Контакт

Филм

Венцислав Ристов добитник на наградата „Љубе Цветановски 2016“

Објавено пред

Жирито при Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје, за документарно-креативен филм во состав: Диме Ратајкоски – претседател, вонр. проф. Мишо Нетков и доц. Гоце Цветановски – членови, од 10 пријавени филмови, ја додели наградата „Љубе Цветановски 2016“ на филмот „Виа Македонија“ на младиот македонски синеаст  Венцислав Ристов во продукција на Канал 5.

dobivaj vesti na viber

Наградата што го носи името на Љубе Цветановски, легендарен македонски документарист, оваа година ја понесе овој потресен филм, за мигрантската криза во Р. Македонија.Наградата ќе се додели на Првиот академски час на Универзитетот, што ќе се одржи на во среда, во 11:30 ч. во салата на Кинотека на Македонија. Истиот ден со ексклузивно присуство на шест амбасадори  од ЕУ ќе биде прикажан филмот„Европа мојот идентитет“ што студентите на ЕСРА го работеа со нивните колеги од повеќе европски земји.   Во рамките на академскиот час ќе биде доделена и специјалната награда на меѓународното жири на НЕТА (Нова европска театарска акција) во рамките на 24. Мегународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на студентите на класата на Проф. Мето Јовановски Академски поздрав од новата генерација студенти – екслузивен спот „My Little One“ на легендата на македонската музика Тоше Проески со неговиот внук Кристијан Ристески, студент на прва година на Факултетот за применета музика.На крајот свечено ќе бидат доделени и на индексите на новозапишаните студенти на универзитетот и дипломи на новите професионалци во аудиовизуелните уметности./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Објавено пред

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.

dobivaj vesti na viber

Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.

„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“

Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.

Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) „Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Кузеска

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски,...

Македонија2 часа

„Ем шуто, ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Регион2 часа

Бугарија ја менува приказната за авионот на Урсула фон дер Лајен

Целосна конфузија владееше вчера откако бугарската влада неколку пати го промени својот официјален став за наводното руско блокирање на ГПС...

Свет2 часа

Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските...

Македонија2 часа

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ2 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија3 часа

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет3 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...

Европа3 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не може да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет3 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет4 часа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет4 часа

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет4 часа

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...

Македонија20 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ21 час

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ21 час

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија22 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет24 часа

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија1 ден

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија1 ден

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...