Контакт

Манифестации

CINEDAYS почнува на 13-ти ноември

Објавено пред

Тринаесеттото издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS оваа година ќе се одржува од 13-ти до 22-ри ноември.
 

dobivaj vesti na viber

Тринаесеттото издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS оваа година ќе се одржува од 13-ти до 22-ри ноември.

 

Во официјалната селекција и селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија –CINEBALKAN, повторно благодарение на селекторот Бернд Будер, ќе имаме можност да ги проследиме филмовите од идните млади европски режисери кои полека но сигурно го трасираат својот пат кон светските фестивали. 

И оваа година во соработка со Тони Шариќ, директорот на фестивалот ДОРФ од Хрватска, публиката ќе може да ги погледне најновите музички документарни филмови во можеби досега највозбудливата музичка програма воопшто –  филмот кој ја одбележа 2014-та година „Nick Cave: 20.000 days on Earth”,  филмот за контроверзниот нигерски џез музичар Фела Кути „Finding Fela”, музичкиот документарен филм за култните Stone Roses „The Stone Roses: Made of Stone”, премиера на филмот „Денот да е радосен” за легендарните Културно Уметнички Работници, музички филм посветен на shoegaze движењето „Beautiful noise” како и многу други. 

Сето ова проследено со незаборавни музички вечери. 

CINEDAYS оваа година оствари соработка со фестивалот Queer Lisboa: International Festival of Queer cinema од Лисабон кој е посветен на квир кинематографијата. Оттаму ќе гостува директорот како и уметничкиот селектор на фестивалот со своја селекција на португалски квир тематски наградувани филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на ЕУ инфо центарот во Скопје. 

CINEDAYS оваа година ќе одржи и работилница на тема „Успешно донесување одлуки во VFX дизајнот” со една од најпознатите светски аниматори – Виржини Бурдан, која е една од ретките жени претставници во ова поле. 

Својата кариера ја започнува од пред дваесетина години, откако најпрво работи со анимирани филмови и со реклами во печатени медиуми. Виржини Бурдан прераснува во првиот VFX концептуален уметник во Лондон во тоа време,  работејќи за Moving Picture Company. Набрзо потоа го основа и првиот оддел за VFX уметност, работејќи заедно со својот тим на повеќе од 30 филма, меѓу кои и : „X-Men“, серијалите „Хари Потер“ и „Нарнија“, „Прометеј“ и „Кодот на Да Винчи“. Ја основала The Art of Direction, консултантска компанија каде што работат едни од најдобрите VFX експерти на светот. Оваа работилница CINEDAYS ќе ја оствари во соработка со македонската компанија Fx3x. 

Оваа година со помош од Фондот за поддршка на европските кина Eurimage, во рамките на CINEDAYS ќе се одржи голема регионална конференција со мастер предавања на наградувани Европски кинематографери за студенти кои се во својата последната година од своите студии по филмска камера од Романија, Србија, БиХ, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија. 

И оваа година, CINEDAYS се реализира со помош на Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија како и Агенцијата за филм. 

Зад маркетинг кампањата на фестивалот и оваа година е агенцијата Публицис Македонија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ43 минути

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија2 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион2 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион5 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија5 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа6 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион6 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет6 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа7 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија7 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет8 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион8 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион8 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ17 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ18 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ18 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ19 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија21 час

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија23 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...