Контакт

Книги

Промоција на романот „Темната соба“ од Исак Роса

Објавено пред

Во рамки на едицијата „Европски калеидоскоп“, издавачката куќа Магор го објави романот „Темната соба“ од шпанскиот писател Исак Роса. Преводот од шпански е на Марија Саревска-Тодоровска.

dobivaj vesti na viber

Промоцијата на книгата, на која ќе биде присутен и авторот, ќе се одржи во вторник, во кафе-книжарницата Магор, со почеток во 20.30 часот. Промотори на книгата ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Наташа Аврамовска.Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат просторијата за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата.  Романот Темната соба претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација која се чувствува прелажана.    Шпанскиот писател Исак Роса е еден од најпризнатите писатели на својата генерација. Редакцијата на културната рубрика на весникот „Ел мундо“ го прогласи за еден од дванаесетте најзначајни писатели во современата шпанска книжевност. Роден е во Севилја во 1974 година. Живее во Мадрид, каде што работи како редовен колумнист во порталот „Елдиарио.ес“, а соработува и со неколку други весници и месечници. Бил колумнист во весникот „Публико“ и во сатиричното списание „Ел Хуевес“. Првиот роман Лошо паметење го објавува во 1999 година, а подоцна го преработува и под насловот Уште еден проклет роман за граѓанската војна го објавува во 2007 година. За романот Залудна вчерашност (2004), ќе ја добие престижната награда „Ромуло Галјегос“, а потоа и наградите „Око на критиката“ и „Андалузиска награда на критиката“. Во 2008 година го објавува романот Земја на стравот, за кој во 2009 година ја добива наградата на Фондацијата „Хосе Мануел Лара“ за најдобар роман објавен на шпански јазик. Потоа следуваат Невидливата рака (2011) и Темната соба (2013), романот кој го сместува меѓу врвните современи шпански писатели, создавајќи одлична метафора на современото шпанско општество, предадена со неверојатна стилистичка моќ. Покрај романите тој е автор и на драмското дело Збогум момци (1998), новелата Вревата на светот (1998), како и на повеќе раскази, објавувани во разни антологии. Роса е и еден од тројцата коавтори на публикацијата Косово. Хуманитарно алиби (2001), во која се разголуваат медиумските манипулации создадени да ја оправдаат интервенцијата врз Србија. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а според романот Залудна вчерашност е снимен филмот Живот во црвено. Книгата е објавена со финансиска поддршка на програмата Култура на Европската унија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија14 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија16 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија16 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија17 часа

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија18 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија19 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија20 часа

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет22 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа22 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет23 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет24 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет24 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет24 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет24 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија1 ден

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија2 дена

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија2 дена

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...