Контакт

Изложби

Изложба на документи од есперантското движење во Прилеп

Објавено пред

Во Прилеп, во понеделник, ќе биде отврена изложба на документи од есперантското движење во Прилеп, во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, во 19 часот.

dobivaj vesti na viber

На увид ќе бидат понудени ооштенски картички, марки, налепници и плакати од светот по повод денот од формирањето на есперантското друштво Прилеп и роденденот на Лазар Заменхов, основачот на есперантото, 15 декември.На 15 декември се одбележува роденденот на Лазар Лудовик Заменхоф – авторот на меѓународниот јазик Есперанто. Иако според негова желба тој сакал за Меѓународен ден на Есперанто да се земе 17-ти декември денот кога тој во 1878 за прв пат го презентирал меѓународниот јазик Есперанто (прва верзија или пра Есперанто).Лазар Лудовик Заменхоф е роден на 15.12.1859 – 14.04. 1917 во местото Бјалисток – Полска, (поранешна Царска Русија) од татко Мордехај (по руски Марко) кој бил учител по странски јазици и мајка Розалија – родена Сафер. Тој е од еврејска фамилија која потекнува од Литванија.Лазар Заменхоф студирал медицина во Москва (1879 – 1881) и Варшава (1881 – 1885), а специјализирал за очен доктор во Виена.Неговиот прв проект за вештачки созададен јазик Lingwe universala бил готов уште во почетокот на зимото 1878 кога Заменхоф учел гимназија. На 26-ти јули 1887 година тој можел да го издаде својот прв учебник на Есперанто – благодарение на финансиската помош од таткото на неговата сопруга Клара Заменхоф – родена Силберник. Од тогаш 1887 година се зема како година на создавање на меѓународниот јазик Есперанто т.н. според псевдонимот на Заменхоф – д-р Есперанто под кој тој го издал првиот учебник. По тој повод 15 декември низ целиот свет организирани групи, есперантски друштва, есперантски клубови или сојузи преку изложби, предавања, собири, радио и ТВ емисии и др. манифестации го одбележуваат создавањето на меѓународниот јазик Есперанто.Само десет години откако д-р Лудовик Заменхоф му објавил на светот, дека го создал меѓународниот јазик Есперанто и ја издал својата прва граматика во 1887 година, во градот Куманово, фотографот Ѓорѓи Малински (1878-1952) во 1897 година го изучил овој јазик. Куманово, тоа мало гратче во огромната Турска империја станало познато благодарение на Малински како една мала точка во Турската империја како што пишувало на многубројните разгледници и писма. Како што ќе забележи Малински во својот дневник во 1879 година: “Јас сум прв и единствен есперантист во Европска Турција“. Иако Куманово го дал првиот есперантист на Балканскиот полуостров, во Прилеп било формирано првото есперантско друштво. Во 1927 година во домот на Ничо Алавантија во Варош, младите есперантисти со ентузијазам дискутирале за формирање на есперантско друштво во својот град – што било едногласно прифатено. Било одлучено една одбрана група на чело со Диме Бојаноски Дизе да ги подготви потребните документи и да побара дозвола од градската власт. Пред да го дочекаат официјалното решение од Срескиот округ, не сомневајќи се во позитивното решение на власта, младите есперантисти на 26-ти февруари 1928 година го формираат Есперантското друштво “Ѕвезда“ (“STELO”) во кое членуваат 15 члена. После неколку дена работата на друштвото била забранета од страна на ненародниот режим.Друштвото повторно било формирано во 1938 година. Тогаш претседател бил Димче Аџи-Митрески студент, а секретар Гога Бабоски – чевлар. Во друштвото членувале меѓу 50 и 60 членови. Во почетокот курсевите се држеле во гимназијата, а потоа во просториите на културно-уметничкото друштво “Абрашевиќ“. Во тој период се одржале 5-6 курса за меѓународниот јазик Есперанто. Заради слободарските идеи кои провејувале меѓу младите работата на друштвото повторно била забранета од страна на ненародниот режим.По ослободувањето при крајот на 1963 година (по Решение на власта) на 23.11.1963 година, по трет пат е формирано Есперантско друштво во Прилеп, овој пат под ново име “Напредок“ (“La Progreso”). Во тоа време можело да се примети развој во движењето на друштвото, кое се манифестирало со одржување на курсеви за почетници. Годишно било организирани по 2 до 3 курсеви на кои присуствувале по стотина млади прилепчани. Во периодот од 1973 до 1977 година во Прилеп се наоѓало седиштето на Македонската есперантска лига (МЕЛ), и во тоа време благодарение на активностите на прилепските есперантисти повторно се активирани есперантските друштва во Скопје, Куманово и Струга а биле формирани и нови есперантски-друштва во Кавадарци и Битола. Во 1976 година за прв пат во Македонија до тогаш се одржал 20 Конгрес на југословенски есперантисти, на него присуствувале 375 делегати од кои 63 делегати странци, гости од 16 земји од целиот свет.Во овој период од средината на 70-те години до крајот на 80-те години од минатиот век, Есперантското друштво “Напредок“ од Прилеп бележи значајни успеси како на домашен план така и на меѓународните контакти и активности. Не напразно овој период е наречен “Златен период“ во работата на есперантското друштво. Поставен е мермерен споменик на авторот на есперанто – Лазар Заменхоф (која денес се наоѓа) пред фондот за пензиско осигурување; Мотелот на вештачкото езеро е преименуван во мотел “Есперанто“ а една автобуска линија која патува за Истанбул добива име “Есперанто“ – благодарение на одлуките на Пелагонија транспорт. Две слаткарници на “Инзап“ добиваат есперантски имиња исто како и две продавници на УТРО “Југославија“. Очната клиника при општата болница “Борка Талески“ во Прилеп го добива името : Очна клиника “Лазар Заменхоф“ кое име го носи и денеска. Одредено време и цвеќарницата на ЈКП “Комуналец“ носи есперантско име “Floro” а новоотворената улица во населбата “Точила“ во должина од 450 м го добива името “Лазар Заменхоф“ – истата денеска е преместена во населба “Тризла“ (на место улица “Авала“) … итн итн. Во 1986 година заради своите активности за афирмација на меѓународниот јазик меѓу прилепчани но и за афирмација на Прилеп и Македонија во странство со помош на Есперанто јазикот, Есперантското друштво “Напредок“ од Прилеп ја доби “9-то Септемвриската награда“ (Плакета) на град Прилеп. Заради овие активности и многу други овде кои не се наведени, од страна на повеќе есперантски сојузи и радиостаници Прилеп беше прогласен за “Град на есперанто“./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис

