Контакт

Книги

Доделена награда Ерго сум на македонскиот драмски писател Зоран Пејковски

Објавено пред

Редакцијата на списанието за уметност „СУМ“ од Штип, годинешната наградата „Ерго СУМ“ му ја додели на македонскиот драмски писател и драматург, Зоран Пејковски, за популаризација и афирмација на театарскиот израз.

dobivaj vesti na viber

Зоран Пејковски наградата ја добива за неговите писмени артикулации во електронските и пишаните медиуми со кои ѝ дава гласност на сценската уметност, поточно на театарскиот израз .

„Редакцијата на списанието СУМ поаѓајќи од фактот дека во последните години сѐ помалку му се приоѓа на театарот од теоретски аспект со наградата сака да ги поттикне познавачите на театарската уметност: драматурзите, театарските критичари и театролозите да дадат свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на театарскиот израз, т.е на сценската реалност“, се вели во образложението на редакцијата.

Зоран Пејковски е магистер по драматургија, но е и единствениот натуралист во македонската литература, а покрај тоа што тој е драмски писател и драматург, тој е и поет, прозаист, преведувач и публицист, а е и драматург во Народниот театар од Охрид. Воедно тој е и докторант на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Инаку, Зоран Пејковски автор е на повеќе книжевни и драмските дела, и тоа: „Атомско време“ (трагедија, 1987), „Тесно небо“ (поезија, 1993), „Последниот чин на комедијата на смртта“ (трагикомедија, 1994), „Реликвија на светлината“ (поезија, 1996), „Облак во пантолони“ (препев на В.В. Мајаковски, 1997), „Relic of the light“ (поезија, 1998), „Филозофија на смртта“ (поезија, 1999), „Љубов на вересија“, (љубовно-еротска комедија, 2000), „Театарот е ритам и стил“ (публицистика, 2002 година), „За животот, љубовта и смртта“ (монодрама, 2011), одиграна на сцената на Народниот театар од Битола, во театарската сезона 2001-2002 година, „Театарот е фабрика за соништа“ (публицистика, 2012 година), „Сон“ (трагедија, 2013 година), „Сега знам“ (поезија, 2014 година), „Сите наши кодоши“, (македонска национална крвава трагедија, 2014 година), „Самуилово распетие“ (драмата во стих со пролог и епилог, 2014 година). Во 2014 година, го работи и сценско-драмскиот рецитал „Херувимите на Самуиловата круна“, кој беше одигран од актерите на Народниот театар од Битола по повод 1000-годишнината од смртта на царот Самуил, во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Демир Хисар, а по повод отворањето на Демирхисарското културно лето – Топол културен бран. Потоа следат и „Градот на јужното море“ (роман, 2015 година), како и сценско-драмскиот рецитал „Со љубов кон Свети Климент Охридски“ (2015 година), а актерите на Народниот театар од Прилеп, го одиграа, по повод отворањето на Демирхисарското културно лето – Летен културен бран во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Демир Хисар, кој во 2016 година излегува од печат.

Во 2016 година од печат излегуваат и „Да не ми е сон“ (поезија, 2016 година), „Избор драми – трагедии“ направен од проф. д-р Димитар Пандев кој се осврнува во предговорот на оваа книга, (избор драми-трагедии, 2016 година), како и „Златна прашина“ (поезија, 2016 година). Меѓу другото тој е и автор на драмскиот текст „Мали детски разговори“ (пиеса за деца, 2016 година), а во 2016 година, актерите на Народниот театар од Прилеп, ја одигруваат адаптацијата на драмскиот текст во стих „Апостолска чудотворност“, по повод отворањето на Демирхисарското културно лето – Топол културен бран, во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Демир Хисар, а по повод 1.100 години од смртта на свети Климент Охридски. Исто така оваа драмска адаптација е одиграна и на отворањето на шестата по ред Меѓународна книжевна манифестација „Битолски книжевни паметења“ во организација на Министерството за култура на Република Македонија, потоа во Општината Могила, исто така во рамките на Топлиот културен бран во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Општината Могила, и итн.

За Зоран Пејковски може да се каже дека од 1995 година е член на Друштвото на писатели на Македонија, потоа, член на Собранискиот одбор на Друштвото на писатели на Македонија, а е претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола. Пејковски е и член на Македонското научно друштво од Битола, и член на Управниот одбор на Македонското научно друштво, а бил и раководител на Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм, издаваштво, кој работи во рамките на Македонското научно друштво, потоа тој е и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“, а е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Друштвото на писатели „Битолскиот книжевен круг“ од Битола. До неодамна тој бил и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, кое излегува во рамките на Македонското научно друштво од Битола.

Воедно Зоран Пејковски, е преведуван и препејуван на повеќе странски јазици: англиски, француски, српски, словенечки, хрватски, босански, руски, бугарски, грчки, албански, португалски, шпански, романски, полски, влашки, монголски итн. За својот книжевен и публицистички опус има добиени повеќе награди и признанија, меѓу кои: „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно просветната заедница на Македонија во 1992 година; наградата „Празник на липите“ во 2012 година, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација; наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“ во 2014 година, потоа наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола за книжевност и литература за 2014 година, за збирката песни „Сега знам“ и за драмскиот текст „Сите наши кодоши“, па следи наградата „Јован Котевски“ во 2016 година за збирката песни „Златна прашина“, итн./крај/мф/аш

Извор: Макфакс

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет1 час

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа2 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...