Контакт

Книги

Кетрин Бренинг го промовираше романот „Месечева принцеза“ во Истанбул

Објавено пред

Турците ги познава подобро отколку што тие се познаваат самите себе. Видео снимката од нејзиниот говор на една конференција во кој таа преку турскиот чај сликовито им ја претстави Турција и нејзините луѓе на светот преку приказната за турскиот чај, минатата година доживеа рекорден број на споделувања на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Американската писателка и истражувач  Кетрин Бренинг е вљубеник во Турција, на почетокот на минатата година го привлече вниманието на јавноста со својата збирка есеи  „Уште еден чај ве молам“. 

Таа деновиве повторно беше во Турција за промоција на својата најнова книга „Махпери султана“ („Месечева принцеза“), историски роман во кој Бренинг  ја опишува  Анадолија од 13 век, во периодот на владеењето на Селџуците. Љубовната приказна на оваа селџучка принцеза, сопруга на султанот Алаедин Кејкубат е проткаена со нејзината смела борба  против интригите на царскиот двор, политичките измами, изневерувања  и борбата за власт.  Зошто токму Селџуците? На ова прашање Кетрин Бренинг одговара: „ Затоа што сите ги знаат Османлиите. Милиони туристи го посетуваат сарајот Топкапи, серијата за султанот Сулејман Величествениот е популарна, но регионот на Анадолија, Конја, Кајсери и Токат е еден сосема различен амбиент, различна атмосфера, тоа е земјата на Селџуците.  

Дали нејзиниот повторен претстој во Истанбул и промоцијата на најновиот роман во една од босфорските конаци е случајност? Според писателката тоа е нејзина судбина. Таа веќе 30 години како историчар на уметноста и модерен патописец  истражува во Турција и го има посетено секое нејзино катче. „Во животот сѐ минува но три работи се трајни вели Бренинг: историското наследство, убавината на уметноста и моќта на жената. Затоа решив да го напишам овој роман.“  

Принцезата Махпери била сопруга на селџучкиот султан, била многу моќна жена, прво била христијанка, а потоа го примила исламот. Изградила седум карвансараја и 13 век, периодот кога таа живеела, бил најблескавиот период на Селџуците. Поголемиот дел од карактерите во романот се реални, но некои се имагинарни. „Сакав да покажам како една моќна жена како што била принцезата Махпери успеала да обедини две религии и да создаде еден убав и мирен живот на оваа почва.“ 

Најновото дело на американската писателка е резултата на нејзиното долгогодишно истражување на селџучката историја и уметност на овие простори. Таа самата е вљубеник во оваа уметност и ја оценува како една од најмоќните во историјата на уметноста. 

Кетрин Бренинг живее во Њујорк, но нејзина втора татковина е Турција. Нејзините први сознанија за оваа земја ги добила читајќи ги познатите писма на Лејди Монтегју, британската благородничка и сопруга на англискиот амбасадор во тогашната Османлиска Империја, која била една од ретките западни сведоци на животот на Турција од 18 век. Нејзините писма до своите пријатели содржат живописни описи за разни аспекти од животот на Османлиите во тој период. 

„Кога првпат ги прочитав имав 20 години и бев восхитена, Лејди Монтегју оставила  драгоцени записи и свои сведочења за тогашното време и никогаш не употребила никаква критика“, објаснува Бренинг.  „Решив да напишам книга во која ќе се допишував со Лејди Монтегју  во која ќе ѝ  пишував за моите искуства во оваа земја и за тоа што сѐ променило од нејзиното патување и престој од пред неколку века“. 

На нашето прашање дали и таа се чувствува како лејди Монтeгју додека ги пишува своите дела, таа вели дека додека Монтегју ги запишувала своите впечатоци и им ги пренесувала на своите пријатели,  таа самата има и една  едноставна мисија, а тоа е да ги зближува различните култури. 

Кетрин Бренинг е експерт за исламска уметност и од 1978 г. има направено безброј истражувања во Турција од полето на архитектурата и декоративните уметности. Држи предавања од областа на мултикултурата и била уредник на разни публикации за селџучката уметност како и била куратор на изложби.  Уредник е на публикацијата „Големото селџучко наследство“ објавено минатата година под покровителство на  тогашниот претседател на Република Турција Абдулах Ѓул. Во 2012 г. е прогласена за почесен граѓанин на турскиот град Ризе.крај/аак



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 минути

(Видео) Зеленски: Имаме решение за руските дронови, подготвени сме да го споделиме со НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи важноста на дроновите во одбраната на неговата земја од руска инвазија, истовремено нудејќи поддршка...

Европа19 минути

(Видео) Голем протест во Анкара: „Се случува државен удар против идниот претседател“

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во турската престолнина Анкара против судскиот случај што може да доведе до отстранување на лидерот...

Свет26 минути

(Фото) Рубио пристигна во Ерусалим, Израел го бомбардираше градот Газа уште пожестоко

Израелските сили уништија најмалку 30 станбени згради во градот Газа, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија палестински...

Топ48 минути

Двајца претепале човек во паркот „Жена-борец“: тој починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија11 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија12 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија15 часа

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија15 часа

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија16 часа

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија18 часа

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија18 часа

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија19 часа

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...

Македонија20 часа

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ21 час

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија22 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет22 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија23 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија1 ден

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија1 ден

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија1 ден

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...