Контакт

Книги

„Про-за Балкан“ со идеја Македонија земја на фокус на Саемот на книга во Франкфурт

Објавено пред

Македонија да биде земја на фоукс на Саемот на книгата во Франкфурт во 2022 година, е идеја која произлезе од фестивалот „Про-за Балкан“, што во недела вечер се одржа во пријатната атмосфера на Даут-пашиниот амам.

dobivaj vesti na viber

Исполнета повеќе странски  и домашни гости, синоќа беше отворено четвртото издание на Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“. Филигрански избраното друштво на автори од земјите од регионот, збогатено со нивно промовирање од нивните почитувачи – македонски автори, го привлече вниманието на публиката која го исполни Даут-пашиниот амам. Таа стана поблиска со делата на Георги Господинов од Бугарија, Марко Видојковиќ и Звонко Карановиќ од Србија, Асли Перкер од Турција и до Луан Старова од Македонија, благодарение токму на нивната промоција. Модератор низ промоцијата беше Ана Јовковска, а за делата на годинашните гости зборуваа писателите Александар Прокопиев, кој е уметнички директор на фестивалот, Ермис Лафазановски и Елизабета Шелева. Присутните ги поздрави директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски, кој посака и даде идеја Македонија да стане земја во фокус на Саемот на книгата во Франкфурт во 2022 година, идеја која ја возбуди публиката, со прашањето дали реално Македонија може да биде дел од светското друштво на план на литературата. „Сите земји што ја реализирале идејата, не зажалиле, Турција е добар пример за тоа. Македонија треба да си ја сфати многу сериозно тоа.“Фестивалот го помогнаа Министерството за култура, Турскиот културен центар во земјава, Културниот центар на Бугарија во Македонија, Европската Комисија во Македонија.„Годиниве што поминаа, на „Про-за Балкан“ дојдоа извонредна група автори, важни издавачи, при тоа, авторите кои настапуваа тука и со кои се дружевме, се разнородни по своите творечки патишта, ние не сме типично тврд фестивал. Гостите што ги имаме и годинава имаат свој пат и клуч. Крајната цел е македонската публика да се запознае со автори чии дела не само што се регионално важни, но преминуваат и граници. Сите автори што ги имаме гости, се веќе преведени на македонски јазик, а од друга страна, зачестија и преводите на нашите автори на јазиците во регионот. За нас е многу важно што со нас е Џон О Брајан, од „Далки аркајв прес“, рече Прокопиев. Тој зборуваше и за делото на Господинов, кој е добитник на наградата „Прозарт“ што ја доделува фестивалот. Прокопиев истакна дека без разлика каква е структурата на романите на познатиот бугарски писател, во богатата композиција постои лиричност, која претпостави дека доаѓа од поезијата што ја создава. „Контрабандист помеѓу поезијата и прозата. Поезијата е многу важна за луѓето што пишуваат романи реченица по реченица. Јас почнав со поезија, така што таа шизофренија помеѓу двата жанра, мене ми е многу важна. Во „Физика на тагата“ ми беше важно да разработам различни стилови на раскажување, има хексаметар, Сократов дијалог, митолошки расказ и ми беше важно како се ќе се собере во едно. Книгата има и места за одмор, кога читателот, треба да си ги собере мислите и да продолжи“, рече Господинов.Тој се осврна на зборот тага, истакнувајќи дека на Балканот кога ќе се изговори тага, боли во грлото. На италијански на пример, е меланхолија и колку тоа лесно звучи. Тагата има географија, балканската тага е погуста.Детството е важен период од животот на секого и во делата на Господинов има големо место. Тој се потсети на своето детство и на влијанието на него од страна на неговите баба и дедо, кои му раскажувале приказни. На темата егзил зборуваа Шелева и авторот Луан Старова. Тој е автор на уникатна ..„Татковите книги“, „Време на козите“, роман што доживеа превод на 20-ина јазици. Во романите на Старова се наметнува егзилот. Тој се прашува и колку турцизми има во денешните балкански јазици. Може ли да се биде победник од егзилот, беше едно од прашањата што Шелева му ги постави на Старова. „Судбината на авторот на овие простори, ..јас ги прифатив разликите како можна егизстенцијална разврска, оти моето семејство е насекаде, растев во повеќе јазици, има низа работи што ме прават во еден среќен егзил, а дали постои излез, па мислам дека заради тоа и пишувам. На нашиве простори се вкрстиле многу цивилизации. Често се интересирам за јазикот во регионот и колку јазиците на земјите од Балканот лесно попримаат странски зборови, а своите ги губат. За делото на Видојковиќ зборуваше Прокопиев. Тој е автор на осум романи, кои се многу популарни кај српската публика, особено помладата. „Сите Црвенкапи се исти“ е издание на „Македонска реч“.„Имав среќа што се јавуваат генерации на клинци од 16, 17 години, кои ги читаат моите книги, а на нив нивните родители им ги предложиле моите книги. Често слушам компименти дека продолжиле да читаат откако ги читале моите книги. Никогаш не сум си замислувал дека пишувам за млади, а е битна работа, кога младите не сакаат да ги читаат лектирите во школо, а ете сакаат да ме читаат мене. Мојата цел е да продолжам да пишувам, без разлика на успехот. Важно е дали нашите дела ќе не надживеат нас“. Андреј Блатник е во друштвото на гостите. Претседателот на Литературниот фестивал во Виленица беше гостин на „Про-за Балкан“ пред неколку години, а него го претстави Ермис Лафазановски. На прашањето дали се движи балканската книжевност и каде…Тој истакна дека годинава претседател на жирито на неговито фестивал е токму Лидија Димковска. Додаде дека се повеќе македонски автори се преведуваат на словенечки јазик. На прашањето како стои женското писмо, Блатник даде еден оптимистичен, еден песимистичен одговор. „Добивам впечаток дека и марганизираните групи во општеството добиваат простор да се изразат, тоа е оптимистчко гледање, а песимистичкото е, дека кога некоја професија е во криза, тогаш настапуваат жените“, рече Блатник. Единствената жена-писателка на фестивалот е Асли Перкер, која е една од најпопуларните авторки од Турција. Таа е новинарка и писателка, која е актуелна во нашата земај со книгата „Гробот на џелатите“, во издание на „Бата прес“. Таа објасни за нејзината фасцинација со гробовите и колку тоа било нормално во времето кога растела. „Книгата ја пишував во Њујорк  и баш се чувствував како во егзил. Бев тажна, ми фалеше мојата земја“.Карановиќ, кој е подолго време во Скопје, како автор во резиденција, истакна дека бил многу пријатно изненаден од гостопримливоста на луѓето во градот. „Имав здравствен проблем, луѓето мнгоу ми помогнаа, дури и во болница. На нашите општества им се случија многу непријаности, многу од луѓето закачија депресија, некои наведнаа глава и на некој начин имав потреба сите тие приказни да ги искористам во моите книги“, рече тој./крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија8 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија10 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија11 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија14 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура15 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет15 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...