Контакт

Книги

Објавен биографски роман за нобеловката Марија Кири и нејзината помошничка

Објавено пред

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на романот „Книга за Бланш и Мари“ од шведскиот писател Пер Улов Енквист, во кој еден од централните ликови е познатата хемичарка Марија Кири Склодовска.

Преводот на македонски е на Искра Бадева.

Кратко време пред Марија Кири да стане првата жена добитничка на две Нобелови награди, една од асистентките во нејзината лабораторија, Бланш Витман, преживеала три ампутации, ги изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена. Бланш само што се вратила кај Мари од болницата „Салпетриер“, каде што своевремено била буквално пациент ѕвезда. Бланш била „кралица на хистеријата“, една од жените што биле бесплатно прегледувани од страна на познатиот доктор Жан Мартен Шарко. Тој предизвикувал кај нив напади на грчење со притискање на одредени места на телото – за што, се претпоставува, имал одредена шема. Потребата да го притисне, на пример, грлото на матката објаснува зошто жените морале да бидат разголувани. Сите ги доживувале овие смотри на хистеријата, кои биле колку насилни толку и запрепастувачки креативни, мошне сериозно, дури и тогашниот асистент на Шарко, младиот Зигмунд Фројд.

Ова е навистина моќна приказна, можеби мислите дека е доволна да се напише најмалку една книга – но Енквист оди понатаму, преку Бланш, како врховна жртва, го воведува ликот на Марија Кири, која всушност најмногу и го интересира.

Овој контроверзен роман дава сосема нови податоци за некои од најголемите имиња од светот на науката на минатиот век, а според Индепендент – „Ова е историја на интелектот осветлена од молњата на експресионизмот“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Пер Улов Енквист (1934), познат и како П.У. Енквист, е еден од најистакнатите шведски писатели на меѓународно рамниште. Дипломирал книжевна историја, по што работел како колумнист во весник и како модератор во телевизиски дебатни емисии. Неговото пишување го направило влијателна личност на шведската книжевна сцена. Во 1970-тите живеел во Берлин и во САД. Од 1977 година е самостоен уметник писател. Добитник е на највисоки книжевни признанија. Една од најзначајните книжевни награди во Скандинавија го носи токму неговото име./крај/со/бб

Најново

Економија13 минути

Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во Македонија

Две различни интерпретации на врвот на BMW понудата, обединети во ново поглавје на дизајн, технологија и луксуз Името е познато,...

Македонија30 минути

Бугарскиот производител: Во два од четирите случаи со БСЖ-вакцината во Хрватска е наведена доза 10 пати над пропишаната

Бугарскиот производител „Бул Био“ тврди дека податоците за четирите пријавени случаи на остеомиелит по БСЖ-вакцинација во Хрватска не докажуваат проблем...

Спорт31 минута

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија45 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија51 минута

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт55 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт1 час

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија1 час

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура1 час

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...