Контакт

Манифестации

Денови на МНТ во Кратово

Објавено пред

Македонскиот народен театар со пет претстави од петок до вторник ќе гостува во Кратово. 

„Деновите на МНТ“ во Кратово ќе почнат со претставата „Парите се отепувачка“, а ќе бидат изведени и претставите „Последна шанса“, „Сребрена свадба“, „Свадбата на Фигаро“ и „Не се клади на Енглези“. 

Претставите ќе се изведуваат на платото пред Музејот на Град Кратово со почеток во 21 часот, со исклучок на „Сребрена свадба“ која ќе се игра во хотел „Кратис“. Влезот за сите претстави е бесплатен. 

Иницијативата за „Денови на МНТ“ е на Општина Кратово и градоначалникот Мите Андоновски, а целта на манифестацијата е и граѓаните од другите градови да имаат можност да ги погледнат претставите на МНТ. 

Инаку, ова е прво гостување на театарот во Кратово./крај/мф/сд

Култура

Билетите за забавата на „Оскарите“ се продаваат на добротворна аукција

Објавено пред

Два билета за забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на Фондот за борба против последиците на болеста предизвикана од коронавирусот.

Поканите ќе им овозможат на добитниците и нивните придружници да се дружат со филмските ѕвезди на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“ и на забавата по доделувањето на 28 февруари в година.

Од средината на април десетици sвезди се приклучија на кампањата „Сите во предизвик“ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.

Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 долари. Цената на стандарден билет за тој настан може да достигне речиси 50.000 долари.

Собраните пари се за оние што се соочуваат со глад во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот.

На забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во февруари годинава присуствуваа голем број sвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро (76), Бред Пит (56) и Рене Зелвегер (51).

Прикажи повеќе...

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Култура

Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт од дома

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага рече дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“, виртуелна телевизиска манифестација со која би им се оддало признание на здравствените работници за помошта во пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува истовремено на ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media на 18 април во 20 часот.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Денес“.

„Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници“, рече Лејди Гага преку видеоповик за време на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додаде:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега невидено историско културно движење и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија7 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија8 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија10 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ10 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија11 час

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија12 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет15 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа15 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ16 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ16 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија16 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион17 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион17 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет18 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет19 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион19 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија19 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие