Контакт

Изложби

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во АРТЕ Галерија

Објавено пред

АРТЕ Галерија ја организира шеесет и првата самостојна изложба „Импресии“ на нашиот реномиран ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов, во четврток, со почеток во 20 часот во просторот на АРТЕ Галерија.

dobivaj vesti na viber

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство.Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 20-на уметнички дела на авторот Стефан Хаџи-Николов сите изработени во техниката масло на платно, изработени изминатиов период. Комбинациите на боите се смели и модерни, максимално јасни и звучни, така што неговиот ликовен стил можеме да го дефинираме како еден вид на модерен класицизам во кој убаво се проткајуваат и надополнуваат чистото, естетско и сензуалното. Стефан Хаџи-Николов е годинашен добитник на државната награда “23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Мице Јанкуловски ја отвори изложбата во Букурешт

Објавено пред

Синоќа, во 19 часот, беше отворена самостојната изложба на слики од Мице Јанкуловски, „Надвор од црното“, во галеријата „Галатека“ во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Автор на концептот е Корнелија Конеска, а куратор – Анка Боериу, универзитетски професор на Националниот универзитет за уметност на Романија.

За уметничкото творештво на Јанкуловски

Како уметник повеќе од пет децении Јанкуловски континуирано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот, но експериментирал и се претставувал преку повеќе уметнички дисциплини (сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми…) заради што меѓународната професионална јавност го препознава како мултимедијален уметник. Во своето уметничко дело тој постојано ги истражува формата, просторот, бојата, небојата и движењето како елементи што се повторуваат.

Јанкуловски првенствено се занимава со истражување или поточно барање на разните форми, кои ги поставуваат темелите за создавање уметност. Неговите интереси вклучуваат испитување на врските меѓу формите и просторот, нивното заемно влијание и како формите се движат во даден простор. Кога се набљудуваат неговите слики и цртежи, може да се забележи дека доминантни се геометриските форми, но на крајот тие еволуираат во поорганска и невоздржана форма. Рабовите на овие форми играат клучна улога во дефинирањето на просторот и овозможуваат тој да функционираат како кохезивна целина.

Последната фаза на концептуални слики на Јанкуловски се одликува со монохроматичност, модуларност, мултипликација и минимализам. Уметникот користи систематски пристап за примена на основни форми, како што се кругови, квадрати и триаголници на големи квадратни платна, користејќи само црна боја. Формите се создаваат со правење шари на намази од дебел слој црна боја. Во зависност од тоа дали намазите се нанесуваат на заднината или на самите форми, се постигнува дополнителен впечаток на позитивно/негативно. Серија од дела се создава со мултипликација на формите во платната, како и со мултиплукација на самите платна, што резултира со големи концептуални дела, како полиптиси.

Веднаш треба да се забележи дека црното, т.е. небојата, како што понекогаш се дефинира, е единствениот протагонист на делото… покрај светлината како составен дел на конечниот резултат.

Во однос на просторната организација на концептуалните дела од повеќе делови, Јанкуловски секогаш се труди да обезбеди можност за нивно читање, без разлика на позицијата на деловите, за да може да се набљудуваат поставени на разни начини – резултат на неговиот првичен интерес за палиндромите (зборови што се читаат исто и напред како назад).

Индивидуалниот творечки потпис во делата на Јанкуловски се стреми кон контемплативност и медитативност со претставување на постојаната различност на универзалниот поредок. Неговата потреба да ги пренесе горенаведените односи во (речиси) дводимензионални дела е на ниво на филозофска интерпретација, при што секое дело има своја приказна и отвора мноштво нови димензии.

Неговото најново уметничко творештво е истражување со карбон (познатата најцрна боја) – боја откриена со најновите нанотехнологии, која обезбедува поглед во непознатото надвор од сè што досега е познато за црното.

За изложбата „Надвор од црното“

Основниот мотив на изложбата е визуелен одговор на прашањето: „Што има надвор од границите?“

Наспроти белата боја (која ги рефлектира сите бои), црната ги апсорбира сите бои и се доживува како граница каде што сите бои завршуваат. Дали е така? Што е зад или подобро надвор од црното? Според перцепцијата на Јанкуловски – повеќекратна реалност!

Концептот на изложбата е една од тие реалности. Главните атрибути на неговото уметничко дело му дозволуваат да прави бескрајни варијации и разни реалности, но како докажан минималист ги постигнува со минимални елементи. Како и секогаш, тој користи само црни квадратни платна со разни растери со црн акрилик. Конечниот резултат се постигнува со мултипликација на формите и со комбинација на модуларните (претходно обмислени) формати на платната распоредени во полиптиси.

Изложени дела:

„Ноќите на Тоскана“, 2019 (сегмент)
Полиптих од 10 слики, акрилик на платно, 195 x 1.950 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Круговите на Леонардо“, 2020 (сегмент)
Полиптих од 4 слики, акрилик на платно, 195 x 780 cm (195 x 195 cm/секоја)

„Хоризонтален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

„Дијагонален свет“, 2021 година
Полиптих од 4 слики, акрил на платно, 195 х 390 см (97,5 x 97,5 cm/секоја)

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...

Македонија2 часа

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски,...

Македонија3 часа

Чудно е како Палевски ги има записниците од испитувањето на другите обвинети, вели обвинителката Крстевска

Од страна на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, Љупчо Палевски, беше побарано изземање на обвинителката Жаклина...

Топ6 часа

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На...

Регион7 часа

(Фото) Директен судир на два автобуса кај Белград, двајца загинати, десетици повредени

Во сообраќајна несреќа, што утрово околу 6.20 часот се случила на обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два...

Скопје8 часа

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува...

Македонија9 часа

„Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата ‘Пановски’“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Вештачката криза што се...

Македонија9 часа

Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта, велат од „Влен“

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ...

Европа9 часа

(Видео) Лукашенко за противниците: Некои се во затвор, други во егзил, секој има право на избор

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија...

Европа10 часа

(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека...

Европа10 часа

Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина

Русија вчера соопшти дека нејзините војници зазеле стратешки важен град во источна Украина како дел од кампањата за слабеење на...

Свет11 часа

Колумбија попушти, Трамп веднаш ги укина санкциите

Соединетите Држави нема да продолжат со воведување царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати – без ограничувања...

Европа11 часа

Лукашенко: Се договоривме со Путин, „Орешник“ ќе го добиеме во следните неколку дена

Белорускиот лидер Александар Лукашенко рече дека очекува Русија многу брзо да распореди Орешник, нејзината нова балистичка ракета со среден дострел,...

Регион11 часа

(Видео) Србите ги поддржаа студентите со свирежи и удирање во тенџериња: „Врева против диктатурата“

Граѓаните во Белград, вчеравечер, во 20.05 часот, излегоа на прозорците и терасите од своите домови со свирежи, тенџериња, труби и...

Топ1 ден

Две деца, момче и девојче донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека во Гостивар

Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар....

Топ1 ден

Тешка сообраќајка на „Илинденска“ во Скопје, возач со автомобил удри во канделабра

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра. Како што информираат од МВР синоќа во 23:30...

Македонија1 ден

Зимските ски-центри под лупа на АХВ, утврдени се неправилности кај еден оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските...

Свет1 ден

(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво

По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел....

Македонија1 ден

Маглата направи проблеми во авионскиот сообраќај, се откажуваат и пренасочуваат летови

Скопскиот аеродром се соочи со значителни проблеми во авионскиот сообраќај во последните 24 часа, а причина за тоа е густа...

Македонија1 ден

Ја следел додека пазарела во трговски центар во Скопје, па се обидел да ја силува

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна...