Контакт

Изложби

На изложба во Париз поставена верна репродукција на собата во која живее Асанж

Објавено пред

Веродостојна реплика на собата во којашто живее и работи основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WkiLieaks, Австралиецот Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон, е дел од изложбата под наслов „Lanceurs d’alerte“ (Информатори/Свиркачи), којашто посетителите ќе може да ја погледнат до 29-ти јануари во парискиот центар на уметноста „Gaité Lyrique“.

dobivaj vesti na viber

Според весникот 20minutes, ентериерот бил репродуциран според сеќавањата „до најситните детали“ на уметничката група „!Mediengruppe Bitnik“, чиишто членови го посетиле Асанж во 2013 година.

Во собата може да се видат неколку компјутери, документи, околу десетина мобилни телефони, книгата „Умешност на војувањето“ на Сун Цу, празни чаши и лента за трчање.

Уметниците, исто така, во музејот поставиле Wi-Fi, така што на посетителите при поврзување на мрежата сервисот за геолоцирање Google Maps им покажува дека тие се наоѓаат во амбасадата на Еквадор во Лондон, а не во музејот во Париз.

 

Асанж се засолни во еквадорската амбасадата во британската престолнина во 2012 година, со барање до еквадорските власти да добие политички азил, поради стравување да не биде предаден на шведските власти каде е баран поради истрага во врска со обвинувања за наводно случаи на силување и сексуално злоставуање. Меѓутоа, Австралиецот стравува дека Шведска ќе о предаде на САД каде може да му биде судено за шпионажа, поради тоа што WikiLeaks во текот на годините објавуваше стотици илјади доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, тајните преписки на американската дипломатија и кон крајот на минатата година електронски писма на челниците на американската Демократска партија./крај/мф/сн

Изложби

Отворена изложбата на Зоран Кардула во Крушево

Објавено пред

Синоќа, на четвртиот ден од манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ беше отворена изложба на Зоран Кардула на која присуствуваа повеќе од 500 луѓе. Настанот продолжи со диџеј-перформанс на Томи Бојаџи.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на Зоран Кардула ќе биде отворена 20 дена, а истата е инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден. Изложбата ја отвори професорот од Филолошкиот факултет Блаже Конески, Владимир Мартиновски.

Денес на програмата на „Десет дена Крушевска Република“ е влашката вечер која ќе се одржи на летната сцена во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена изложбата „Еден друг круг“ на Роберт Михајловски

Објавено пред

Во рамките на програмата на Битолското културно лето, Бит-фест, синоќа, во Офицерскиот дом, беше отворена изложбата на графики од Роберт Михајловски, „Еден друг круг“.

dobivaj vesti na viber

На изложбата беа прикажани дрворезите на Михајловски, кои го истражуваат пејзажот на урбаното и невидливо присуство на човечката дејност во овој сѐ покомлициран лавиринт.

На отворањето на изложбата присутните ги поздрави директорката на културниот и информативен центар, Лили Бошевска, која зборуваше за почетоците и досегашното творештво на авторот, кој живее и работи во Мелбурн и во Битола:

„Михајловски креативните и школските почетоци ги добил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и во Мелбурн, графички студии и сликарство во Њујорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски го покажуваат концептот на времето, кое е со одредено темпо, кое повеќе се навраќа кон минатото, кое ја преобликува виртуелната иднина“, рече Бошевска.

Ликовниот уметник Владо Ѓорески за авторот и за неговите дела вели:

„Дрворезите на Михајловски го истражауваат пејзажот на невидливото присуство на човечката дејност во тој сѐ покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност, која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност, која е присутна во севкупната речиси унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука, туку како свет за елементарна егзистенција, сурова, отпадничка и често отуѓена во својата линиска структурираност слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис“, вели Ѓорески.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Слобода?!“ на 15 ликовни уметници гостува во уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен

Објавено пред

Третото и последно претставување на групната изложба „Слобода?!“ ќе се одржи на денешното отворање со почеток од 18 часот во уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен (булевар Скобелев 1). Оваа патувачка изложба до сега ги посети градовите Созопол и Ловеч. Првпат градот Плевен ќе биде домаќин на изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија. Изложбата ќе остане отворена за посетителите до 12 август 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група „Конекција“, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Софија, Бугарија: Перица Георгиев-Пепси (Скопје), Марјана Иванова (Виница), Зоран Мише (Охрид), Иво Пецов (Виница), Павел Целкоски (Охрид) и Марјан Ѕингаров (Струмица).

Тука се делата и на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Северна Македонија: Беди Ибрахим (Скопје, ФЛУ), Јован Шумковски (Скопје, ФЛУ), Катерина Деспот (Штип, УГД) и Срѓан Микиќ (Скопје, IBU).

Со своите македонски колеги изложуваат и бугарските ликовни уметници и професори од Националната ликовна академија во Софија: Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов и Васил Колев. Свое учество има и уметницата Марија Алексиева од Бургас.