Објавено пред

Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми.

dobivaj vesti na viber

„Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се заштитат така што ќе го правам она што најдобро знам – а тоа е сликањето. Истовремено, решив да се фокусирам на непопуларни и недоволно финансирани видови, па открив дека помалите диви мачки се прилично непознати во споредба со нивните покрупни роднини. Така дознав за балканскиот рис и за Македонското еколошко друштво, од каде што веднаш ме поканија да дојдам со нив на терен и од прва рака да видам како изгледаат живеалиштата на ова животно. Идејата за мојава изложба се роди во текот на таа една недела што ја поминав со нив, кога увидов колку се професионални и упорни, колку ја сакаат својата работа, но и животните што се трудат да ги заштитат“, истакна уметницата Драгослава Ѓуриќ пред присутните посетители.

Токму затоа, сакајќи да ги поддржи натамошните заложби за зачувување на балканскиот рис, таа одлучи нејзината изложба да биде продажна, покажувајќи дека уметноста не е само начин емоционално да се поврземе со насликаното, да си ја нахраниме љубопитноста и да си ги прошириме видиците, туку и конкретно да придонесеме кон зачувувањето на дивиот свет.

Насликани со маслена техника, изложените платна му нудат на посетителот искуствена можност да влезе во балканската шума, да го почувствува нејзиниот пејзаж и да си замисли како изгледа светот на Зора. Во април 2025 година на Зора ѝ беше поставен околувратник за да се добијат значајни информации за однесувањето, движењето и навиките на балканскиот рис, со крајна цел да се планираат подобри мерки за неговата заштита.

„Зора вистински постои. Таа не е апстрактен концепт или бројка, туку вистинско живо суштество што во тој шумски свет живее хармонично со многу други видови, од кои тука се претставени само некои. Сликите во случајов не се само декорација на ѕидот, тие се мала шума во која може

да влезете и можеби да го почувствувате истото што го почувствував и јас додека бев на терен со тимот на МЕД – дека природата не е далеку од нас и дека треба одново да научиме како да ја гледаме“, додаде уметницата.

Како што истакна д-р Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на дивите животни во МЕД, на барање на уметницата, изложбата е дополнета со дел од најефектните теренски фотографии на рисот, од кои повеќето се „уловени“ со фотозамки, како и со теренски видеоснимки од Зора и од останатите животни во овдешните краишта. Преку нив, се доловуваат не само реалните опкружувања на балканскиот рис, туку и теренската работа што МЕД веќе 20 години ја спроведува во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ заедно со партнерските организации од Косово и Албанија.

Изложбата во Скопје е отворена за сите возрасти и ќе трае до 12 февруари.

Прикажи повеќе...

Изложби

Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа

Објавено пред

Фото: Арбнора Мемети

Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“,  ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

dobivaj vesti na viber

Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.

Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.

Фото: Иво Велчевски

Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.

Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.

Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.

Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.

Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија9 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија9 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија10 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија11 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет12 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет12 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија15 часа

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија16 часа

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија1 ден

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија1 ден

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија1 ден

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија1 ден

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија2 дена

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет2 дена

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет2 дена

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...