Контакт

Изложби

Отворање на изложбата „Скици“ во Велинград, Бугарија

Објавено пред

Во Уметничката галерија Цвета Шуманова, во Велинград, Република Бугарија вечерва беше отворена биеналната изложба на слики „Скици 2022“, на која се преставени триесетина дела на академски сликари кои живеат и работат во Куманово.

dobivaj vesti na viber

Свои дела изложвија 14 ликовни уметници од Куманово: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

Оваа изложба е во склоп на Велинградските празници, културна манифестација која е под покровителство на Општина Велинград, а по покана од Уметничката галерија во Велинград и директорот Стојчо Маров. Изложбата ќе допринесе до зближување помеѓу двете културни институции, Центарот за култура Трајко Прокопиев од Куманово и Уметничката галерија од Велинград.

– Преку културата и запознавањето сакаме да допринесеме до зближување на нашите две држави. Се заблагодаруваме на поканата од галеријата од Велинград. Исто така имаме покана и од галеријата од град Плевен, во Бугарија за гостување и во тамошната галерија. Последниве години Куманово стана расадник на млади, талентирани, креативни уметници. Оваа изложба веќе ја промовиравме и во Неготино, а ќе ја промовираме и во други градови откако ќе се врати од Бугарија, затоа што навистина публиката заслужува да ја види“. Идната година очекуваме возвратна посета на ликовните уметници од Велинград со своја изложба во Куманово, рече Сашо Тодоровски, директор на Центар за култура Куманово.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на РСМ, а во организација на Центарот за култура Куманово.

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Мице Јанкуловски ја отвори изложбата во Букурешт

Објавено пред

Синоќа, во 19 часот, беше отворена самостојната изложба на слики од Мице Јанкуловски, „Надвор од црното“, во галеријата „Галатека“ во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Автор на концептот е Корнелија Конеска, а куратор – Анка Боериу, универзитетски професор на Националниот универзитет за уметност на Романија.

За уметничкото творештво на Јанкуловски

Како уметник повеќе од пет децении Јанкуловски континуирано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот, но експериментирал и се претставувал преку повеќе уметнички дисциплини (сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…) заради што меѓународната професионална јавност го препознава како мултимедијален уметник. Во своето уметничко дело тој постојано ги истражува формата, просторот, бојата, небојата и движењето како елементи што се повторуваат.

Јанкуловски првенствено се занимава со истражување или поточно барање на разните форми, кои ги поставуваат темелите за создавање уметност. Неговите интереси вклучуваат испитување на врските меѓу формите и просторот, нивното заемно влијание и како формите се движат во даден простор. Кога се набљудуваат неговите слики и цртежи, може да се забележи дека доминантни се геометриските форми, но на крајот тие еволуираат во поорганска и невоздржана форма. Рабовите на овие форми играат клучна улога во дефинирањето на просторот и овозможуваат тој да функционираат како кохезивна целина.

Последната фаза на концептуални слики на Јанкуловски се одликува со монохроматичност, модуларност, мултипликација и минимализам. Уметникот користи систематски пристап за примена на основни форми, како што се кругови, квадрати и триаголници на големи квадратни платна, користејќи само црна боја. Формите се создаваат со правење шари на намази од дебел слој црна боја. Во зависност од тоа дали намазите се нанесуваат на заднината или на самите форми, се постигнува дополнителен впечаток на позитивно/негативно. Серија од дела се создава со мултипликација на формите во платната, како и со мултиплукација на самите платна, што резултира со големи концептуални дела, како полиптиси.

Веднаш треба да се забележи дека црното, т.е. небојата, како што понекогаш се дефинира, е единствениот протагонист на делото… покрај светлината како составен дел на конечниот резултат.

Во однос на просторната организација на концептуалните дела од повеќе делови, Јанкуловски секогаш се труди да обезбеди можност за нивно читање, без разлика на позицијата на деловите, за да може да се набљудуваат поставени на разни начини – резултат на неговиот првичен интерес за палиндромите (зборови што се читаат исто и напред како назад).

Индивидуалниот творечки потпис во делата на Јанкуловски се стреми кон контемплативност и медитативност со претставување на постојаната различност на универзалниот поредок. Неговата потреба да ги пренесе горенаведените односи во (речиси) дводимензионални дела е на ниво на филозофска интерпретација, при што секое дело има своја приказна и отвора мноштво нови димензии.

Неговото најново уметничко творештво е истражување со карбон (познатата најцрна боја) – боја откриена со најновите нанотехнологии, која обезбедува поглед во непознатото надвор од сè што досега е познато за црното.

За изложбата „Надвор од црното“

Основниот мотив на изложбата е визуелен одговор на прашањето: „Што има надвор од границите?“

Наспроти белата боја (која ги рефлектира сите бои), црната ги апсорбира сите бои и се доживува како граница каде што сите бои завршуваат. Дали е така? Што е зад или подобро надвор од црното? Според перцепцијата на Јанкуловски – повеќекратна реалност!

