Изложби
Самостојна изложба на Мифтар Мемети
Во понеделник, 1-ви ноември во 19 часот во скопската галерија Чифте амам, публиката ќе има можност да присуствуват на отварањето на самостојната изложба на Мифтар Мемети, којашто ќе може да се погледне до 14-ти ноември.
На отворањето на изложбата со пригодна реч ќе се обратат директорот на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, како и Фатмир Сулејмани декан на Филолошкиот факултет на Тетовскиот Универзитет воедно и близок пријател на авторот од детството и познатиот академски ликовен уметник и професор, господинот Решат Амети. Сликарството на Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која натака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани. Мифтари е уметник кој од бојата прави уметност, се истакнува во Љупчо Маленков.
„Реинтерпретирање на заробени моменти, мигови од детството, енграми за атмосферата во домот и во грижливо негуваниот цветен двор…експресии, ликовни записи на моменти дури и продолжување и развој на мислата. Сведоштва за времето, носталгија пропратена со топлина во душата, впечатоци за поминатото детство, време во кое поминале најубавите и најсреќни детски денови. Сликарство кое со право може да се сврсти во групата на сликари-хроничари на времето и покрај силно акцентираната експресија со плохи и лирски нагласки“, ќе напише.
„Мифтар Мемети прави ликовни напори да ја запре минливоста на времето; со нежен лиризам ни ги препорачува старите прозори, врати, куќната порта, клупата и камењата во дворот кој одамна ја отслужиле својата намена под старата црешa а сега стојат како траен спомен, неминливост, вечност. Амбиентот сега и просторно и временски е дефиниран. Сликарот успеал успешно да ни ја долови и атмосферата на древноста и хармонијата која владеела во домашна градина. Засведоченост на едно одминато време, ликовна уметност со која уметникот не воведува во убавина во која се насетуваат нежни допири и рефлексии од исконот, од патината на времето. Мифтар Мемети со својата ликовна дарба создал возбудлива поетика во која ги споил времињата во вечност. Неговата уметност е со јасен и личен творечки сензибилитет со емотивна комуникација, што впрочем е негов најзначаен белег. Тој е создавател на исконска убавина без да измислува ами ликовно да пресоздава природа, а емпириските нешта ја добиваат вистинската вредност. Делата на Мифтар Мемети се вистинска експресивно-лирска проповед, носталгичен бран од минатото“, продолжува кураторот. Во прилогот кон изложбата, уште се вели дека сликарството на маестро Мифтар Мемети е емоционална претстава, блискот до луѓето со убедливост за фактичкото. Сликар кој дава предност на чувството на емоционалната природа, која понатака се развива за време на сликарскиот процес, што ќе рече дека сликата е таа која ја доближува до своите замисли следејќи ги неговте емоции и интелектуален предизвик. Неговите дела се резултат на драматичен настан, односно, тоа се слики на настани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Изложби
Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа
Фото: Арбнора Мемети
Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“, ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.
Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.
Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.
Фото: Иво Велчевски
Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.
Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.
Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.
Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.
Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.
Изложби
„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро
Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.
Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.
Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.
Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.
Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.
Изложби
„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино
На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.
Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.
„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.
Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.
До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.
Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,
Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.
Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

