Контакт

Манифестации

Битолски книжевни паметења по петти пат во рамките на Битфест

Објавено пред

Петгодишнината на нанифестацијата Битолски книжевни паметења, своевиден мал јубилеј и 15-годишнината од постоењето на списанието „Раст“ беа одбележани во рамките на овогодишното издание на фестивалот „Битфест 2015“. На оваа престижна литературна манифестација годинава беа доделени четири парични награди за проза, поезија, драма и за млад автор.

dobivaj vesti na viber

Звуците на прозата и поезијата, прочитани од годинешните лауреати и гости на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, го дополнија прекрасниот природен амбиент во амфитеатарот на Тумбе кафе, каде што уметноста на пишаниот збор се испреплети со убавината на природата.

Битолскиот книжевен круг ги додели годинешните награди во жанровите проза, поезија, драма и наградата за млад автор. Престижната манифестација „Битолски книжевни паметења“ беше поздравена и поддржана од проф. д-р Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, и Раде Силјан, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, кои посакаа раст и успеси уште долги години, како и награди за плодните писатели.

Првиот дел од манифестацијата ги донесе наградите и годишните лауреати. Прозаистот, кој е познат по својот карактеристичен реторички пристап во прозата, Блаже Миневски, е годишниот добитник на наградата „Книжевен круг за проза“. За жал, поради спреченост, тој не можеше лично да ја подигне наградата, а истата ќе му биде дополнително врачена.

Познатиот поет Братислав Ташковски, кој во поезијата остави посебен белег на версот преку специфичната вештина која може да се сретне само кај него, ја доби наградата „Книжевен круг за поезија“, која му беше врачена од страна на секретарот на Друштвото на писателите на Македонија, Панде Манојлов.

„Убаво е да се биде овде, во Битола, но уште поубаво е кога колегите ќе се сетат дека некој пишува, твори и создава, па ќе му доделат награда. Наградите не може да се каже дека не се важни. Важни се и значајни, особено ако доаѓаат како плод на долгогодишна работа од областа на поезијата“, истакна добитникот на наградата Братислав Ташковски.

Наградата „Книжевен круг за драма“, која е единствена и уникатна, бидејќи на ниту една манифестација не се доделува ваква, или слична награда, годинава отиде во рацете на Трајче Кацаров, кој во своето творештво ги има опфатено сите видови во литературата, а посебно драмата, која станува и негова професионална определба, како вработен драматург во Народниот театар во Штип. Наградата на Кацаров му ја врачи магистерот по театарска уметност, Зоран Пејковски, претседател на Битолскиот книжевен круг.

„Прв ат добивам едно вакво признание, кое ми е особено драго бидејќи е доделено токму за моето пишување драми. Награди имало многу, тие и не се најважниот фактор во оваа вечер, туку оваа заедничка средба на поезија, проза, љубов и енергија. Благодарност до колегите од Битола кои ми го дадоа ова признание“, истакна добитникот Трајче Кацаров.

На оваа манифестација беше доделена награда и за младите автори, со цел да им се даде поддршка во однос на нивната работа и творење, за да ги реализираат своите книжевни соништа. Младиот поет Игор Крајчев ја доби престижната награда „Книжевен круг за млад автор“, која му беше врачена од страна на главниот и одговорен уредник на Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија, Петре Димовски“.

„Искрено, не ја очекував оваа наградата. Таа е втората прекрасна работа која ми се случи денес, со оглед на фактот што изутринава станав татко. Возбуден сум и среќен и секако дека оваа награда ќе биде предизвик и мотив за натамошни мои творби“, рече Игор Крајчев.

Манифестацијата беше збогатена со присуството на ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Златко Жоглев. Тој одржа беседа во чест на сите добитници на наградите, осврнувајќи се на секој посебно. Жоглев во поединечните беседи се задржа на најважните моменти од животот на добитниците на наградите, нивните дела како и упатените позитивни критики за нивните досегашни творби.

Свој придонес во натамошниот тек на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ имаа и неколку други писатели и поети. Извадоци од своите дела прочитаа Виолета Танчева – Златева, која е автор на неколку поетски и прозни дела, како и Борче Панов, плоден поет од источниот дел на Македонија.

Во рамките на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ беше промовиран најновиот број на списанието „Раст“, чија значајност е веќе етаблирана на нашите простори. Секретарот на Битолскиот книжевен круг, која е воедно и подготвувач на списанието, Весна Мундишевска-Велјановска, го претстави последното издание. Таа, воедно, истакна дека и овде се поместени голем број песни на поети од нашето поднебје, како и други текстови и дела од различен литературен жанр. На овој начин успешно беше реализирано јубилејното 5-то издание на „Битолските книжевни паметења“, кое покрај наградите, донесе нова средба на писателите од сите краеви на Македонија./крај/мф/ес

Извор: Макфакс

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ12 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија14 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија15 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура16 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија17 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија18 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија20 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија20 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет22 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет22 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет22 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа22 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...