидат прикажани 215 филмови.
На програмата се одлични наслови од големите филмски фестивали ─ од сите континенти, и од повеќе од 40 земји. 103-те филма кои ќе бидат прикажани во Битола од 18 до 27 септември се во различни категории, од кои три се натпреварувачки категории (Официјална, Нов европски филм и СЕЕ камера). Останатите 111 се студентски филмови./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