Во изложбата најзастапени се сликарските дела. Се среќаваат разни техники и авторски искази, кои кореспондираат со зададената тематска насока. Од користење разни форми на комбинација на сликарските техники до еднородна сликарска техника во конвенционален вид. Употребуваните сликарски материјали се движат во широк дијапазон, со употреба на маслени и акрилни бои, молив, креда, пастел, апликација на дополнителни материјали кон основата, која може да е хартија, платно или МДФ. Со сликарски дела се претставуваат Беди Ибрахим, Катерина Деспот, Марија Алексиева, Марјан Ѕингаров, Нина Русева, Перица Георгиев-Пепси и Свилен Стефанов.

Графиката е претставена во најголем дел со класичните графички техники – висок и длабок печат, како: линорез, мецотинта, акватинта, бакропис, сува игла, како и комбинации меѓу некои од нив, а исто така е застапен во помал дел и дигиталниот печат. Со свои графички дела учествуваат уметниците Срѓан Микиќ, Павел Целкоски, Васил Колев, Зоран Мише и Иво Пецов.

Плакатната уметност е претставена со делата на двајца од авторите. Со користење на компјутерските можности за дизајн и дигитален печат, како и со умешноста во областа на визуелната комуникација, се претставуваат авторите Георги Јанков и Маријана Иванова.

Од вкупно 40 дела, кои ја составуваат изложбата, 3 се фотографии од концептуални дела на македонскиот уметник Јован Шумковски, кои сами по себе претставуваат посебна ликовна единица.

Изложбата е составена од авторските наслови, како: „Птици“, „Право или праведност“, „Реквием“, „Ослободително средство“, „Изохипси од Африка“, „Храбар нов свет“, „1984“, „Приказната на слугинката“, „Цикада“, „Реминисценции“, „Пејзаж“, „Почеток“, „Крај“, „Каде одиш?“, „Слободата, портал кон вистината“, „И во огнот штом ќе запролети“, „20 години матура“, „Артефакт“, „Фраер“, „Три нејасни објекти“, „Светлосна патека“, „Нејасна лекција по геометриска апстракција“, „Проникнување“, „Летен ручек“, „Копчето на длабокото езеро“, „Тотем – нескршлив дух“ и „R = 1: 2 и 1 : 200“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион6 часа

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...

Европа7 часа

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од...

Свет8 часа

Удрил во барикада пред Капитол, а потоа се застрелал

Непознат човек загина откако утринава прво удри со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол, а потоа пукаше...

Македонија8 часа

Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат...

Свет10 часа

Авторката на Хари Потер со поддршка за Ружди, па доби закана: Ти си следна

Џеј Кеј Роулинг – авторката на Хари Потер се огласи на Твитер по нападот врз писателот Салман Ружди, па доби...

Македонија11 час

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна...

Европа13 часа

(Видео) Експлозија во трговски центар во Ереван, има и жртви

Експлозија се случи во трговски центар во Ереван, град во Ерменија. Над трговскиот центар е снимен густ црн чад, јавуваат...

Европа13 часа

Пожар во црква во Египет за време на миса, најмалку 35 загинати

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавиле два безбедносни извори...

Топ15 часа

МВР: Приведени десет лица, пронајдена дрога и оружје во угостителски објекти во Битола

Денеска во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за...

Европа15 часа

Возило влетало во толпа луѓе во САД, еден загинат, 17 повредени лица

Едно лице загина, а 17 други се повредени откако возило влетало во толпа луѓе во бар во Пенсилванија, јавуваат американските...

Европа17 часа

Мекорд: Претресот на Трамп е загриженост за националната безбедност, му давал на Лавров доверливи информации

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на Законот за шпионажа, што, меѓу другото, го оневозможува споделувањето...

Европа18 часа

Пукање на аеродромот во Канбера, полицијата уапсила маж со огнено оружје

Аеродромот на австралиската престолнина Канбера денеска е евакуиран, откако маж почнал да пука со огнено оружје, јавија локалните медиуми, а...

Европа18 часа

Ружди тргнат од респиратор и можел да зборува, напаѓачот се изјаснил за невин

Британскиот автор Салман Ружди останува во болница во тешка состојба, еден ден откако беше повеќекратно прободен со нож на литературен...

Европа18 часа

Ердоган: Нема да дозволиме терористите да дишат внатре, но и надвор од нашите граници

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја нема да дозволи терористите да дишат во нејзините граници, но не...

Европа1 ден

Подољак: Преговори со Русија ќе значат само едно – дека Русија победи

Мировните преговори со Русија ќе значат вистинска загуба на Украина, Европа и демократските вредности, изјавил Михаил Подољак, шеф на кабинетот...

Европа1 ден

Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“...

Македонија1 ден

ДУИ: Охридскиот мировен договор ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза

Демократската унија за интеграција по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, оценува дека тој правен акт кој утврди...

Топ1 ден

Скопјанец пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па побегнал

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на...