Контакт

Книги

Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски

Објавено пред

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да Ве покани на Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“.
 

dobivaj vesti na viber

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да Ве покани на Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“.

 

Настанот ќе се одржи во четврток, со почеток во 12 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. На средбата ќе се разговара за поезијата на Димоски и за актуелните состојби во македонската книжевост. За делото на Димоски ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев, а стихови од неговата поезија ќе кажува актерот Томе Витанов. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски. Славе Ѓорѓо Димоски – поет, писател,есеист, преведувач и писател за деца. Автор е на триесет ишест книги (првообјавени книги, избори, преводи, препеви и антологиски избори) Добитник е на најважните награди за поезија кои се доделуваат во Република Македонија. Преведен е на дваеаетина светски јазици и е застапен во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а сега е претседател на Управниот одбор на Националната установа Струшки вечери на поезијата.За неговата најнова книга професорот Венко Андоновски ќе напише: … Славе Ѓорго Димоски, без сомнение една од најкрупните и магистрални фигури во развитокот на македонска поезија воопшто, навлезен веќе длабоко во својата игра и искуство со јазикот, ни го нуди својот Јазичен триптихон. Својот кристал на поетскиот јазик./крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија1 час

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија1 час

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Топ3 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа4 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија5 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет17 часа

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија19 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија20 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет1 ден

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа1 ден

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион1 ден

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет1 ден

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет1 ден

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија1 ден

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...