Контакт

Книги

Хрватска промоција на 'Македонско-хрватска тангента' од Сашо Георгиевски

Објавено пред

Книгата „Македонско-хрватска тангента“ во четврток навечер ја има својата прва промоција во Хрватска. Во Хрватскиот народен театар во Шибеник, во 19 часот, делото на политикологот Сашо Георгиевски, дописник на Нова Македонија од Хрватска ќе биде претставено пред хрватската јавност.

Книгата е пресек на активностите и ангажманот на авторот и најстариот македонски дневен весник „Нова Македонија“ во негувањето и продлабочувањето на македонско-хрватските културни и стопански врски во последните пет години.

Честитки за „Македонско-хрватската тангента“ што ја подвлече Георгиевски, упатија претседателите на Република Македонија и Република Хрватска, Ѓорге Иванов и Иво Јосиповиќ.

„Македонско-хрватската тангента со години внимателно ја повлекува авторот и таа е сведоштво за пријателството на двата народа. Оваа тангента, верувам е значаен допринос и во бројните тангенти на политичарите кои се променливи, за разлика од авторот на книгата, кој претставува исклучителна константа, постојаност и кој со своите тектови придонесува тој прекрасен континуитет на врските и поврзувањето помеѓу двата пријателски народи, култура, никогаш да не прекине, наведе во својата поздравна порака за вечерашната промоција“, проф. др. Златко Крамариќ, хрватски амбасадор во Македонија.

Книгата е финансирана од хрватската Влада, а промоции се планирани во Загреб, Сплит и Скопје./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавен речник на туѓи зборови во македонскиот јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат лексикографското издание „Мал речник на туѓите зборови во македонскиот јазик“ од Толе Белчев, Снежана Веновска-Антевска и Елена Јованова-Грујовска. Објавувањето на речникот е помогнато од Министерството за култура.

Речникот е „мал“ само по тоа што ги содржи најчесто употребуваните зборови од другите јазици (англиски, германски, француски, латински јазик), а не и од јазиците на соседите (српски, бугарски, албански, турски, грчки), а авторите – угледни лингвисти и универзитетски професори најавуваат дополнети и нови изданија од овој вид. „Малиот“ речник е толковен и има 550 страници, голем формат.

„Малиот речник на туѓите зборови во македонскиот јазик е текст наменет за сите возрасти, особено за помладите кои се среќаваат секојдневно со непознати зборови или со зборови што ги прочитале или ги слушнале некаде и не им го знаеле точното значење. Потоа во различни пригоди и од различни причини сосема несоодветно ги употребуваат тие зборови. Оваа книшка е потсетник за таквите зборови со цел да се употребат онаму каде што е потребно и соодветно. Овде е направен избор од непознати туѓи зборови што се употребуваат често“ пишуваат авторите во воведот на делото, нагласувајќи дека дел од зборовите „потекнуваат од други јазици, а дел од нив можат да се јават како нови од соодветниот јазик. Оние што потекнуваат од други јазици се поставени како туѓи, странски зборови, а ако ги има во повеќе јазици тие се јавуваат како интернационализми.“

Рецензенти на речникот се проф. д-р Максим Каранфиловски и проф. д-р Маќеј Кавка

Прикажи повеќе...

Книги

„Македонска сага“ – нова книга за филмот

Објавено пред

Деновиве излезе од печат новата книга на новинарката и филмска критичарка, Сунчица Уневска, насловена „Македонска сага“. Станува збор за уште една книга со рецензии, како нејзината претходна „Седмиот печат“, но овој пат посветена целосно на македонскиот филм. Имено, ова е прво издание за македонскиот филм кое го опфаќа периодот од осамостојувањето на нашата земја па сè до денес, период на т.н. современ македонски филм или независна македонска кинематографија.

Во книгата се поместени рецензии за 45 македонски филмови, почнувајќи од „Македонска сага“ (1993) на Бранко Гапо, па сè до „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева. А покрај рецензиите Уневска прави и избор на новинарски текстови и коментари кои зборуваат за состојбата со филмот во одредени временски периоди, како и текстови за филмови кои на свој начин го одбележале времето во кое се појавиле. На тој начин оваа книга не е само збир на филмски рецензии, туку се претвора и во своевидна хроника на времето во последниве триесеттина години, која на овој начин за првпат го опфаќа споменатиот период на создавање во филмската дејност.

„За разлика од порано, тоа е доста турбулентен период во поглед на филмската продукција во нашата земја, во кој доживеавме и најголеми успеси, но и многу големи падови, кога македонската кинематографија стана непрепознатлива во светот“, вели Уневска. „Денеска не е така, многу нешат во меѓувреме се сменија, а најмногу свеста дека македонскиот филм мора одново да се пронајде себеси и да го фати чекорот со тековите во светот. Некои нови проблесоци ветуваат дека не е сè загубено…“, додава авторката.

Интересно е дека во книгата се објавени рецензиите, написите и коментарите онака како што биле објавени во тоа време, „објективно и без разубавување, зборувајќи за времето и настаните без задршка, токму онака како што било“. Затоа и оваа книга, освен за читање, веројатно ќе биде значајна и за проучување за сите оние кои се занимаваат со филмот, затоа што го одразува времето и настаните многу посеопфатно од само филмската продукција. Книгата е во издание на „Аквариус“, а веќе од оваа недела ќе ја има во книжарниците во Скопје. Промоцијата е планирана за месец јануари.

Прикажи повеќе...

Книги

Нов број на филхармонискиот весник

Објавено пред

Излезе вториот број на Магазинот за класична музика и уметност кој го издава Филхармонија. И во овој број има интервјуа и текстови кои се врзани со настаните кои ќе се реализираат на нашата концертна сцена. Во магазинот може да се прочитаат интервјуа со диригентот Тимоти Редмонд, пијанистот Бери Даглас, виолинистката Естер Ју, македонските уметници – диригентот Борјан Цанев и виолинистката Фросина Богданоска.

Во мини магазинот има и претставувања на ансамблот „Јаношка“, кој ќе настапи на новогодишниот гала-концерт на Филхармонија, пијанистот Давид Фре, за кого критиката вели дека е „совршен пример за музичар кој размислува“, тромбонистот Питер Мур – најмладиот победник на натпреварот на Би-би-си… Читателите преку содржината на овој број може да се запознаат и со дел од композициите кои ќе прозвучат на концертите на Филхармонија. Воедно има и изјави од различни личности од јавниот живот во земјата, врзани со Филхармонија, нејзиниот програмски концепт и уметниците кои настапуваат. Во овој број може да се прочитаат изјавите за Филхармонија од писателот Александар Прокопиев, академик Катица Ќулафкова и од новинарите и долгогодишни проследувачи на културната сцена Љупчо Јолевски и Ѕвездан Георгиевски.

Магазинот визуелно се инспирира од комплетно новиот дизајн на сите печатени материјали на Филхармонија – каталог, постери, програма за концерти кои се идејно решение на дизајнерот Горан Златевски. Уредници и автори на текстовите во магазинот се музиколозите Ангелина Димоска и Тина Иванова.
Бесплатни примероци од магазинот ќе има во нашата институција, но и по градските кафулиња, ресторани, туристички агенции, хотели…

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската Амбасада,по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк Тајмс“,...

Свет30 минути

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет1 час

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија13 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ17 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија18 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт24 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија2 дена

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ2 дена

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа2 дена

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Досие