Филм
За Бред Пит се пишува второ сценарио за продолжeнието на ‘Светска војна З'

Холивудското студио „Paramount Pictures“ го ангажирал познатиот британски драматург Денис Кели да направи нова верзија на сценариото за продолжението на филмот „Светската војна З“ (World War Z, од 2013 година), со славниот холивудски актер Бред Пит.
Сценариото за новиот филм, коешто првично беше напишано од Стивен Најт, не ги задоволило целосно во студиото. Од „Paramount Pictures“ се обратија до Денис Кели за нови идеи, сцени и сижеа, пренесе телевизиската мрежа KTLA. Холивудските кругови тврдат дека Бред Пит е еден од продуцентите на филмот „Светската војна З“, и оти не е исклучено да ја толкува главната улога.Денис Кели се стекна со светска слава како сценарист на британските телевизиски компании. Големите филмски студија се заинтересираа за неговата работа откако на англискиот телевизиски канал Channel 4 беше емитувани фантастичниот трилер „Утопија“(Utopia) во 2014 година.Кели во моментов работи над првото за него сценарио на високобуџетен холивудски филм, кој е поддржан и делумно финансиран токму од Бред Пит.Филмот „Светска војна З“ во режија на Марк Форстер беше премиерно прикажан во 2013 година и во него Бред Пит ја толкуваше улогата на поранешен службеник на ОН, Џери Лејн, кому му е доверена мисијата за решавање на глобалната епидемија на болести кои луѓето ги претвораат во зомби.Уште пред појавувањето на филмот, режисерот Марк Форстер во едно интервју изјави дека авторите имаат намера да снимат трилогија. Во моментов, проектот на вториот филм добил јасни контури, и се дефинираат главните стории и ликови.Според вообичаените правила во Холивуд, сценаријата за високобуџетните филмови задолжително претпоставуваат ангажирање два креативни тима кои работат независно еден од друг. Откако студиото ќе ги двете сценарија, врз основа на нив во повеќето случаи се прави крајното сценарио. Во Холивуд не исклучуваат дека и студијата „Paramount Pictures“ не отстапиле од ова правило во процесот на креирањето на филмот „Светска војна З“.Првото продолжение на овој апокалиптичен акционен хорор, создаден по истоимениот роман на Макс Брус, наиде главно на позитивни реакции од критичарите и заработи повеќе од половина милијарда долари долари, што го прави најпрофитабилен филм за зомбите на сите времиња.Како режисер на продолжение веќе е одбран Шпанецот Хуан Антонио Бајон, кој се прослави со филмот „Шелтер“ (El Orfanto) од 2007 година, кој беше номиниран за Оскар во категоријата „најдобар филм од странско говорно подрачје“.Според тајмингот што го објавија од „Paramount Pictures“, премиерата на филмот „Светска војна З – 2“ е планирана за 9-ти јуни 2017 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.
Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.
Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.
Our film, CODA, came to the attention of everyone because of Sundance. And Sundance happened because of Robert Redford. A genius has passed. RIP Robert. pic.twitter.com/nwttVD1GvL
— Marlee Matlin (@MarleeMatlin) September 16, 2025
Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.
Robert Redford has passed away. He was part of a new and exciting Hollywood in the 70s and 80s. Hard to believe he was 89.
— Stephen King (@StephenKing) September 16, 2025
Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“
Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.
Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.
Култура
Почина Роберт Редфорд

Почина актерот и режисер Роберт Редфорд. Имаше 89 години.
Редфорд, кој е најпознат по своите улоги во класици како што се „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „President’s Men“ и кој ја оживеа американската независна кинематографија како член-основач на Филмскиот фестивал Санденс, почина во вторник наутро во својот дом во Јута.
Синди Бергер, извршен директор на фирмата за односи со јавноста „Rogers & Cowan PMK“, ја сподели веста во изјава за „Њујорк тајмс“. Таа рече дека Редфорд починал во сон, но не наведе конкретна причина.
Роберт Редфорд, роден како Чарлс Роберт Редфорд помладиот на 18 август 1936 година, во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на филмскиот фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.
Пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок белег врз него. Како млад човек, бил склонен кон бељи и често запаѓал во неволји, но откако добил стипендија за студирање уметност на Универзитетот во Колорадо, почнал посериозно да размислува за својата иднина. Се откажал, патувал низ Европа и живеел некое време како млад уметник во Париз и Фиренца. По враќањето во Соединетите Држави, се запишал на часови по глума на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, што го означило почетокот на неговата актерска кариера.
Најпрво, Редфорд се појавуваше на телевизија и во театарски претстави, а привлече пошироко внимание со својата улога во бродвејската претстава Sunday in New York. Својот прв значаен филмски успех го постигна со улога во комедијата Barefoot in the Park (1967) со Џејн Фонда, а светска слава стекна со вестернот Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), во кој глумеше заедно со Пол Њуман. Филмот стана култен класик и му ги отвори вратите кон светот на најголемите холивудски продукции.
Нивниот втор заеднички филм, криминалистичкиот трилер The Sting (1973), му донесе номинација за Оскар и го потврди неговиот статус на ѕвезда.
Врв на кариерата
1970-тите и 1980-тите беа врвот на неговата актерска кариера. Редфорд глумеше во филмови како што се The Candidate (1972), All the President’s Men (1976), кој следеше по скандалот Вотергејт, и Out of Africa (1985) со Мерил Стрип, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм.
Покрај глумата, тој почнал и да режира – неговото режисерско деби Ordinary People (1980) му донесе Оскар за најдобар режисер и го потврди како автор со одлично разбирање на човечката психологија и сложените семејни односи.
Покрај неговата филмска работа, Редфорд беше познат по своите придонеси во независното кино. Тој го основа Институтот Санденс и го лансираше Филмскиот фестивал Санденс, кој стана најважната платформа за млади и независни филмски режисери во Соединетите Американски Држави. Неговиот активизам се прошири и на областите на екологијата и човековите права – со години се залагаше за зачувување на животната средина и поддржуваше прогресивни социјални иницијативи.
Својот приватен живот го држеше што подалеку од јавноста. Беше во брак со Лола Ван Вагенен од 1958 до 1985 година и имаа четири деца, иако изгубија едно дете на рана возраст. Во 2009 година, се ожени со Сибил Сагарс, германска уметница.
Се смета за еден од последните големи актери од „златната ера“ на Холивуд, кој успеа да ги комбинира комерцијалниот успех и уметничкиот интегритет, оставајќи зад себе неизбришлив белег како актер, режисер и културен визионер.
Култура
„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.
Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.
„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“
Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.
Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]