Контакт

Книги

Доделени сертификати за туристички водичи за локалитетот Кокино

Објавено пред

Сертификати за туристички водичи за архео-астрономскиот локалитет Татиќев Камен – Кокино беа доделени во четврток во просториите на  Музејот на Македонската борба во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 50 лиценцирани туристички водачи поминаа еднодневна обука за водење на туристи на Кокино, во организација на Националната Установа Музеј Куманово и Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија. Обуките се дел од подолгорочна иницијатива за развој на Кокино како туристичка дестинација.Пред присутните се обратија Анита Цветановска, Директор на НУ Музеј Куманово, Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата за економски развој на УСАИД Македонија и Анета Дамјановска, национален програмски координатор во Швајцарската агенција за развој и соработка.    “Кокино може да се претвори во еден од главните центри на туризмот во регионот, доколку се продолжи со насочено инвестирање во локалитетот“, изјави Марковска.  “Тоа е само една од многуте дестинации низ државава, кои истовремено се дел од богатото културно наследство на Македонија и туристички дестинации кои, доколку се развиваат одговорно и оддржливо, можат да  бидат адути во рацете на  нашата туристичката индустрија“, дополни таа.Анета Дамјановска од Швајцарската агенција за развој и соработка се осврна на придобивките за локалните економии.„На долг рок, континуираното вложување во Кокино и нему слични локалитети, носи придобивки и за локалното население. Токму локалното население, локалните мали бизниси можат да бидат моторот на економскиот развој и развојот на туристичката понуда на рурални, релативно изолирани подрачја како Кокино“, рече Дамјановска.За да го поддржи развојот на Кокино, а во соработка и координација со НУ Музеј Куманово, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизнис ова лето донираше информативни табли, патокази, заштитна ограда за еден дел од локалитетот и го поддржа објавувањето на официјалната веб страна на Кокино – kokino.mk. Според прописите на Музејот, сите водичи кои сакаат да носат тури на Кокино треба да поминат обука за водење на обуките и да го најавуваат своето присуство на локалитетот во Музејот. Ова ќе овозможи повисок квалитет на турите, но и следливост на бројот на посетители на локалитетот, како и воведување на систем на наплата на влезници, со кој се обезбедат редовни приходи за понатамошно подобрување на инфраструктурата на и околу Кокино и одржување на локалитетот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија2 часа

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија5 часа

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија7 часа

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија7 часа

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија8 часа

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија9 часа

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет10 часа

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет10 часа

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет11 часа

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...

Свет20 часа

(Видео) Прашањето за цивилите, возењето во лимузината и ракоплескањето во фокус во јавноста по стартот на средбата меѓу Трамп и Путин

За време на средбата во Алјаска, американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, позираа пред собраните фоторепортери. Во...

Свет21 час

(Видео) Трамп и Путин на историска средба во Алјаска, состанокот би можел да трае со часови

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа во Алјаска. Откако се поздравија, се ракуваа и...

Свет22 часа

Трамп: Европа нема да ми каже што да правам, ако состанокот со Путин не е добар – ќе си заминам

Американскиот претседател Доналд Трамп е на пат кон Алјаска каде што ќе има историска средба со рускиот лидер Владимир Путин....

Македонија1 ден

Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради одземање или уништување службен печат или...

Македонија1 ден

Ивановска: 11 часа по објавувањето на кандидатурата за градоначалничка, полицајци затропаа на мојата врата

11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата, објави поранешната претседателка...

Економија1 ден

Муцунски: Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шеста во светот по обем на гринфилд-инвестиции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димоски, денеска...

Македонија1 ден

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет1 ден

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...