Контакт

Изложби

Изложба на Зоран Вељаноски – Летра на Охридско лето

Објавено пред

Изложбата на фотографии со наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра беше отворена во неделата вечер во рамките на Оридско лето во Дирекцијата на Фестивалот.

Во прекрасно адаптираниот изложбен салон со стил за восхит, бројните гости, низ звуците на класичната музика, имаа прилика да ја видат приказната на велосипедот кој тргнува низ возбудливиот пат на Зоран Летра токму од Охрид.

 

„Црно белиот свет кој ни го претставува е токму она што ја развива мислата и идејата за свет без граници којшто се раѓа во него, а луѓето треба да го видат. Токму неговиот меѓупат нé донесе до идејата за крштевање на просторот наш во галерија на Охридско лето“, велат од Фестивалот за причината поради која Зоран Летра по десет години повторно е на фестивалската сцена на Охридско лето.

 

Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, фотографот Зоран Летра, со години пријатно нé изненадува сите нас со неговите фотографии на кои го овековечи пред сé нашиот Охрид и годините кои сите ние ги поминуваме во него но и надвор од него.

 

„Доколку се осврнеме конкретно на оваа изложба, а имајќи го предвид фактот дека се работи за фотографии кои се настанати директно од негативи, можеме да заклучиме дека и тој факт нé враќа носталгично кон времињата кога фотографиите не беа дигитални, не ги гледавме само на електронски уреди туку и во рамки поставени на ѕидовите во домовите , албумите, каталозите и списанијата“, рече Бакрачески. Според него токму оваа изложба има посебна вредност како едно уметничко фотографско богатство.

 

„Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој отсликува една тивка меланхолија на нашите спомени“, вели поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

 

„Во фотографиите на Зоран Велјаноски Летра се чуствува одлика на голем истражувач. Но нема истражување без замисла. Живееме во време на интернет каде каде проблемите се решаваат со притискање на копче. Но нема нови откритија на археолозите без ископувања, не знам како уметниците би твореле ако немаат идеи или фотографите би работеле само со притискање на копцето на фотоапаратите. Мора да се истражува а Зоран ја има таа прекрасна особина“, оценува академскиот сликар Славко Упевче.

 

Зоран Вељаноски – Летра е роден 1965 година во Охрид, Македонија. Со фотографија се занимава од најрана возраст. Високо образование завршил на Филмската Академија ЕСРА – Париз – Скопје – Њујорк, на Факултетот за сценски дизајн, катедра Фотографија. Магистерските студии ги продолжува на Институтот за Фотографија во Њујорк. Досега има 16 самостојни изложби во земјава и светот а учествувал и на повеќе групни изложби. Член е на претседателството на Фото сојуз на Македонија./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина, во разни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Прикажи повеќе...

Изложби

Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Објавено пред

На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сè уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование, Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.

Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот Creative minds of the world (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.

Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски во Чифте амам

Објавено пред

Месециве наназад сите ние функционираме во поинакви услови, кои на почетокот изгледаа чудни и тешко прифатливи за денес да се сведат на „нова нормалност“. Се прифатија условите во кои неминовно се креират концепти на различен начин на комуникација при задолжителна социјална дистанца. Националната галерија на самиот почеток испорача неколку интерактивни проекти, како „Уметнички дневници“, „Уметнички предизвик“, „Нашите херои“ со цел да ја одржи врската со публиката, да се престрои во условите на „новата нормалност“ и да ја адаптира реализацијата на програмата.

Првиот програмски проект за оваа година „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски сé надоврзува на неговите претходни проекти во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на вирусот Ковид- 19 се покажа како особено нужна.
Од културната стратиграфија, како инспиративен момент се пејзажните фасцинации, кои и претходно биле својствен мотив за неговиот творечки сензибилитет. Специфичноста на овој проект, но и на претходните е препознатлив по материјалите со кои ги моделира неговите дела, колоритот и структурата, но и формата која секогаш има да пренесе некаква симболика. Многубројните варијанти на трновита вегетација која ја има во изобилство во неговата непосредна близина се еден од основните модули со кои ја гради структурата.

Станува збор за трновита вегетација која по бербата ги задржува цврстата структура и колорит. Таа нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сè порелевантно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Обликот на трнот, од друга страна, е мошне актуелен симбол на самиот вирус кој ја нападна нашата планета и го смени начинот на нашето функционирање и општење. Оваа сличност е сосема случајна и нетенденциозна, но со самото тоа концептот и изборот на материјал стануваат мошне рецентни.

Идејниот проект „Пејзажни фасцинации 20” ќе биде изграден во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам, кој со својата специфична архитектонска градба, со богата архитектонска пластика ќе претставува посебен инспиративен предизвик.

Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеќи ја куполната форма. Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови.

Оваа инсталација ќе почне да се гради од 22 јуни и самиот проект ќе го опфати и процесот на постепена конструкција и финализирање. Текот на процесот ќе го следите онлајн, вклучително со објави, фотографии, видеа и разговори преку нашите социјални мрежи.
Следете го овој настан и дознајте повеќе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија4 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ5 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион5 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија5 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион6 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија10 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија11 час

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија11 час

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија11 час

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија11 час

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија11 час

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион22 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет1 ден

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие