Контакт

Книги

Промоција на книгата „Вкрстување на световите“ од Мерсиха Исмајлоска

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најавува промоцијата на новата книга на Мерсиха Исмајлоска, „Вкрстување на световите“, која ќе се одржи во понеделник во Спомен-куќата на браќата Миладиновци во Струга, со почеток во 19 часот.

dobivaj vesti na viber

Промотори на делото ќе бидат Мите Стефоски и Александра Јуруковска, а за музичкиот дел е задолжен Петар Кочоски. „Вкрстување на световите“ е книга што во себе вклучува една подолга тема: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпретација на перцепцијата и нарацијата во делата „Прашина“ од Милчо Манчевски, „Се викам Црвено“ од Орхан Памук и „Боречки клуб“ од Чак Паланик)“, инаку магистерски труд на Исмајлоска. Текстот се обидува преку компаративистичко-контрастивна согледба да даде анализа на вкрстувањето помеѓу Истокот и Западот, видено преку вкрстувањето на зборот и сликата. Двојно преплетување, израз на копнеж за давање теоретски одговор на некои метафизички прашања. „Својот културолошки пристап авторката го заокружува со поврзувањето на источната и западната мисла присутна во делата на мислителите што биле способни да го вкрстат сопственото поимање на бивствувањето и светот со она на Платоновата философија или Аристотеловата метафизика“, се вели во рецензијата на проф. д-р Славица Србиновска кон книгата „Вкрстување на световите“. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Мерсиха Исмајлоска е родена во 1980 година во Струга. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавила книгите „Нова приказна“ (раскази, 2014) и „Тангента“ (есеи и критики, 2014), изданија на ЗЛКН „Бран“, Струга. Учесник е на повеќе научни конференции, симпозиуми, трибини и други собири од областа на културата, науката и на уметноста. Нејзини текстови се дел од неколку зборници научни трудови од областа на книжевноста. Членува во Европската мрежа за компаратистички проучувања, како и во Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Работи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид./крај/со/бб 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска

Објавено пред

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, ќе биде промовирана во среда, 10 април.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи во „Јавна соба“ во Скопје, во 18.30 часот, а промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски.

Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција.

Ана Кубин, авторка на рецензијата на книгата вели дека нашата филмска традиција има поопсежна историја и несомнено можеме да ја сместиме во неколку епохи, но новото наше филмско творештво, до денес, повеќе од сигурно испиша нова историја, изроди ново филмско стебло, направи нов уметнички исчекор.

– Ете за тие факти зборува книгата на Ана, не заборавајќи да ја спомене и генетиката на македонскиот филмски уметник, или ако сакате повеќе, генезата на македонскиот филмаџија. Таа умешно ги проткајува споредбите на мак филмот со светските филмски уметнички дела, цитирајќи едни од најголемите светски и македонски филмски умови, паралелно прикажувајќи ја средината, состојбата и општествените прилики во кои се создавала светската наспроти македонската филмска креатива. Книгата во која на стотина страни е отсликана македонската филмска продукција во последните триесеттина години е јасна и концизна приказна за почетоците на нашето самостојно филмување, но и стручен приказ на времето во кое живееме сега во филмска смисла на зборот, до каде сме и каде сме се упатиле, имаме ли перспектива и што е она што треба да смениме за да напредуваме, оти во уметничка смисла, иако вака и вакви мали, ние имаме што да му понудиме на филмскиот свет, но и рамноправно да му парираме на светскиот филмски џет сет – пишува Кубин.

Промоцијата ќе биде проследена со коктел и музички настан.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје. Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција. Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

Прикажи повеќе...

Книги

Фредерико Педреира: „Лекцијата на месечарот“ е фикција што ја потпирам врз ковчегот полн со сеќавања

Објавено пред

Неколку дена по одбележувањето на Денот на европските автори, издавачката куќа „Арс Ламина“ го промовираше последниот роман од проектот „Порта Европа“ – „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира. Во едицијата „Порта Европа“ застапени се македонски преводи на шест наслови од млади, но веќе етаблирани европски писатели – добитници на Европската награда за книжевност.

dobivaj vesti na viber

Книгата „Лекцијата на месечарот“, за која Педреира во 2021 година ја доби престижната наградата за книжевност, што ја доделува Европската унија, беше претставен пред македонската публика на онлајн-промоција, која може да се проследи на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. Во разговорот, покрај Педреира, се вклучија уредничката на книгата Бисера Бендевска и преведувачката од португалски јазик Весела Моловска.

Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, доби уникатен дизајн на корицата – дело на Катерина Соколова. Нејзиното идејно решение беше избрано за победничко на конкурсот за млади дизајнери во рамките на проектот „Порта Европа“.

