Контакт

Книги

Романот на автор обвинет за исламофобија стана бестселер во Франција

Објавено пред

Контроверзниот роман „Поднесување“ (Soumission) на францускиот писател Мишел Уелбек за муслиман кој ја управува земјата во согласност со законите на конзервативниот ислам, кој е обвинет за исламофобија, веднаш стана најпродаваната книга на интернет продавницата Amazon.fr.

dobivaj vesti na viber

Појавувањето на овој роман се совпадна со трагичните настани во Париз, каде што во средата беше нападната редакцијата на сатиричниот магазин Charlie Hebdo како одмазда за објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, при што беа убиени 12 луѓе.

По повод објавувањето на романот „Поднесување“, неделникот Charlie Hebdo го вброи Мишел Уелбек за еден од најпопуларните современи француски писатели.

Во романот, напишан во жанрот на политичка антиутопија, во Франција на власт доаѓа претседател исламист, а на фиктивни избори во 2022 година мејнстримите на левите и десните партии во Франција заедно се свртуваат против извесен Мохамед Бен Абес кој во вториот круг од претседателските избори ја победува Марин Лепен, челничката на крајно десната француска партија Национален фронт (FN), којашто инаку е во подем последната година.

Новиот француски претседател, во романот, потоа продолжува да ги повикува да се приклучат во блокот исламистите во ЕУ, со Турција и разни земји од северна Африка. Целта е да се формира територија којашто ќе биде слична со онаа на која некогаш се протегала Римската империја.

Главниот лик во романот, 44-годишниот професор по литература Франсоа, минува во исламот откако се случува полигамна афера во ректоратот на универзитетот со хиерархиски потчинети жени.

Книгата, којашто е отпечатена во почетен тираж од 150.000 примероци веќе во средата влезе на листата најпродавани книги на Amazon.fr.

Во интервјуто за државната телевизија France 2, во ударниот вечерен дневник, Уелбек истакна дека неговото политичко сценарио, сепак, не е остварливо. „Тоа е само една можност, и не во толку кус рок како во книгата, не во 2022-ра. Но, сепак, тоа е реална можност“, рече авторот. Тој ги отфрла обвинувањата за исламофобија и тврди дека не зазема ничија страна.

Еден германски критичар предупреди дека романот може да биде оценет од страна на антиисламското движење Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот (Pegida) кои секој понеделник одржуваат сé помасовни собири „против исламизацијата на Европа“, како доказ дека нивната загриженост е оправдана.

Главниот уредник на францускиот лево ориентиран дневен весник La Libération, Лорен Жофрен, тврди дека романот „ќе одбележи датум во историјата кога идеите на екстремните десничари направија големо враќање во сериозната француската литература“.

„Ова книга којашто ги промовира идеите на Национален фронт. Ова е најдобриот божикен подарок што можеше да го посака Марин Лепен“, изјави Ален Јакубович, лидер на антирасистичкото здружение LICRA.

Уелбек возврати дека „не гледа како роман може да го смени текот на историјата“, и покрај тоа што „Марин Лепен нема потреба од тоа. Работите веќе доста добро се одвиваат во нејзина полза“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет4 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет4 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет5 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа5 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа5 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија14 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ14 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија19 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија22 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...