Контакт

Книги

Поезијата на Никола Маџиров објавена и на арапски јазик

Објавено пред

Поезијата на Никола Маџиров се објави на арапски јазик во списанието „Ал Араби Ал Аџед“.

Како што соопшти авторот, избор од единаесет негови песни се проширија низ арапскиот свет преку објавата во еден од најчитаните независни арапски магазини кој според написите во другите медиуми, го има променето пристапот кон уметноста и новинарството во арапскиот свет. 

Поезијата на Никола Маџиров се објави и на грузиски јазик во списанието на Асоцијацијата на писатели во Грузија, а е во печат за објава во превод на исландски и летонски јазик во Исланд и Летонија. 

Поезијата на Никола Маџиров до сега е преведена и објавена на повеќе светски јазици и тоа на англиски, кинески, персиски, унгарски, холандски, шпански, италијански, германски и хинди јазик. 

Никола Маџиров е роден на 27 мај 1973 година во Струмица. Тој е поет, есеист и преведувач. 

Добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. 

Координатор е за Македонија на меѓународната поетска мрежа Lyrikline. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии.крај/мф/сд

Книги

Објавена книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавена книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“ од чешкиот писател Марек Томан. Делото од чешки го преведе Мирјана Наумовски (Мими Наум), а неговото објавување во рамките на проектот „Креативна Европа“ е поддржано од Европската Унија, македонското и чешкото министерство за култура.

Дејствието се одвива во Америка, на Дивиот Запад. Во слаткарницата на кривогледиот Џим служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и читателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој ги краде сите книжевни текстови. Заедничката борба со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот. Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание на квалитетната и на другата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да предизвикаат љубов кон книгата.

Марек Томан (1967) е чешки прозаист, поет и преведувач. Студирал филозофија на Карловиот универзитет во Прага. Бил уметнички директор во радио, а од 1997 година работи во чешкото Министерство за надворешни работи. Десет години бил дипломат во Естонија и Унгарија.
Негови дела се преведени на англиски, фински, унгарски, српски и други јазици. На македонски јазик му е објавен и романот „Пофалба на опортунизмот“ („Бата прес“, Скопје, 2019)

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурс за најдобра песна на „Празник на липите“

Објавено пред

Друштвото на писатели на Македонија традиционално во месец јуни ја организира поетската манифестација „Празник на липите“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и под покровителство на Град Скопје. Овој пат поетската манифестација со физичко присуство на поетите се одложува за некој подоцнежен период во текот на годината, кога условите ќе го овозможат тоа.

Денес се распишува наградниот конкурс за најдобра необјавена песна на „Празник на липите 2020“, кој ќе биде отворен до дваесетти август оваа година. Членовите на ДПМ се покануваат да испратат своја песна за конкурсот на електронската адреса [email protected] или по поштенски пат, на адресата на Друштвото на писатели на Македонија – „Максим Горки“ 18, 1000 Скопје, и тоа во четири примероци.

Исто така, се охрабруваат, доколку се во можност, да испратат видеозаписи од сопствената интерпретација на песните, за да може пријавените песни да бидат објавувани во електронските медиуми во текот на конкурсот.

За изборот на најдобра песна на манифестацијата и оваа година ќе одлучи тричлена жири-комисија составена од истакнати членови на асоцијацијата. Доколку условите не ја дозволат реализацијата на поетско читање, тоа ќе биде организирано како онлајн настан.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова поетска книга „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска

Објавено пред

Деновиве излезе од печат најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска, „Јазикот на светлината“, во издание на „Македонија презент“. Книгата е поддржана на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура на РСМ. „Јазикот на светлината“ е шеста стихозбирка на авторката.

Рецензент на книгата е проф. д-р Венко Андоновски, кој истакнува дека најновиот поетски ракопис на Спасовска, кој неодамна ja доби и наградата „Антев златник“ на меѓународната поетска манифестација „Антево перо“, е пообемен ракопис со повеќе циклуси, кои покажуваат дека поетесата има повеќе тематско-мотивски опсесии. Но, во сите тие мотиви, без разлика дали станува збор за светлината и нејзиното симболичко место во вселената, за црвениот змеј, за Соломоновата чаша или за митолошките рециклажи на џиновите и митските суштества, за змијата која постои уште пред Адам и Ева, или едноставно, за Македонија како земја на единствената светлина, едно нешто е секогаш исто: проблесокот, зенот, сознанието…

Поезијата на Сузана В. Спасовска во оваа стихозбирка, главно посветена на светлината, сепак, ја сведува таа светлина на десетици разни еманации: на цвет, школка, вода, љубов, сонце… На дело е една поетска синтакса на светлината, превод на светлината во навидум неслични на неа нешта и, што е најважно, зад секоја песна се крие најважното својство на секој голем поет: крикот. Тие неми крикови, тие навистина стилски беспрекорни песни од оваа стихозбирка, убеден сум, стануваат мера за нашата современа поезија…

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет5 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија5 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет6 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија23 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија24 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија24 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие