Контакт

Книги

Маџиров ќе чита поезија во Париз

Објавено пред

Поетот Никола Маџиров,  во вторник, ќе чита во најпосетената книжарница во Париз, „Шекспир анд компани”, како дел од промоцијата на Антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата”, објавена годинава во Велика Британија. 

dobivaj vesti na viber

Стиховите на Маџиров се вклучени во оваа антологија, објавена по повод 50 години од списанието „Модерн поетри ин транслејшн” основано од Тед Хјуз, а која веќе беше промовирана на „Кингс колеџ” во Лондон и „Квинс колеџ” во Оксфорд. Антологијата вклучува и стихови од Јехуда Амихај, Дарвиш, Брехт, Васко Попа и други автори. Книжарницата „Шекспир анд компани” е основана во Париз во 1919 година и била главно париско собиралиште на Езра Паунд, Џемс Џојс, Хемингвеј и други автори. По затворањето за време на Втората светска војна, повторно е отворена во 1951 година и е посетувана од Ален Гинзберг, Бероуз, Ферлингети и други поети од бит-генерацијата, а станува глобално популарна по појавувањето во филмовите „Бифор сансет” на Ричард Линклатер и „Миднајт ин Париз” на Вуди Ален.Во март годинава книжарницата „Шекспир анд компани” ја избра песната на Никола Маџиров „По нас”, на македонски и англиски јазик, како поетска порака за Светскиот ден на поезијата./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ33 минути

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Свет2 часа

(Видео) Двајца мртви во нова американска акција против трговија со дрога во Пацификот

САД извршија уште еден напад во Пацификот врз брод за кој се сомнева дека превезувал шверцери на дрога, а американската...

Свет2 часа

Австралиската полиција: Нападот на плажата Бонди не е поврзан со терористичка организација

Австралиската федерална полиција соопшти дека двајцата вооружени лица кои убија 15 лица за време на еврејски празник на плажата Бонди...

Свет2 часа

Трамп: Не се согласувам 100% со израелскиот премиер за Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се согласуваат целосно по прашањето за...

Македонија2 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет14 часа

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија16 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија18 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет22 часа

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа1 ден

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион1 ден

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет1 ден

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет1 ден

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија1 ден

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ1 ден

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...