Контакт

Книги

Текст од Лидија Димковска објавен во антологијата на престижен американски издавач

Објавено пред

Американската издавачка куќа „Пингвин“ објави книжевна антологија со илустрации „Прозорци кон светот: 50 писатели, 50 погледи“ во која е објавен и прозен текст од Лидија Димковска.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за проект на италијанско-американскиот визуелен уметник Матео Периколи кој од 2010 година прво во Њујорк Тајмс, а потоа во Парис Ривју објавуваше цртежи на поглед низ прозорецот на писатели ширум светот. Секој цртеж е проследен со текст од страна на авторот, а од Македонија беше избрана Лидија Димковска која објави текст за нејзиниот поглед низ прозорецот од Скопје.

Издавачот „Пингвин“ во книгата наведува дека станува збор за педесетмина од најголемите светски писатели кои го споделуваат својот поглед низ прозорецот со уметникот Матео Периколи и на тој начин го шират нашиот сопствен поглед кон просторот, креативноста и значењето на домот

Во книгата со свои текстови, освен Димковска, се јавуваат и нобеловците Орхан Памук и Надине Гордимер, годинешниот добитник на Букеровата награда, австралискиот автор Ричард Фланаген, индискиот Рана Дасгупта, германскиот Даниел Келман, израелскиот Едгар Кенет, американскиот Т.С. Бојл, бразилската авторка Татјана Салем и др./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет2 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет3 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија9 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија10 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија10 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија11 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет12 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет12 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија15 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа15 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет15 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет22 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија23 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија24 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ1 ден

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет1 ден

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија1 ден

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...