Книги
Промовирани нови 20 наслови од едицијата врвни светски дела

Нови дваесет наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ кои се преведени и им се достапни на македонските читатели, беа промовирани во неделата во присуство на премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.
Од споменатата нова бројка, дванаесет се дела со филозофска тематика, шест се од областа на историјата и двет книги од областа на психологијата. Со денеска промовираните дваесет книги, досега со овој проект вкупно се преведени и издадени 50 наслови, а во декември ќе бидат промовирани уште триесет дела од владиниот капитален проект, информираа претставниците на Министерството за култура
Премиерот Никола Груевски на промоцијата во во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација, Музеј на жртвите на комунистичкиот, истакна дека изминативе години културата беше и остана еден од главните фокуси на Владата.
„Сиве изминати години, па и оваа 2015-та, како Влада бевме фокусирани на голем број полиња од значење на широк круг луѓе и интереси во Македонија. Се работеше многу во делот на економијата, во делот на бизнисот, привлекувањето на инвеститори, инфраструктурата, образованието, здравството, туризмот, земјоделството и многу други полиња. Културата, како посебно поле, во текот на целиот изминат период беше и остана еден од нашите главни фокуси. Останавме посветени на една богата и широка лепеза проекти во делот на културата. Еден од нив е и овој проект ‘Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа’. И натаму остануваме посветени“, рече Груевски.
Од своја страна, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска потенцираше дека Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност.
„Во изминатиот период Владата на Република Македонија и Министерството за култура првпат реализираа капитални проекти, проекти со историско значење коишто го унапредија книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент во Македонија, но и ја афирмираа македонската литература и творештво во меѓународни рамки“, рече министерката.
Канческа-Милевска истакна дека Министерството за култура континуирано издвојув завидни средства за проектите на приватните издавачки куќи, со особен акцент на поддршката за квалитетни дела од македонски автори, преводи на светски бестселери, дела на добитници на престижни признанија, и секако издавање на стручна литература која е од огромна полза во образовниот систем.
„Во тој контекст ќе го споменам и откупот на книги со кои се збогатува библиотечниот фонд во институциите во државата, но и стимулативната мерка за превод на дела на македонски автори од страна на странските издавачки куќи со која го афирмираме македонското творештво. Сиве овие проекти ги потврдуваат нашите заложби за што поголема достапност на македонската литература на национално и меѓународно ниво, како и побрза интеграција на македонската книжевност во светските современи текови“, дополни министерката за култура./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги
Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.
Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.
Книги
Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.
Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.
Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.
Книги
МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.
Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).
Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).
Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.
Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).
Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).
Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).