Уредничката Бендевска истакна дека „Лекцијата на месечарот“ е раскошен билдунгсроман со автобиографски примеси, во кој во прво лице нараторот ни ја раскажува неговата трансформација од младо момче до зрел книжевник.
– Овој пристап, во прв момент, може да нè потсети на Џојсовиот „Портрет на уметникот во младоста“. Но, за разлика од класикот на Џејмс Џојс, сепак овој роман има своја оригинална структура. Во основата, овој роман се занимава со минатото и со носталгијата по детството на начин што е најблизок до Прустовиот амблематичен циклус од романи, „Во потрага по загубеното време“. Како што неименуваниот наратор во Прустовиот роман го става во погон дејството, премотувајќи го времето наназад, благодарение на мадлените што ги потопува во чајот, така неименуваниот наратор во романот на Педреира се враќа во своите детски денови во митската „зелена куќа“ на неговите баба и дедо, каде што постојано појадува потпечени торади со путер. Овој роман е составен од девет поглавја што немаат природен редослед, туку се фокусираат на раштркани сеќавања од минатото и не зависат едни од други во текот на дејството. Мноштвото ликови постојат единствено низ гласот на нараторот кој ги опишува и не комуницираат меѓу себе. Токму ова отсуство на дијалог и интеракција помеѓу гласовите (ликовите) ја претвора нарацијата во документ што е посличен на фикциска автобиографија, отколку роман на доживувања – рече уредничката.

Писателот Фредерико Педреира изјави дека „Лекцијата на месечарот“ е автобиографска фикција.
– Всушност, не би ни можел да пишувам нешто, без да има автобиографска основа. Потребно ми е секогаш да тргнам од некаква приказна од мојот живот. Потребно ми е да почувствувам дека е вистинито, за да имам основа преку која ќе можам да ја проектирам својата имагинација. Но, оваа имагинација е секогаш заснована на меморијата, бидејќи таа е секогаш нарушување на реалноста, а процесот на меморијата секогаш вклучува реконструкција, па и јас работам од тој аспект. Има многу добри автори во полето на имагинацијата, но мене, бидејќи ми недостига онаа чисто фиктивна имагинација, мојот првичен гест е да се потпрам секогаш врз ковчегот полн со меморија – рече Педреира.

Начинот на којшто пишува авторот може да се спореди со стилот на писателите во 19 и 20 век: со долги и сложени реченици, со многу апозиции, стилски фигури, длабока филозофија. Педреира вели дека тоа, меѓу другото, е своевиден пркос кон инстант-литературата на денешното време.

– Секогаш постои пркосот за тоа што се произведува денес. Една моја страна го сака сето она што е дамнешно, особено онаа литература што е направена кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, како што може да се види во романот. Многу ми се допаѓаат Пруст и Џојс. Влијанието на Пруст тука е многу присутно и го признавам тоа уште во првите страници. Има една моја страна што сака да биде субверзивна, а во исто време и конзервативна, така што се обидувам да ја препознам големата традиција на еден детерминиран уметнички израз и да го манифестирам во тоа што го пишувам како мој долг кон големите мајстори… Не трагам секогаш по новитети во библиотеките и во тоа што го читам. Гледам дека луѓето имаат постојана потреба за нешто ново. Понекогаш дури и мислам, „ах, сè уште ми фали да ја прочитам онаа книга од Балзак или од Томас Ман, па дури и некои португалски автори, славни романсиери кои речиси се заборавени“. Така што, има еден конзервативен дел во мене, за кој верувам дека е малку субверзивен, анархистички во однос на изборот – рече тој.

Со оглед на очигледните и не толку очигледните референции на капитални дела и писатели од 20 век, „Лекцијата на месечарот“ е своевиден омаж кон Пруст, Џојс, Борхес и Песоа.

– Библиотеката на дедото на протагонистот е ветување за бесконечноста, ветување за бесконечна ментална забава. И на еден одреден начин, сето тоа што го пишувам е повеќе или помалку обид да им дадам омаж на авторите кои веќе не се тука, но оставиле наследство што ме натерало да пишувам. Затоа јас секогаш мислам дека им должам на овие гласови. Но, дури и така, не пишувам само за мртвите. Има автори од мојата генерација и постари кои многу ги почитувам и исто така пишувам и за нив, односно сакам да им надоместам за тоа што како читател ми го дале и што ме инспирирале во пишувањето… Во книгата исто така се концентрирам и на јазикот што го користи бабата на протагонистот, што функционира како своевидна карикатура. Така што мене не ме интересира да стигнам до некаква вистина или некаква реална вистина кажана од ликот, туку ме интересира карикатурата, изразот, што може да биде и лицето на еден одреден карактер. Јазикот понекогаш покажува многу повеќе за нас, односно начинот, формата преку која го користиме јазикот, покажува многу повеќе за нас отколку манифестациите со кои кажувам кој сум или други ми кажуваат кои се, така што формата со која го користиме јазикот во оваа смисла е регулативна. Затоа во моите романи нема силно изразен заплет, туку тоа се исечоци, мали импресии што останале врежани и кои сакам да ги истражувам – рече тој на крајот.

Фредерико Педреира е роден во 1983 година во Лисабон. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон. Завршува докторски студии по книжевна теорија на Универзитетот во Лисабон. Работи неколку професии: новинар, преведувач и книжар. Има објавено десетина книги: шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Преведува дела од Јејтс, Луиз Глик, Честертон, Орвел, Дикенс, Свифт, Велс, Харди, Банвил и Вирџинија Вулф. Во 2021 година ја добива книжевната награда на Европската унија за романот „Лекцијата на месечарот“. Неговото поле на интерес вклучува философија на јазикот, книжевна критика, скептицизам, перцепција, филозофите Лудвиг Витгенштајн и Стенли Кавел и критичарот на уметноста Мајкл Фрид. Има живеено во Италија и во Франција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија5 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет7 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион8 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет8 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија19 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија20 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија22 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...