Контакт

Филм

За За Габор, првата актерка која ги полнеше трач рубриките, почина на 99 години

Објавено пред

Прочуената актерка од унгарско потекло кој стана првата славна холивудска личност позната повеќе по својот приватен живот отколку по бројните филмски улоги улоги, За За Габор, почина во неделата по срцев удар во 99 година од животот, соопшти нејзиниот сопруг.

dobivaj vesti na viber

Сопругот на актерката, Фредерик вон Анхалт изјави за AFP дека За За Габор починала дома, опкружена со пријателите и семејството. Двојката се венчаше во 1986 година, и тоа беше најдолгиот брак на актерката.

За За Габор починала во својата вила во Бел Ер, во Калифорнија од застој на срцето, потврдил за магазинот Variety портпаролот на дивата, Ед Лоци. Габор во 2002 година доживеа сообраќајна несреќа и од тогаш беше во инвалидска количка Во 2005 година, по масивен мозочен удар актерката остана парализирана, а подоцна ѝ беше ампутирана ногата до коленото.

Габор на врвот од славата претставуваше идеал на платинеста русокоса во филмската индустрија, а била и поранешна кралица на убавината.

Иако глумеше во повеќе од 70 филмови, меѓу кои најпопуларни се „Молен руж“, „Лили“ и „Ариведерчки бејби“, Габор беше уште попозната по својот бурен љубовен живот. Како и познатата правника на нејзиниот поранешен сопруг, Парис Хилтон, и Габор беше славна личност, и тоа меѓу првите.

Родена е во Унгарија на 6-ти февруари 1917 година, како Сари Габор. Во 1936 година била победничка на изборот Мис Унгарија. Започнала да глуми во театарот во Виена, но на почетокот од Втората светска војна емигрирала во САД, со сестрите Ева и Магда, и мајка им Џоли. Таа е средната од трите познати сестри, на кои освен убавината, изгледа заедничка им била и страста кон богати и славни мажи. За За беше позната по обожувањето на дијамантите и често се фотографираше со скап накит. Иако се мажеше девет пати и имаше многубројни афери, и често ги полнеше страниците на трач рубриките, имаше само едно дете – ќерката Франческа, со хотелскиот магнат Конрад Хилтон, за кого се омажила во 1942 година.

Во својата автобиографија од 1993 година како свој љубовник го наведе и Мустафа Кемал Ататурк, втемелувачот на современа Турција по потекло од македонските краишта, а ги споменува и славниот актер Шон Конери и пејачот Френк Синатра. Меѓутоа, била и пребирлива и ги одбила американскиот претседател он Ф. Кенеди, Евис Присли, Џон Хјустон и Хенри Форд, како што наведува во автобиографијата. Исто така, го споменува и бакнежот со легендарната актерка Грета Гарбо. Кусо била мажен и за британскиот актер Џорџ Сандерс, кој подоцна ѝ се додворувал и бил кратко време во брак со нејзината сестра Магда. Била во брак и со познатиот пронаоѓач Џек Рајан.

Врвот на креативниот успех на Габор е во периодот меѓу 1952 и 1958 година, но таа продолжи да снима и во 1970-те и во 1980-те години. Сепак, дури и кога нејзината кариера се движеше по надолна линија, таа продолжи да биде во центарот на вниманието на јавноста благодарејќи на браковите, екстравагантните постапки и ретката смисла за хумор, Така, во 1987 година на прашање на упорен новинар за нејзиниот став кон сексот, За За Габор го даде својот подоцна прочуен одговор: „Јас лично за сексот не знам ништо, затоа што секогаш бев во брак“.

Зборлестата актерка беше позната и по своите изреки, меѓу кои често се цитирани: „Мажот во љубовта е непотполн додека не се ожени, а потоа е готов“; „Да се разведеш само затоа што не го сакаш е речиси е исто толку глупаво како и да се омажиш за некого бидејќи го сакаш“; „Никогаш не сум мразела маж толку, за да му ги вратам дијамантите“; „Јас сум голема домаќинка. Кога се разведувам, ја задржувам куќата“ или „Најдобро некого можеш да го запознаеш ако се разведеш од него“.

Во 1958 година За За Габор ја доби престижната награда Златен глобус. Најголемата популарност како актерка ја стекна со улогите во филмовите како „Мулен Руж“(Moulin Rouge, 1952), „Три љубовни приказни“(The Story of Three Loves, 1953), „Лили“ (Lili, 1953), „Девојката во Кремљ“(The Girl in the Kremlin, 1957) и „Серенада за големата љубов“(For the First Time, 1959)./крај/мф/сн

Култура

Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Објавено пред

Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.

dobivaj vesti na viber

Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.

Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.

Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.

Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.

Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.

Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.

Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.

Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.

Прикажи повеќе...

Култура

Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин

Објавено пред

Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.

„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.

Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).

„Мораме да се држиме подалеку од политиката“

Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.

Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.

– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:

– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.

Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.

– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.

Берлинале – фестивал на „лицата на светот“

За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.

– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.

На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.

Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.

Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.

„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.

Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.

„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија8 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ10 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија11 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија12 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ13 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија14 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет14 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија15 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија15 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион16 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет16 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет17 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет17 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа17 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...