Изложби
Голема изложба посветена на Шерлок Холмс во Лондон
Најголемата досега изложба посветена на најпознатиот детектив на сите времиња и нации, Шерлок Холмс, ќе биде отворена во петок во Лондонскиот музеј (Museum of London).
Изложбата го истражува ликот на херојот кој е бескрајно прилагодлив, сочувувајќи ја неговата суштина. Тој е дедуктивец, форензичар, наркоман боем и архетипски Англичанец.„Секој наш посетител, кој ќе дојде на изложбата, ќе мине низ шкаф со книги. Така ќе навлезе во поинаков, напола измислен, напола реален простор“, рече на прес-конференцијата пред една од најочекуваните изложби годинава, еден од нејзините куратори, Алекс Вернер.
Влезот на изложбата е дизајниран како сталажа со стари книги. Минувајќи низ нив, посетителот влегува во просторија со екрани на кои се изменуваат кадри од различни филмови за Шерлок, меѓу другите и со Бенедикт Камбербач од веќе култната серија на британски BBC и со Роберт Дауни Џуниор од филмот на Гај Ричи.„За време на подготовката на изложбата проучувавме маса материјали, со интерес го гледавме и рускиот Шерлок Холмс со Василиј Ливанов и Виталиј Соломнин во главните ролји. Ни беше интересно како е претставена во филовите викторијанска Англија. Сепак, ќе бидат прикажани само кадрите од филмовите од англиското јазично подрачје, бидејќи ќе треба да се прикажат и руските и француските, и сите други, а ги има многу“, рече кураторот Пат Харди.
Потсетувајќи се на филмовите за Шерлок, посетители можат да се запознаат со пропагандните плакати и постерите од некои од нив. За филмовите говорат и коментарите, па така филмот на Гај Ричи е со најголемата заработувачка на киноблагајните од сите филмови за Шерлок, заработувајќи милијарда фунти, а „Приватниот живот на Шерлок Холмс“, е еден од најекстравагантните, имено во него се зборува за сексуалните авантури на детективот и за подморницата преправени како чудвоиштето до Лох Нес. Одминувајќи ги плакатите, посетителите наидуваат на голем екран, на кои се менуваат видео кадри од Лондон од времето на креаторот на ликот на славниот детектив, сер Конан Артур Дојл.Веќе следната сала раскажува за создателот на Шерлок и за луѓето, без коишто мајсторот на дедуктивната метода, никогаш нема ќе да се појави на виделината на светот. На ова место се собрани неколку уникатни експонати, како ракописот на „Празната куќа“ на Конан Дојл , сторијата во којашто Шерлок „воскреснува“ по судбоносната средба со Мориати на Рајхенбахшкиот водопа. Тоа е периодот кога Конан Дојл, кој починал во 1930 година се обидува „да го убие’ Шерлок во романот издаден 1893 година. Исто така, може да се види и автограмот на првата страница на славното дело на Едгар Алан По „Убиството на улицата Морг“, чиј херој Огис Дупен е еден од литерарните прототипови на Шерлок Холмс, иако Холмс подоцна покажува ниско мислење за Дупен.На истиот простор можат да се видат и фотографии од другиот прототип, еден од учителите на Конан Дојл, докторот Џозеф Бел, дневниците на писателот со првите редови за Шерлок Холмс од „Етида во светлоцрвено“, познатите илустрации на Сидни Пејџет и произлезениот од неговиот кист портрет на Артур Конан Дојл, со години чуван во семејството на авторот кој првпат ќе биде ставен на увид на јавноста.Еден од највозбудливите моменти за посетителите може да биде средбата со пожолтениот нотес кој го забележал мигот кога Холмс бил создаден. Во него се белешките за детективска приказна на Конан Дојл. Авторот го прецртал својот оригинален наслов „Заплеткано клопче“ и преку него напишал „Етида во светлоцрвено“, името на првата авантура на Шерлок Холмс објавена во 1887 година.Посетителите на Лондонскиот музеј ќе имаат можност и да го слушнат гласот на самиот писател во зачуваното до денешни дни интервју на Конан Дојл во коешто зборува за стотиците писма адресирани до неговиот херој.„Јас добивав писма адресирани нему, со молби за негов автограм. Добивав писма и за неговиот приглуп пријател Вотсон, па дури и писма од жени кои мечтаат да станата собарки на Шерлок“, низ смеење вели писателот.Одделна сала е посветена на Лондон од викторијанската епоха, реалниот и имагинарниот, полумитскиот. „Конан Долј при пишувањето на сториите користел мапи на Лондон, возможно, со водичот на Кралската пошта, Во сите тие извори можно е да се забележат, а на мапите се видливи маршрутите на движењата на Холмс и Вотсон за време на истрагата“, појаснува Харди.Историчарот Дејвид Канадин вели дека Конан Дојл не минувал многу време во Лондон, па затоа кога тој во почетокот ги пишувал сториите користел мапа со улиците на градот Фотографии и слики, коишто го овековечуваат Лондон преку ден и во магла, ноќе и на зајдисонце, ќе му помогнат на посетителот да се нурне во морничавата атмосфера на градот на Шерлок Холмс и Џек Мевосек.