Контакт

Изложби

Се затвораат Христовите портокалови мостови во Италија

Објавено пред

Портокаловите понтонски мостови на американскиот уметник од бугарско потекло Кристо (Христо Владимиров Јавашефф) на езерото Исео се затвораат во неделата вечерта, откако привлекоа повеќе од милион посетители, двапати повеќе отколку што очекуваа организаторите на перформансот, во зелените ридови на северна Италија.
 

dobivaj vesti na viber

Портокаловите понтонски мостови на американскиот уметник од бугарско потекло Кристо (Христо Владимиров Јавашефф) на езерото Исео се затвораат во неделата вечерта, откако привлекоа повеќе од милион посетители, двапати повеќе отколку што очекуваа организаторите на перформансот, во зелените ридови на северна Италија.

 

„Луѓето доаѓаат отсекаде за да одат без особена цел. Не поради шопинг, не за да се сретнат со пријателите. Само одат, без цел“, одушевено изјави деновиве за италијанските медиуми уметникот.

Често босоноги за да го почувствуваат лулањето, луѓето од Италија, од соседството и од целиот свет, во инвалидски колички или во придружба на своите четириножни миленици, масовно пристигнуваа за да го доживеат ова необично искуство коа им го вето Христо: одењето по вода.

Трите километри понтонски мостови кои плутаат на водата прекриени со жолто-портокалова ткаенина, во контраст со темнозелената вода на езерото, во моментов го спојуваат островот Монте Исола и островчето Сан Паоло.

Стриктурата составена од 200.000 полиетиленски коцки кои можат целосно да бидат рециклирани, поврзани меѓусебно со 200.000 гигантски навртки, беше отворена на 18-ти јуни, а замислено беше да прима и по неа да минат по 25.000 посетители дневно, 40.000 во текот на викендот или половина милион луѓе во 16-те дена колку е планирано да трае проектот.

Меѓутоа, просечниот број на посетители дневно изнесувал 100.000 и 120.000 луѓе во текот на викендите, соопштија локалните власти. Честопати во овој период било потребно да се ограничуваат доаѓањата од Бреша, најблискиот град, со стравувањата за блокирање на илјадници луѓе на тамошната железничка станица и за да се избегнат предолгите редови на кејот.

Иако Христо (Кристо) вети дека единствено сетилно искуство ќе трае и дење и ноќе, локалните власти по неколку дена наложија мостовите да бидат затворани во периодот од полноќ до 6 часот утрото, за да се исчисти Монте Исола и да се овозможи одржување на понтонските премостувања.

Проектот сега 81-годишниот Христо и неговата сопруга Жан-Клод, Денат де Жујбон, која почина во ноември 2009 година, го осмислиле овој проект уште во 1970 година за естуарот Ла Плата во Аргентина, а потоа а Јапонија, пред да го остварат во Италија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Стигнавме ли веќе? Младите фотографи ги бараат патоказите кон Европа

Објавено пред

Фото: Арбнора Мемети

Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“,  ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

dobivaj vesti na viber

Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа.

Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран од амбасадите на Кралството Холандија во Западен Балкан, оваа изложба директно се осврнува на дезинформациите поврзани со процесот на интеграција во ЕУ. Додека Западниот Балкан се насочува кон членство во ЕУ, младите луѓе во регионот се соочуваат со спротивни наративи, дезинформации и стереотипи кои често ја замаглуваат вистинската реалност кон пристапувањето во ЕУ. Преку автентично визуелно раскажување приказни, овие триесет фотографи се спротиставуваат на лажните наративи и презентираат вистински гледишта за тоа што значи европската интеграција за нивните заедници, нивниот секојдневен живот и нивната иднина. Изложбата содржи визуелни приказни кои ја одразуваат различноста, креативноста и критичката свест на новата генерација.

Фото: Иво Велчевски

Учесниците на изложбата беа избрани од стручно жири врз основа на јавен повик – по пет фотографи од секоја земја. Овие триесет избрани фотографи учествуваа на онлајн мастер работилница со холандската фотографка Илви Њиокиктјен, а на оваа изложба го претставуваме резултатот од нивната работа.

Македонија на изложбата ја претставуваат авторите: Арбнора Мемети, Ана Ѓорѓиевска, Иво Велчевски, Каја Тасевска и Филип Лафазановски.

Од секоја од шесте земји учеснички ќе биде избран по еден победник кој во мај следната година ќе има привилегија да престојува во Амстердам во текот на неделата на објавување на победниците на најголемиот светски натпревар за новинска фотографија World Press Photo.

Изложбата ќе биде претставена во сите шест земји учеснички. Отворањето во Скопје е во четврток, 6 ноември, кога ќе биде објавен победникот од Македонија што ќе патува во Амстердам на World Press Photo.

Проектот е организиран од Амбасадата на Кралството Холандија во соработка со Македонски центар за фотографија.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ќе ме (С)нема!“ – изложба на Кети Талевска-Бакревска за исчезнувањето на Преспанското Езеро

Објавено пред

Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов.

Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам-глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. Во оваа изложба, Талевска Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото.

Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, Кети ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи.

Изложбата ќе се отвори во понеделник, 18.11.2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, во 20.00 часот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Фрагментирана интроспекција“ – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Објавено пред

На 23 мај 2024 од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 1 јуни.

„Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу нашето Јас, перцепцијата и идентитетот. Го ангажира гледачот и на интелектуално и на емоционално ниво, поттикнувајќи подлабоко истражување на сопственото битие. Оваа изложба е доказ за умешноста на уметникот и неговата способност да пренесува сложени и длабоки концепти преку медиумот на метал, што резултира со прекрасни уметнички дела кои предизвикуваат контемплација.“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделена од ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година. и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор меѓу кои: Скулптураи на Живо Чинко, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски,

Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Муза наменета за фасада на објектот „Стар театар“, скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР, како и скулптура поставена на Интернационалниот Балкански Универзитет, сите во Скопје.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија46 минути

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија55 минути

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ2 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа3 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет3 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа3 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет4 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет5 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија15 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија19 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија22 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ22 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија23 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија23 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија24 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија1 ден

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...