Концептот на изложбата е една од тие реалности. Главните атрибути на неговото уметничко дело му дозволуваат да прави бескрајни варијации и разни реалности, но како докажан минималист ги постигнува со минимални елементи. Како и секогаш, тој користи само црни квадратни платна со разни растери со црн акрилик. Конечниот резултат се постигнува со мултипликација на формите и со комбинација на модуларните (претходно обмислени) формати на платната распоредени во полиптиси.

Изложени дела:

„Ноќите на Тоскана“, 2019 (сегмент)
Полиптих од 10 слики, акрилик на платно, 195 x 1.950 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Круговите на Леонардо“, 2020 (сегмент)
Полиптих од 4 слики, акрилик на платно, 195 x 780 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Хоризонтален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

„Дијагонален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Глигор Кондовски во „Центар Јадро“

Објавено пред

На 2 ноември, во 20 часот, во КСП „Центар Јадро“, ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на Глигор Кондовски со наслов „Импровизации“.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на изложбата настапува џез-триото: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов.

„Во овој фотографски момент Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, а слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овој современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна, а што надворешна слобода?“, рече м-р Билјана Билбилоска, ликовен уметник.

М-р Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално-инструментален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски уметности при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ-режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, филмско и ТВ-сценарио. Моментно е вработен како наставник по виолина во ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“ во Тетово. Во 2008 година негова композиција Green dance е во компилациско ЦД со наслов Imamo dobro glasbo, издадено преку Радио Вал 202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм „Рестарт“ на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на студентскиот филмски фестивал New wave Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот „Попладневни малини“ учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивалот во Сараево, Босна и Херцеговина и на Inshort fest во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии со наслов „Обични профили“ ја прави во Смедеревска Паланка, Р. Србија, во 2018 година, како и со дел фотографии учествува на: изложба на фотографии во Музејот на современата уметност и „ЕУ инф-центарор“ во склоп на проектот Денови на разноликоста, 2017. Самостојна изложба со наслов на фотографиите: „Тетовски џез-моменти“, 2019, со поддршка на Министерството за култура. Самостојна изложба на фотографии со наслов: „На сцена“, 2020, со поддршка на Министерството за култура. Самостојна изложба на фотографии со наслов: „Сфера“, со поддршка на Министерството за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: Here, под македонската етикета „Шарла“, после тоа за истата етикета ги издава албумите: „Беседа“ за соло виолина импровизација и Hover, 2021 година. По тоа, за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: Nightscape, во 2021 заедно со џез-тромбонистот Владан Дробицки и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: „Разгледи“ заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – тромбон. Со композицијата Once upon a train учествува на една компилација наречена „Клавирско небо“ во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: Encounter за издавачката куќа ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: „Крај Вардарот сесии“ во „Аудиокултура“. Настап на Џез-фестивалот: „Крај Вардарот џез“, 2023, и настап на Скопско лето, 2023 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил...

Македонија2 часа

(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка...

Култура3 часа

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот...

Свет4 часа

Руски МиГ-ови пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбени авиони спречиле два американски стратешки бомбардери да ја преминат државната граница...

Македонија5 часа

На журка кај Бабуна, велешко, синоќа уапсени деветмина, полицијата им нашла дрога

Велешката полиција синоќа уапси девет лица од кои тројца малолетници оти на журка кај местото викано Бабуна, велешко, им нашла...

Топ7 часа

Ограбиле фирма во Долно Српци, полицијата ги фати и ги уапси сосе украденото на патот Битола-Прилеп

Битолската полиција вчера уапси двајца крадци на регионалниот пат Битола-Прилеп. Се сомничат дека дената украле повеќе предмети од фирма во...

Македонија7 часа

Армиски хеликоптер полета кон пожарот кај Македонски Брод, но се врати оти од премногу густ чад не може да дејствува, рече Ангелов

Од вкупно триесет пожари вчера, девет се уште се активни, а под контрола за да не се шират се ставени...

Македонија8 часа

Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени

Серија земјотреси на Крит утрово регистрираат грчките сеизмолошки лаборатории. Најсилниот е со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер од четири...

Македонија9 часа

Не полевајте бавчи и не полнете базени, апелира скопски „Водовод“ по регистрирана енормна потрошувачка

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со...

Македонија1 ден

Без плата, без здравствено и со возило старо 38 години, вработените во Национални шуми 11 дена се борат со огнот на Серта (ФОТО+ВИДЕО)

Без здравствено осигурување, со плата која доцни и не им е исплатена од мај годинава, вработените во Национални Шуми на...

Македонија1 ден

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија1 ден

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ1 ден

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...

Македонија1 ден

Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори

Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а...

Македонија1 ден

Доаѓа невреме: пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните...

Македонија2 дена

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ2 дена

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ2 дена

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија2 дена

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...