Контакт

Изложби

Ексклузивна изложба на словенски ракописи од Македонија од 13. до 19. век во НУБ

Објавено пред

Ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од 13. до 19. век“ граѓаните може да ја посетат до 10. јули во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје.

Изложбата, која е организирана во рамките на јубилејното чествување на 70-годишнината од основањето на НУБ „Св. Климент Охридски“, во вторник вечер свечено ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на НУБ Иван К. Заров.

 

По гостувањето на изложбата во Кралскиот музеј Мариемон во Белгија и нејзиното скорашно претставување во Ватиканските музеи во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на св. Кирил“ и 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Светата Столица, за првпат изложбата ќе биде презентирана и пред пошироката македонска културна и општествена јавност.

 

Со оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со нашето културно-историско наследство преку најрепрезентативните ракописни книги, сведоци на илјадагодишната словенска писмена традиција на Македонија на чии темели е вградена дејноста на двајца од најзначајните Кирилометодиеви ученици и учесници во Моравската мисија – светите Климент и Наум Охридски.

 

Ракописните книги вклучени во оваа изложба опфаќаат голем хронолошки дијапазон и имаат доминантна теолошка и литургиска конотираност со исклучок на два ракописа од 19 век низ кои провејува една граѓанска, профана обоеност.

 

Од вкупно триесет ракописи, 21 се од фондот на НУБ, а преостанатите девет ракописи се од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Државниот архив на Македонија, Историскиот архив – Охрид, Македонската архиепископија (Богословски факултет) – Скопје и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).крај/мф

Изложби

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина, во разни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Прикажи повеќе...

Изложби

Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Објавено пред

На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сè уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование, Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.

Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот Creative minds of the world (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.

Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски во Чифте амам

Објавено пред

Месециве наназад сите ние функционираме во поинакви услови, кои на почетокот изгледаа чудни и тешко прифатливи за денес да се сведат на „нова нормалност“. Се прифатија условите во кои неминовно се креират концепти на различен начин на комуникација при задолжителна социјална дистанца. Националната галерија на самиот почеток испорача неколку интерактивни проекти, како „Уметнички дневници“, „Уметнички предизвик“, „Нашите херои“ со цел да ја одржи врската со публиката, да се престрои во условите на „новата нормалност“ и да ја адаптира реализацијата на програмата.

Првиот програмски проект за оваа година „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски сé надоврзува на неговите претходни проекти во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на вирусот Ковид- 19 се покажа како особено нужна.
Од културната стратиграфија, како инспиративен момент се пејзажните фасцинации, кои и претходно биле својствен мотив за неговиот творечки сензибилитет. Специфичноста на овој проект, но и на претходните е препознатлив по материјалите со кои ги моделира неговите дела, колоритот и структурата, но и формата која секогаш има да пренесе некаква симболика. Многубројните варијанти на трновита вегетација која ја има во изобилство во неговата непосредна близина се еден од основните модули со кои ја гради структурата.

Станува збор за трновита вегетација која по бербата ги задржува цврстата структура и колорит. Таа нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сè порелевантно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Обликот на трнот, од друга страна, е мошне актуелен симбол на самиот вирус кој ја нападна нашата планета и го смени начинот на нашето функционирање и општење. Оваа сличност е сосема случајна и нетенденциозна, но со самото тоа концептот и изборот на материјал стануваат мошне рецентни.

Идејниот проект „Пејзажни фасцинации 20” ќе биде изграден во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам, кој со својата специфична архитектонска градба, со богата архитектонска пластика ќе претставува посебен инспиративен предизвик.

Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеќи ја куполната форма. Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови.

Оваа инсталација ќе почне да се гради од 22 јуни и самиот проект ќе го опфати и процесот на постепена конструкција и финализирање. Текот на процесот ќе го следите онлајн, вклучително со објави, фотографии, видеа и разговори преку нашите социјални мрежи.
Следете го овој настан и дознајте повеќе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија3 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија3 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија3 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија4 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет5 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ5 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ6 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион6 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија7 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет8 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија9 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија9 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија9 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија20 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија21 час

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија23 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија1 ден

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие