Изложби
Британските музеи Тејт следната година предност им даваат на жените
Британските музеи Tate следната 2015 година најавија серија интересни нови изложби со особено истакнување на жените, а свои ретроспективи во некои од музеите кои се под егидата на Tate ќе имаат уметничките Сониа Делонеи, Aгнес Мартин, Барбара Хепворт и Марлен Дима, пишува The Art Newspaper.
Во април следната година во Tate Modern во Лондон ќе биде отворена првата британска ретроспектива посветена на француската авангардна уметница Сониа Делонеи (1885 – 1979). На изложбата којашто ќе трае до август 2015 година, ќе биде претставен опусот на уметницата позната по користењето на силни бои и геометриски форми во своите сликарски дела, дизајнот на текстил и сценографиите. Делонеи заедно со сопругот, сликарот Робер Делонеи, има насликано неколку големи мурали за Светската изложба во Париз во 1937 година.Изложбата на делта на Јужноафриканката којашто живее во холандската престолнина Амстердам, Марлен Дима (1953) ќе биде отворена во септември годинава во музејот Stedelijk во Амстердам, по што во февруари следната година патува за Tate Modern. Дима ги истражува контроверзните теми, како што се темите на полот и сексуалноста, на славните личности и влијанието на масовните медиуми. Изложбата во Лондон е замислена да биде најсеопфатната досегашна ретроспектива на нејзините дела во Европа која дава впечатлив приказ на нејзиното творештво од крајот на 1970-те до денес. Изложбата ќе биде поставена до мај 2015 година. Во јуни следната година во Tate Britain, исто така, во Лондон, ќе биде поставена големата ретроспектива на британската скулпторка Барбара Хепворт (1903 – 1975), а во октомври во истиот простор ќе бидат изложени 70-ина слики и цртежи на Франк Оербах. По потекло Германец, Оербах е еден од најголемите живи британски уметници. Изложбата во Tate Britain ќе трае до февруари 2016 година.Во ноември 2015 годна, во Tate Modern својата прва ретроспектива во Велика Британија ќе ја има и славниот американски скулптор Александер Калдер. Музејот Tate Liverpool, пак, ја најави изложбата на друг голем американски уметник – Џексон Полок под насловот „Blind Spots“, во чии рамки од јуни до октомври 2015-та ќе бидат изложени неговите слики настанати во периодот меѓу 1951 и 1953 година.Изложбата под насловот „The World Goes Pop“ која ќе биде отворена од септември 2015-та до јануари 2016-та во Tate Modern нуди глобален преглед на поп-артот, а има цел преку повеќе од 200 трудови настанати во 70-те и 80-те години од минатиот век да покаже дека споменатото движење не е исклучиво последица од западната консумеристичка култура. Изложбата се занимава со поп-артот настанат надвор од градниците на САД и на Велика Британија, во источна Европа, Азија и Латинска Америка, а ја опфаќа антвоената скулптура „Вљубени бомби“ (1962), на најважна австриска припадничка на поп-арт движењето Кики Когелник, како и „Американски ентериери“ (од 1968) на исландскиот модернистички уметник Иро.Две изложби во познатите британски изложбени простори идната година ќе бидат посветени и на фотографијата, медиум кој инаку традиционално е малку застапен во Tate. Едната е со наслов „Salt and Silver: Early Photography 1840-1860“ која ќе биде отворена во февруари, и „Nick Waplington & Alexander McQueen“, од март до мај, а и двете ќе бидат дел од сезоната на Tate Britain.Во Tate St. Ives од октомври 2015 година треба да bидат изложени делата на апстрактниот уметник Tери Фрост, заедно со оние на велшката уметница Џесика Ворбојс./крај/мф/сн
Извор: The Art Newspaper.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Изложби
Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа
Фото: Арбнора Мемети
Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“, ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.
Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.
Фото: Иво Велчевски
Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.
Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.
Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.
Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.
Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.
Изложби
„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро
Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.
Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.
Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.
Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.
Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.
Изложби
„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино
На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.
Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.
„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.
Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.
До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.
Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,
Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.
Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

