Контакт

Книги

Промовиран романот „Мојот татко Стерио“ од Илинден Спасе

Објавено пред

Во Тирана е промовиран романот „Мојот татко Стерио“ од авторот Илинден Спасе, инаку син на познатиот сега починат албански писател од македонско потекло Стерио Спасе, особено познат по големиот успех на романот „Pse“ (Зошто).

dobivaj vesti na viber

Промоцијата се одржа во Европскиот универзитет во Тирана, каде што авторот Илинден Спасе кажа дека во основа станува збор за роман – монографија посветена на големиот писател Стерио Спасе, користејќи ги притоа материјалите од богатата архива на семејството Спасе кое живее во Тирана .

Во интервју за Тиранскиот весник „Mapo“ синот на писателот Спасе, Илинден Спасе нагласува дека во романот се говори и за плејадата албански писатели во минатото и соработката на Спасе со неговите колеги познати во албанската литература. како што се Петро Марко, Митруш Кутели, Нонда Булка и други.

Авторот во интервјуто нагласува дека идејата за да се напише роман, дошла веднаш по смртта на писателот Стерио Спасе во 1989 година.

„Имајќи ја предвид силната поддршка што мојот татко ја имаше кај читателите и албанската јавност, започнав да го подготвувам романот“, вели Илинден Спасе за весникот Mapо,и додава дека Спасе заедно со познатиот албански писател Исмаил Кадаре во 1960-те години бил на двегодишен курс во Москва, по што се вратил во Албанија

Тој говори и за проблемите што Спасе ги имал од комунистичкиот режим за романот „Зошто’, кој бил од одредени кругови и анатемиран.

Инаку во една изјава дадена за агенцијата Макфакс во Тирана пред повеќе години, на прашањето кој му го дал името Илинден, синот на писателот Спасе, изјави дека тоа било име што според објаснувањето на семејството му го дал лично неговиот татко. Стерио Спасе бил голем писател, но и покрај одредени реакции тогаш, сепак, неговата желба неговиот син да го носи македонското име Илинден било запишано во матичните книги на комунистичка и Албанија на Енвер Хоџа./крај/мф/мн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 часа

24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело...

Македонија12 часа

Интерната комисија проверува дали се правеле непотребни операции на срце, методологијата за работа е утврдена

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не...

Македонија13 часа

(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на...

Македонија13 часа

Поплаки за искинати учебници стигнале и до Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра, што побарале училиштата, тоа добиле

Учебниците законски се менуваат на пет години, учениците треба да се грижат за нив, наставниците да ги научат на тоа,...

Македонија13 часа

Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија....

Македонија14 часа

Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти,...

Македонија15 часа

Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше...

Македонија15 часа

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија16 часа

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Култура17 часа

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен...

Македонија18 часа

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија19 часа

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ19 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија19 часа

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет20 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...

Европа20 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не може да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет20 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет21 час

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет21 час

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет21 час

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...