Контакт

Култура

Саат-кулата во Битола прогласена за културно наследство од особено значење

Објавено пред

Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот.

dobivaj vesti na viber

Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и неговиот механизам, претставува еден од најзначајните симболи на Битола.

Објектот e изграден во 1830 година, а се наоѓа во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот меѓу црквата „Св. Димитрија“ и Јени-џамијата. Со својата архитектонска, градежничка, историска, социолошка и документарна вредност, Саат-кулата во Битола е сведоштво за општествено-економските и културно-историските околности во Битола и пошироко, во рамките на балканскиот простор.

Кулата со автентични камени фасади е културен споменик, кој се издвојува по своите специфики и во градбата, монументалноста, изгледот и во степенот на изворната зачуваност. Кулата е значајна и по своите архитектонски и стилски карактеристики, квалитетниот материјал од кој е изградена, со вметнување декорирани мермерни сполии и оригиналните мермерни столбови, како и по камените скали, кои водат до врвот.

Саат-кулата има и единствен музички механизам со 15 камбани, од кои одекнува одредена мелодија на секои шест часа.

Истовремено, овој објект дава препознатлив урбанистички акцент во Битола бидејќи во релација со монументалните споменици во неговата близина се создава единствен урбан ансамбл. Со тоа Саат-кулата во Битола се вбројува во редот на културни добра со највисока културно-општествена валоризација како своевиден белег на Градот на конзулите.

Сите овие специфики се вградени во елаборатот за ревалоризација на Саат-кулата во Битола и во предлог-актот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, кои се разгледани и одобрени од Националниот совет за културно наследство.

Култура

Поетски портрет на Веле Смилевски во Битола

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар, во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола, утре (14 мај) во 12 часот ќе се одржи портрет на поетот Веле Смилевски.

dobivaj vesti na viber

За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.

Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј, 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“

Прикажи повеќе...

Култура

Доделено Гран при на „Остен биенале Скопје 2024“ на Микеланџело Пистолето

Објавено пред

На 11 мај 2024 (сабота) „Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето.

dobivaj vesti na viber

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“.

Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современата уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето, која почна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам, со која се најави Италија како земја во фокус и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галеријата „Остен“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Заспаната убавица“ од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Објавено пред

Безвременскиот, волшебен класичен балет „Заспаната убавица“, преточен во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски, ќе се изведе на 15 мај со почеток во 20 часот, во рамките на меѓународниот фестивал 52. Мајски оперски вечери.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е гостинот од Египет, Најер Нагуи, главен диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло-дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане Бакевски, соло виолина Климент Тодороски, а соло виолочело Кирил Јосифов.

Во главните улоги ќе настапат балетските ѕвезди од Софиската опера и Балет: Марта Петкова и Никола Хаџитанев, добитници на голем број престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.

Вечната борба помеѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски, ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија31 минута

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 час

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 час

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет3 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија5 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија5 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија5 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет6 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет6 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет6 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет7 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет7 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет7 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија18 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија21 час

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија22 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ23 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија24 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија1 ден

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...