Контакт

Изложби

Белгискиот музеј Hergé откажа изложба за Charlie Hebdo поради безбедност

Објавено пред

Музејот „Hergé“ (Ерже) во Ловен-ла-Нуво во Белгија одлучи „поради безбедност“ да ја откаже изложбата организирана во чест на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo (Шарли Ебдо) чија редакција беше нападната од исламистички радикали поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед при што беа убиени 12 луѓе, која требаше да биде отворена во четвртокот, изјави директорот на музејот Ник Родвел.

dobivaj vesti na viber

На состанокот одржан во средата на кој со властите требало да биде договорено спроведувањето на безбедносните мерки „полицијата нé предупреди на кои можни опасности мораме да обратиме внимание“, се наведува во соопштението на музејот „Hergé“ , потпишано од директорот Ник Родвел.

„Одлучивме дека во четврток нема да ја отвориме изложбата, имајќи предвид дека би можела да ја поттикне загриженоста на вработените во музејот и населението на Ловен-ла-Нуво“, додава Родвел кој „не ја исклучува“ можната промена на оваа одлука „во следните денови или седмици, доколку се намали нивото на опасност“.

Изложбата на темата карикатури во споменатиот белгиски музеј, кој го носи името на карикатуристот Ерже, сакал да „им одаде почест на убиените карикатуристи“, додава Родвел. На почетокот од поставката е поставен ѕид со траги од крв и со слоганот „Треба да тече мастило а не крв“.

Музејот го носи името на Џорџ Реми, попознат како Ерже, белгискиот цртач на стрипови и автор на популарниот лик Тинтин.

Белгија минатата седмица ја подигна тревогата од можен терористички напад на трето ниво, на скалата од четири степени. Одлуката беше донесена по големата полициската акција 15-ти јануари со кој беше спречен џихадистички напади на полиција, објави тамошното правосудство./крај/мф/сн

Извор: AFP

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Мице Јанкуловски ја отвори изложбата во Букурешт

Објавено пред

Синоќа, во 19 часот, беше отворена самостојната изложба на слики од Мице Јанкуловски, „Надвор од црното“, во галеријата „Галатека“ во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Автор на концептот е Корнелија Конеска, а куратор – Анка Боериу, универзитетски професор на Националниот универзитет за уметност на Романија.

За уметничкото творештво на Јанкуловски

Како уметник повеќе од пет децении Јанкуловски континуирано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот, но експериментирал и се претставувал преку повеќе уметнички дисциплини (сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…) заради што меѓународната професионална јавност го препознава како мултимедијален уметник. Во своето уметничко дело тој постојано ги истражува формата, просторот, бојата, небојата и движењето како елементи што се повторуваат.

Јанкуловски првенствено се занимава со истражување или поточно барање на разните форми, кои ги поставуваат темелите за создавање уметност. Неговите интереси вклучуваат испитување на врските меѓу формите и просторот, нивното заемно влијание и како формите се движат во даден простор. Кога се набљудуваат неговите слики и цртежи, може да се забележи дека доминантни се геометриските форми, но на крајот тие еволуираат во поорганска и невоздржана форма. Рабовите на овие форми играат клучна улога во дефинирањето на просторот и овозможуваат тој да функционираат како кохезивна целина.

Последната фаза на концептуални слики на Јанкуловски се одликува со монохроматичност, модуларност, мултипликација и минимализам. Уметникот користи систематски пристап за примена на основни форми, како што се кругови, квадрати и триаголници на големи квадратни платна, користејќи само црна боја. Формите се создаваат со правење шари на намази од дебел слој црна боја. Во зависност од тоа дали намазите се нанесуваат на заднината или на самите форми, се постигнува дополнителен впечаток на позитивно/негативно. Серија од дела се создава со мултипликација на формите во платната, како и со мултиплукација на самите платна, што резултира со големи концептуални дела, како полиптиси.

Веднаш треба да се забележи дека црното, т.е. небојата, како што понекогаш се дефинира, е единствениот протагонист на делото… покрај светлината како составен дел на конечниот резултат.

Во однос на просторната организација на концептуалните дела од повеќе делови, Јанкуловски секогаш се труди да обезбеди можност за нивно читање, без разлика на позицијата на деловите, за да може да се набљудуваат поставени на разни начини – резултат на неговиот првичен интерес за палиндромите (зборови што се читаат исто и напред како назад).

Индивидуалниот творечки потпис во делата на Јанкуловски се стреми кон контемплативност и медитативност со претставување на постојаната различност на универзалниот поредок. Неговата потреба да ги пренесе горенаведените односи во (речиси) дводимензионални дела е на ниво на филозофска интерпретација, при што секое дело има своја приказна и отвора мноштво нови димензии.

Неговото најново уметничко творештво е истражување со карбон (познатата најцрна боја) – боја откриена со најновите нанотехнологии, која обезбедува поглед во непознатото надвор од сè што досега е познато за црното.

За изложбата „Надвор од црното“

Основниот мотив на изложбата е визуелен одговор на прашањето: „Што има надвор од границите?“

Наспроти белата боја (која ги рефлектира сите бои), црната ги апсорбира сите бои и се доживува како граница каде што сите бои завршуваат. Дали е така? Што е зад или подобро надвор од црното? Според перцепцијата на Јанкуловски – повеќекратна реалност!

Концептот на изложбата е една од тие реалности. Главните атрибути на неговото уметничко дело му дозволуваат да прави бескрајни варијации и разни реалности, но како докажан минималист ги постигнува со минимални елементи. Како и секогаш, тој користи само црни квадратни платна со разни растери со црн акрилик. Конечниот резултат се постигнува со мултипликација на формите и со комбинација на модуларните (претходно обмислени) формати на платната распоредени во полиптиси.

Изложени дела:

„Ноќите на Тоскана“, 2019 (сегмент)
Полиптих од 10 слики, акрилик на платно, 195 x 1.950 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Круговите на Леонардо“, 2020 (сегмент)
Полиптих од 4 слики, акрилик на платно, 195 x 780 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Хоризонтален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

„Дијагонален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа18 минути

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет31 минута

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет45 минути

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет55 минути

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „Американо“ стана „Канадијано“

Во незапамтено прикажување на националното единство, Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет11 часа

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет12 часа

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ14 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија14 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија16 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија17 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија19 часа

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија21 час

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија21 час

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија21 час

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...

Македонија21 час

Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија, велат од Левицата

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на...

Топ22 часа

Загина велосипедист: уапсен 26-годишен скопјанец кога со возилото удрил во него

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со...

Свет22 часа

Внукот на Де Гол: Украина беше искористена за почнување војна против Русија

Украина ja искористија како инструмент за да предизвикаат војна против Русија, изјави Пјер де Гол, внук на генералот Шарл де...

Македонија23 часа

Министерството за култура не постапува доследно при изборот на директор на Македонската филхармонија, велат вработените

Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското...

Свет23 часа

(Видео) Трамп му се обрати на Конгресот: „Американскиот сон е незапирлив“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот во кој ги презентираше активностите на неговата администрација во...

Регион24 часа

По вчерашните инциденти и тепачки во Собранието на Србија, Брнабиќ со порака до опозицијата: Ако немаат ништо посилно од шок-бомби и солзавец, да не се појавуваат

По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за...