Контакт

Книги

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Објавено пред

Националната  установа  универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, во петок, во 12 часот, во просториите на библиотеката, ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.

dobivaj vesti na viber

x„Нашиот однос кон книгата во голема мера го одредува нашиот однос кон културата. На Светскиот ден на книгата и авторското право да се обединиме околу книгата,  да ги поддржиме оние што живеат од книгата и со книгата, и кои се чинители таа да живее. Овој ден претставува убава можност заедно да размислуваме за подобро ширење на писмената култура и да му овозможиме на секој поединец, маж, жена, дете да ни се придружи во ширењето на читањето и поддршката на  занаетите и умешностите поврзани со издаваштвото, книжарниците, библиотеките, училиштата. Книгите се нашите сојузници во ширењето на образованието, науката и културата и на информациите, насекаде во светот“, велат од библиотеката.Оваа година се одбележува 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски и 400 години од смртта на светските автори Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.Светскиот ден на книгата се одбележува на 23 април – датумот на кој во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Сервантес и Шекспир.На настанот  ќе се прочитаат пораката од Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, во која се вели  „Нема ништо подобро од книгата. Книгата е врска меѓу минатото и иднината. Таа е мост меѓу генерациите и  културите. Таа е посредник меѓу создавањето и споделувањето на мудроста и знаењето.На овој ден, јас ги повикувам сите партнери на УНЕСКО да ја споделат следнава  порака: книгите имаат моќ да да се спротивстават на она што Шекспир го  нарекуваше – заедничко проклетство на човечкиот род, незнаење и лудило.“Ќе се прочита и пораката од Љубиша Георгиевски во која што се вели „Деновиве судбината започна да ја вежба етидата Крај на светот, во која светот и книгата  се натпреваруваат кој од нив ќе биде погрд и поапсурден, доколку грдотијата и апсурдот можат да се степенуваат?   Минувајќи низ книжевноста, судбината сè уште и наспроти она што го бара, учи дека не смее  докрај да се мири со еден монетарен свет, создаден од неа, во којшто аверсот постојано го лаже сопствениот реверс, додека реверсот одбива да го фати на дело!? Тоа не значи ништо друго освен дека сите наративи и сите метанаративи се безнадежно потрошени и дека со светот владее суштата испразнетост.“На крај  ќе следат извадоци од младите поети од основното училиште „Коле Канински“- Битола.   НУУБ„Св.Климент Охридски“ – Битола по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ќе  подари книга и цвет, според каталонскиот./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...

Македонија6 часа

За пет дена 2.267 сообраќајни прекршоци, уапсени се 22 лица

Од почетокот на месец октомври полицијата констатирала 2.267 сообраќајни прекршоци, а 22 лица се уапсени за безобзирно управување на возило,...

Македонија7 часа

(Видео) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ

Јасно е дека Заев ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и...

Топ8 часа

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски...

Македонија9 часа

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Полицијата поднесе кривична пријава против помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, затоа...

Свет9 часа

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата на коронавирус?

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во...

Македонија11 часа

Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“

„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува...

Македонија11 часа

„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај...

Регион11 часа

(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок...

Европа13 часа

(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот...

Свет13 часа

Трамп: Разговорите со Хамас за завршување на војната во Газа напредуваат брзо

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Хамас за прекин на израелската војна во Газа и ослободување на...

Европа14 часа

(Видео) Украинците го нападнаа Белгород: град со 300.000 жители остана без електрична енергија

Рускиот град Белгород и околните области беа погодени од прекин на електричната енергија синоќа. Причината беа нападите што ја оштетија...

Регион14 часа

(Видео) Мафијашка пресметка во Црна Гора, пронајдено тело на популарна плажа

Целосна полициска блокада е воспоставена во поширокото подрачје на плажата Јаз во близина на Будва вчера вечер поради убиство што...

Македонија23 часа

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија1 ден

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија1 ден

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија1 ден

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион1 ден

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет1 ден

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет1 ден

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...