Контакт

Книги

„Затвор и рецидивизам“, нова книга од д-р Александра Груевска-Дракулевски

Објавено пред

Неодамна во издание на Центар за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ Скопје, од печат излеза книгата „Затвор и рецивидизам“ од д-р Александра Груевска-Дракулевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

dobivaj vesti na viber

Трудот го анализира рецидивизмот како еден од најсложените, најзначајните и најтешките проблеми за спречување, сузбивање и превенирање во областа на криминолошката, казненоправната, пенолошката и криминално-политичката наука и практиката, и го доведува во релација со најчесто изрекуваната казна – казната затвор.

Авторката нуди голема теоретска и емпириска аргументација дека затворот како казна и нејзиното извршување во казнено-поправните установи какви што се денес, не го спречува рецидивизмот, има негативно искуство не само врз затворениците, туку и врз нивните семејства, па така затворите треба да имаат многу лимитирана улога во модерното општество. Трудот, исто така, обилува со голем број на компаративни прегледи за затворот и рецидивизмот во повеќе земји во светот, со што и се дава исклучително значење на оваа проблематика.

Трудот ќе му биде од корист на секој оној кој сака да се стекне со продлабочени информации и знаења од разработената тематика, пред сѐ на органите на казнениот прогон, и тоа, сите оние што учествуваат во спречувањето, сузбивањето и превенирањето на криминалитетот од почетната фаза на откривање и докажување, преку судската казнена постапка и изборот и изрекувањето на санкцијата, до извршувањето на санкциите, но и потоа, особено во постапката за постпенална помош.

Исто така, трудот може да им послужи на студентите по право, криминологија, пенологија, безбедност, психологија, социјална работа итн., на трите циклуси на студии, како и на секој оној кој се занимава со оваа проблематика./крај/мф/ст

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија35 минути

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...

Топ2 часа

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија3 часа

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија3 часа

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Дијана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...

Економија4 часа

Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ...

Македонија4 часа

(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен на Табановце

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден...

Македонија5 часа

(Фото) Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: роднините на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските...

Македонија6 часа

(Фото) Од шахта на булеварот Александар Македонски масивно истекуваше хемиска пена; Ѓорѓиевски: Ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно...

Свет6 часа

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд...

Европа7 часа

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот „Краснодар“

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет7 часа

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...

Свет7 часа

Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле,...

Свет7 часа

(Видео) Новинарка на Еј-би-си го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им...

Македонија17 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија19 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија21 час

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија1 ден

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија1 ден

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...