Изложби
Изложбата „Видео уметност и уметност базирана на време”во ФЛУ
Изложба на видео дела и видео инсталации, ќе биде отворена во вторник, во 20 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности при Педагошкиот факултет, во Скопје.
Изложба на видео дела и видео инсталации, ќе биде отворена во вторник, во 20 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности при Педагошкиот факултет, во Скопје.
Учесници се Димитри Балојани, Воскресија Андреевска, Александра Ацеска, Јасмина Трпевска, Наташа Неделкова, Игор Стаменковиќ, Христина Мазневска, Петар Миљковиќ, Игор Таневски, Рада Велеска, Горјан Стојчев, Владан Петрушевиќ и Надица Толевска На изложбата ќе бидат презентирани дванаесет дела (видео дела и видео инсталации), резултат од проектот “Видео уметност и уметност базирана на време”. Проектот се реализираше во текот на 2015 година, со учество на студенти од Катедрата по сликарство, а под менторство на доц. Слободанка Стевческа. Финансиски е поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проектот „Видео уметност и уметност базирана на време” се фокусираше на практиките во современата уметност кои го вклучуваат времето како значаен елемент и/или се документирани (или продуцирани) со видео камера: видео уметност, перформанс, видео перформанс, акција, видео инсталација… Веќе неколку децении ликовната уметност ги освојува подрачјата и териториите кои претходно не биле нејзини. Така, во еден значаен дел, таа апроприира и апсорбира искуства од театарот, филмот, архитектурата, науката, социјалните практики, филозофијата, итн. Од тука, се појавува потребата за запознавање на идните млади автори со појавите и практиките кои го напуштаат класичниот пристап на творење во атеље. Проектот се реализираше во вид на интерактивна работилница од повеќе сесии, каде беа анализирани дела, автори и појави поврзани со видео уметноста, видео перформансот и уметноста која го вклучува времето како клучен фактор.Дел од темите и содржините кои беа опфатени со овие сесии се: Почетоци на видео уметноста, услови и контекст; Атељето и телото како инспирација и тема; Перформанси и акции документирани со филмска или видео камера; Теми поврзани со стереотипи и женското прашање; Концептуална уметност, автореферентност и прашања поврзани со системот на уметноста и мотивите и процесот на творење; Визуелни и технички истражувања во видео уметноста; Автори кои го користат сопственото тело како израз или медиум и/или автори со ангажиран и критички пристап; итн. Во склоп на овие сесии, презентации и предавања одржаа професори од Факултетот за ликовни уметности: доц. Слободанка Стевческа, вонр. проф. Жанета Вангели, ред. проф. Антони Мазневски, како и Доријан Јовановиќ и двајца надворешни гости, ликовните уметници Јован Балов и Никола Узуновски. На една од сесиите беше презентирана и дискутирана изложбата „Looking At Nothing (Desire In The Future)“ курирана од Дејан Буѓевац, а со завршувањето на изложбата ќе се оддржат средби, со презентации и дискусии наменети за студентите на ФЛУ, со историчарот на уметност, Владимир Јанчевски, и ликовниот уметник, Никола Узуновски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Изложби
„Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис
Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми.
„Отсекогаш сум ги сакала животните и сум се чувствувала поврзано со нив. Сакав да помогнам да се заштитат така што ќе го правам она што најдобро знам – а тоа е сликањето. Истовремено, решив да се фокусирам на непопуларни и недоволно финансирани видови, па открив дека помалите диви мачки се прилично непознати во споредба со нивните покрупни роднини. Така дознав за балканскиот рис и за Македонското еколошко друштво, од каде што веднаш ме поканија да дојдам со нив на терен и од прва рака да видам како изгледаат живеалиштата на ова животно. Идејата за мојава изложба се роди во текот на таа една недела што ја поминав со нив, кога увидов колку се професионални и упорни, колку ја сакаат својата работа, но и животните што се трудат да ги заштитат“, истакна уметницата Драгослава Ѓуриќ пред присутните посетители.
Токму затоа, сакајќи да ги поддржи натамошните заложби за зачувување на балканскиот рис, таа одлучи нејзината изложба да биде продажна, покажувајќи дека уметноста не е само начин емоционално да се поврземе со насликаното, да си ја нахраниме љубопитноста и да си ги прошириме видиците, туку и конкретно да придонесеме кон зачувувањето на дивиот свет.
Насликани со маслена техника, изложените платна му нудат на посетителот искуствена можност да влезе во балканската шума, да го почувствува нејзиниот пејзаж и да си замисли како изгледа светот на Зора. Во април 2025 година на Зора ѝ беше поставен околувратник за да се добијат значајни информации за однесувањето, движењето и навиките на балканскиот рис, со крајна цел да се планираат подобри мерки за неговата заштита.
„Зора вистински постои. Таа не е апстрактен концепт или бројка, туку вистинско живо суштество што во тој шумски свет живее хармонично со многу други видови, од кои тука се претставени само некои. Сликите во случајов не се само декорација на ѕидот, тие се мала шума во која може
да влезете и можеби да го почувствувате истото што го почувствував и јас додека бев на терен со тимот на МЕД – дека природата не е далеку од нас и дека треба одново да научиме како да ја гледаме“, додаде уметницата.
Како што истакна д-р Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на дивите животни во МЕД, на барање на уметницата, изложбата е дополнета со дел од најефектните теренски фотографии на рисот, од кои повеќето се „уловени“ со фотозамки, како и со теренски видеоснимки од Зора и од останатите животни во овдешните краишта. Преку нив, се доловуваат не само реалните опкружувања на балканскиот рис, туку и теренската работа што МЕД веќе 20 години ја спроведува во рамки на „Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ заедно со партнерските организации од Косово и Албанија.
Изложбата во Скопје е отворена за сите возрасти и ќе трае до 12 февруари.
Изложби
Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа
Фото: Арбнора Мемети
Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“, ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.
Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.
Фото: Иво Велчевски
Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.
Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.
Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.
Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.
Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.
Изложби
„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро
Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.
Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.
Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.
Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.
Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

