Контакт

Изложби

Изложба на слики од Димче Исаиловски

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во среда, во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики од академскиот сликар Димче Исаиловски.

dobivaj vesti na viber

Авторот ќе се претстави со триесет и шест дела од ноговото богато творештво. Во оваа пригода ќе биде промовирана и монографија посветена на ликот и делото на познатиот сликар.Изложбата ќе ја отвори писателот Паскал Гилевски.Димче Исаиловски спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари од средната генерација. Роден е во 1960 година во Скопје. Во 1985 г. дипломирал со највисоки оценки на Факултетот за ликовни уметности-отсек за сликарство при Универзитетот „Кирил и Методиј“, во класата на проф. Димитар Кондовски. Има реализирано дваесет самостојни изложби, а направил и повеќе самостојни мултимедијални проекти. Бил на студиски престој во Франкфурт, Болоња, Венеција, Париз, Истанбул и Анкара. Во САД и Канада реализирал самостојни изложби во Торонто, Отава, Вашингтон и Њујорк. Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе три години со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети и скулпторите Боро Митриќески и Илија Аџиевски./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Мице Јанкуловски ја отвори изложбата во Букурешт

Објавено пред

Синоќа, во 19 часот, беше отворена самостојната изложба на слики од Мице Јанкуловски, „Надвор од црното“, во галеријата „Галатека“ во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Автор на концептот е Корнелија Конеска, а куратор – Анка Боериу, универзитетски професор на Националниот универзитет за уметност на Романија.

За уметничкото творештво на Јанкуловски

Како уметник повеќе од пет децении Јанкуловски континуирано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот, но експериментирал и се претставувал преку повеќе уметнички дисциплини (сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…) заради што меѓународната професионална јавност го препознава како мултимедијален уметник. Во своето уметничко дело тој постојано ги истражува формата, просторот, бојата, небојата и движењето како елементи што се повторуваат.

Јанкуловски првенствено се занимава со истражување или поточно барање на разните форми, кои ги поставуваат темелите за создавање уметност. Неговите интереси вклучуваат испитување на врските меѓу формите и просторот, нивното заемно влијание и како формите се движат во даден простор. Кога се набљудуваат неговите слики и цртежи, може да се забележи дека доминантни се геометриските форми, но на крајот тие еволуираат во поорганска и невоздржана форма. Рабовите на овие форми играат клучна улога во дефинирањето на просторот и овозможуваат тој да функционираат како кохезивна целина.

Последната фаза на концептуални слики на Јанкуловски се одликува со монохроматичност, модуларност, мултипликација и минимализам. Уметникот користи систематски пристап за примена на основни форми, како што се кругови, квадрати и триаголници на големи квадратни платна, користејќи само црна боја. Формите се создаваат со правење шари на намази од дебел слој црна боја. Во зависност од тоа дали намазите се нанесуваат на заднината или на самите форми, се постигнува дополнителен впечаток на позитивно/негативно. Серија од дела се создава со мултипликација на формите во платната, како и со мултиплукација на самите платна, што резултира со големи концептуални дела, како полиптиси.

Веднаш треба да се забележи дека црното, т.е. небојата, како што понекогаш се дефинира, е единствениот протагонист на делото… покрај светлината како составен дел на конечниот резултат.

Во однос на просторната организација на концептуалните дела од повеќе делови, Јанкуловски секогаш се труди да обезбеди можност за нивно читање, без разлика на позицијата на деловите, за да може да се набљудуваат поставени на разни начини – резултат на неговиот првичен интерес за палиндромите (зборови што се читаат исто и напред како назад).

Индивидуалниот творечки потпис во делата на Јанкуловски се стреми кон контемплативност и медитативност со претставување на постојаната различност на универзалниот поредок. Неговата потреба да ги пренесе горенаведените односи во (речиси) дводимензионални дела е на ниво на филозофска интерпретација, при што секое дело има своја приказна и отвора мноштво нови димензии.

Неговото најново уметничко творештво е истражување со карбон (познатата најцрна боја) – боја откриена со најновите нанотехнологии, која обезбедува поглед во непознатото надвор од сè што досега е познато за црното.

За изложбата „Надвор од црното“

Основниот мотив на изложбата е визуелен одговор на прашањето: „Што има надвор од границите?“

Наспроти белата боја (која ги рефлектира сите бои), црната ги апсорбира сите бои и се доживува како граница каде што сите бои завршуваат. Дали е така? Што е зад или подобро надвор од црното? Според перцепцијата на Јанкуловски – повеќекратна реалност!

Концептот на изложбата е една од тие реалности. Главните атрибути на неговото уметничко дело му дозволуваат да прави бескрајни варијации и разни реалности, но како докажан минималист ги постигнува со минимални елементи. Како и секогаш, тој користи само црни квадратни платна со разни растери со црн акрилик. Конечниот резултат се постигнува со мултипликација на формите и со комбинација на модуларните (претходно обмислени) формати на платната распоредени во полиптиси.

Изложени дела:

„Ноќите на Тоскана“, 2019 (сегмент)
Полиптих од 10 слики, акрилик на платно, 195 x 1.950 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Круговите на Леонардо“, 2020 (сегмент)
Полиптих од 4 слики, акрилик на платно, 195 x 780 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Хоризонтален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

„Дијагонален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС порака која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна...

Македонија5 часа

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...

Македонија5 часа

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на...

Македонија5 часа

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително...

Македонија7 часа

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија...

Македонија8 часа

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информира дека статусот на Охридското Езеро...

Македонија9 часа

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица што нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското Обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена...

Македонија11 часа

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и да опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед,...

Македонија12 часа

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден...

Македонија12 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија13 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија13 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт14 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет15 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа15 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија15 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија1 ден

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија1 ден

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија1 ден

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...