А во последната сала, се прикажуваат предмети кои или се поврзани со Холмс, како цевка, виолина, опрема за хемиски опити, или ја илустрираат неговата дедуктивна метода, како , како чизми, шапки, чаши очила, кои овозможуваат да се осознае идентитетот и физичките карактеристика на нивните сопственици или, пак, ја опишуваат ера во којашто живеел Конан Дојл и неговиот херој, како машини за пишување, облека или личен прибор. Еден од главните експонати во оваа сала е палтото од твид што го носеше Бенедикт Камбермбач. Во чест на отворањето на изложбата на фасадата на Лондонскиот музеј се појави розови танцувачки силуети. Користејќи го текстот од расказот на Кона Дојл, зад фигурите може да се разбере фразата цитат „Дојди неодложно“.Изложбата под наслов „Шерлом Холмс: човекот кој никогаш не живееше и никогаш нема да умре“ може да се посети до 12-ти април 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Изложби
„Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис
Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми.
„Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се заштитат така што ќе го правам она што најдобро знам – а тоа е сликањето. Истовремено, решив да се фокусирам на непопуларни и недоволно финансирани видови, па открив дека помалите диви мачки се прилично непознати во споредба со нивните покрупни роднини. Така дознав за балканскиот рис и за Македонското еколошко друштво, од каде што веднаш ме поканија да дојдам со нив на терен и од прва рака да видам како изгледаат живеалиштата на ова животно. Идејата за мојава изложба се роди во текот на таа една недела што ја поминав со нив, кога увидов колку се професионални и упорни, колку ја сакаат својата работа, но и животните што се трудат да ги заштитат“, истакна уметницата Драгослава Ѓуриќ пред присутните посетители.
Токму затоа, сакајќи да ги поддржи натамошните заложби за зачувување на балканскиот рис, таа одлучи нејзината изложба да биде продажна, покажувајќи дека уметноста не е само начин емоционално да се поврземе со насликаното, да си ја нахраниме љубопитноста и да си ги прошириме видиците, туку и конкретно да придонесеме кон зачувувањето на дивиот свет.
Насликани со маслена техника, изложените платна му нудат на посетителот искуствена можност да влезе во балканската шума, да го почувствува нејзиниот пејзаж и да си замисли како изгледа светот на Зора. Во април 2025 година на Зора ѝ беше поставен околувратник за да се добијат значајни информации за однесувањето, движењето и навиките на балканскиот рис, со крајна цел да се планираат подобри мерки за неговата заштита.
„Зора вистински постои. Таа не е апстрактен концепт или бројка, туку вистинско живо суштество што во тој шумски свет живее хармонично со многу други видови, од кои тука се претставени само некои. Сликите во случајов не се само декорација на ѕидот, тие се мала шума во која може
да влезете и можеби да го почувствувате истото што го почувствував и јас додека бев на терен со тимот на МЕД – дека природата не е далеку од нас и дека треба одново да научиме како да ја гледаме“, додаде уметницата.
Како што истакна д-р Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на дивите животни во МЕД, на барање на уметницата, изложбата е дополнета со дел од најефектните теренски фотографии на рисот, од кои повеќето се „уловени“ со фотозамки, како и со теренски видеоснимки од Зора и од останатите животни во овдешните краишта. Преку нив, се доловуваат не само реалните опкружувања на балканскиот рис, туку и теренската работа што МЕД веќе 20 години ја спроведува во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ заедно со партнерските организации од Косово и Албанија.
Изложбата во Скопје е отворена за сите возрасти и ќе трае до 12 февруари.
Изложби
Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа
Фото: Арбнора Мемети
Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“, ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.
Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.
Фото: Иво Велчевски
Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.
Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.
Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.
Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.
Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.
Изложби
„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро
Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.
Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.
Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.
Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.
Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

