Контакт

Книги

Одбележани сто години од раѓањето на Радослав Петковски

Објавено пред

Во допадливиот амбиент на книжарницата „Клуб Матица Ексклузив“ во Скопје во средата вечерта се одржа промоцијата на книгата „Поезија, разкази и драмски текстови од Радослав Петковски“ од Проф Д-р Нада Петковска, а во издание на „Панили“.

dobivaj vesti na viber

„Стогодишнината од раѓањето на Радослав Петковски е добар повод за навраќање кон неговото дело, кон неговата литературна заоставнина, која воопшто не е занемарлива. Секогаш треба да бидеме отворени кон нови средби со минатото, затоа што новите пристапи кон него отвораат простор за негово превреднување, откриваат некои навестувања кои во моментот на неговото настанување не биле препознатливи, за потоа да станат мошне важен фактор за идниот развиток на литературата“, потенцираше авторот д-р Нада Петковска во своето излагање.

Промоцијата ја водеше и делото го доближи до многубројната публика проф д-р Весна Мојсова-Чепишевска:

„Оваа книга е пред сẻ е предизвик не само за авторката, која развива една посебна форма во релацијата претходник-следбеник, зашто во Радослав Петковски таа го има истовремено и биолошкиот и книжевниот татко, туку и за македонската културна средина, зашто се јавува како сериозен обид за добивање вистинска слика за најголемиот дел од опус на Радослав Петковски. Имено, неговото дело досега е објавувано само парцијално, така што овој ангажман на Петковска е еден вид надоврзување или надополнување на она што веќе е понудено. Има и еден реален зазор од можен заборав на делото на овој македонски писател, зашто како што пишува Петковска во своето обраќање, сеќавањето за Радослав Петковски кој е познат како автор на збирката раскази под наслов ‘Рибарот Климе’ според неговиот најпопуларен истоимен расказ, која веќе и не е задолжителна лектира, можно е да избледи“, истакан Мојсова-Чепишевска .

Ова најново издание, освен што е озвучено со изборот стихови од 31 песна, со приказните од 21 расказ и со текстовите на трите драмски текстови: „Продадена“, „Збогум, татко!„ и „Зборот на борецот“, тоа е засилено и со извонредниот поговор-студија на Нада Петковска развиен на стотина страници кој повикува на едно објективно и неутрално препрочитување на делото на Радослав Петковски, на исчитување со претходно ослободување од некои веќе создадени шеми и стреотипи .Во ткн група охридски автори која ја сочинуваат: Борис Бојаџиски, Димче Маленко, Ванчо Николески, Миле Волканоски, Видое Видически, Радослав Петковски како да има посебно место.

Ѕвездата што гасне во белите мугри на македонската литература, како што го нарече академик Гане Тодоровски, е дел од една историска генерација основоположници на развојната етапа која се покажа и како авангарда во битките за националното опстојување и за поткрепа во стабилизацијата на нацијата и државата.

„Мошне битна придобивка на оваа генерација творци е залагањето за употреба на македонскиот јазик во творештвото, за што се залага и Р.Петковски. Накратко, тој е дел од една генерација творци што во декадата од триесеттите до четириесеттите години на дваесеттиот век ја достигнува својата творечка и човечка зрелост.Погледите на животот, односот кон литературата,сфаќањата за поетскиот израз и јазик покажуваат мошне блиски тенденции, од што произлегува заклучокот за закономерноста на еден творечки процес на кој припаѓа Петковски. Денес ова творештво треба да се прочита неутрално,објективно, да се ослободи од некои шеми и стереотипи, при што ќе стане јасно дека убавината на делата на Радослав Петковски е пред се во искреноста со која се искажуваат интимните доживувања, со која се искажуваат интимните доживувања, со која се опишуваат тажните епизоди од живото на малите луѓе,при што доаѓа до израз извонредното мајсторство за деталот, за психологијата на овие луѓе,нивниот стоицизам и големината на надежта кај сите кои очекуваат поинаков живот, но и нивните лични трагедии. Не помалку доживеани се описите на природата, на атмосферата на малиот град…. И секако, главната задача беше да се објави ова творештво за да може да си го заземе своето место во историјата на македонската литература“, потенцираше Петковска во своето излагање.

Мојсова-Чепишевска го заврши своето излагање со зборовите „Нацијата што не ги цени и што не знае да ги цени своите раскажувачи, го губи своето детство.“ Така и оваа книга „Поезија, раскази и драмски текстови од Радослав Петковски“ што ја подготви Нада Петковска е потсетување да не дозволиме да ни се случи заборавање! Зашто што е човекот без своето детство!“

СНОШЧИ ТЕ ЉУБЕФ

Сношчи те љубеф, момиче мило!Сношчи те љубеф и си мислеф:Љубиф, љубиф – се наљубиф,ја наситив жедна младост!Сношчи мислеф се наљубиф!А денеска пак ме мачит,Пуста младос ненаситна! Радослав Петковски./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет1 час

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет1 час

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет1 час

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа2 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет3 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет3 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија20 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија22 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија22 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет23 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет23 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија1 ден

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 ден

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 ден

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија1 ден

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет2 дена

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...