Контакт

Манифестации

Две македонски премиери на „Браќа Манаки 2014“

Објавено пред

Македонските филмови „До балчак“ и „Деца на сонцето“ ќе ги доживеат своите премиери на 35-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што ќе се одржува од 13-ти до 19-ти септември во Битола.

dobivaj vesti na viber

Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“, а добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, додека добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, е Англичанецот Крис Менџис. 

ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор во вторник ја објавија целосната програма на 35-тото издание на Фестивалот, која преку осум програмски категории опфаќа исклучителни 76 филмови, од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учествува и Република Македонија. 

Најинтересни за јавноста секако се долго очекуваните гала премиери на двата нови македонски филма кои за првпат ќе бидат прикажани пред широката публика и надвор од фестивалска конкуренција. Тоа се речиси тричасовниот историски спектакл на Столе Попов, „До балчак“, кој ќе биде прикажан на 14-ти септември од 20 часот и социјалната драма „Деца на сонцето“, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, кој ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19-ти септември во истиот термин, со што ќе продолжи традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола. 

Инаку годинава во изедначена трка во главната програма се најдоа 11 наградувани филма, натпреварувачката програма на краток филм опфаќа девет, Новите визии носат пет авангардни наслови, исто толку и Вип детската програма, во документарната селекција гледачите ќе имаат можност да видат девет автентични тематики, 11 филмови се поместени во склоп на македонската панорама, а 15 краткометражни филмови се предвидени во некомпетитивната програма „Кратко-слатко“ на Европската филмска академија. 

Од специјалните проекции, освен најавените филмови во чест на добитниците на наградите – „Големата убавина“ (Лука Бигаци) и „Читачот“ (Крис Менџис), ќе биде прикажана романско-македонската копродукација „Не сум славен, но сум Влав“, првиот филм целосно снимен на аромански (влашки) јазик. 

Во главната програма има филмови од четири континенти, четири филмови кои однеле награди од Берлин (освојувачот на „Златната мечка“, лауреатот на наградата за фотографија), тројца наградени од Кан, „позлатени“ и номинирани филмови од Карлови Вари, Сиднеј, Торонто, Венеција… 

„И годинашното, јубилејно издание, на главната натпреварувачка програма, доследно на традицијата, го красат високи уметничко-креативни вредности во изразот, пред сè, на кинематограферите. Изборот на 11-те филмови е стандардно правен  од  најновите  понуди  на  големите  фестивали.  Со таквиот избор на проверени уметнички креации, во нашата силна конкуренција на главната програма сите уметници-кинематографери се потенцијални кандидати  за наградите, и ќе биде интересно дали и нашето угледно интернационално жири ќе ги потврди вредностите преку нашите награди. Во секој случај и овој пат верната битолска публика и поширокиот домашен состав на филмофили, како и странските гости, сите заедно ќе уживаат во квалитетни остварувања, кои самите за себе ќе зборуваат и ќе ги потврдуваат, високото реноме и интернационалниот престиж нанајстариот светски фестивал посветен на креативноста на кинематограферите – Браќа Манаки во Битола, Република Македонија.“, – напиша во отсуство Благоја Куновски-Доре, уметнички директор и селектор на главната програма, кој во моментот е во Венеција како член на високореномираното жири на критиката-ФИПРЕСЦИ. 

Втора година по ред во дополнителната програма на Фестивалот ќе бидат организирани отворените разговори со гостите под наслов „Опуштено со…“, кои оставија белег на минатогодишното издание. Потоа ќе бидат достапни неколку еднодневни и повеќедневни работилници, на тема: промоција и дистрибуција на новите филмови, дигитална реставрација, правење на кратки филмови и постери, како и case study на Ребека Толи. Во рамки на програмата е предвиден и перформанс на проектот Катлин на уметничката група Калпазан и традиционалната, трета по ред, Балканска конференција на директори на фотографии во асоцијација со ИМАГО. Секако меѓу омилените проекции на Фестивалот се детските филмови од програмата на Вип. 

Во годината кога се навршуваат 20 години од премиерата на „Пред дождот“, Друштвото на филмски  професионалци  на  Република  Македонуија  повеќе  од заслужено  наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“ му ја доделува на Милчо Манчевски, нашиот најуспешен филмски режисер. Во таа чест ќе биде прикажан омаж на Манчевски, односно целосниот негов опус на играни филмови.

„Неговите филмови освоија повеќе од 40 меѓународни награди (меѓу кои и Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, ФИПРЕСЦИ, и други), имаа повеќе од 260 фестивалски проекции (сите филмови играле на фестивали од А-категорија), редовна дистрибуција во кино и тв-мрежите на над 50 земји на сите континенти; ги има во филмски енциклопедии и кинотеки, се изучуваат во наставната програма на стотина универзитети, дури и во средните училишта во Италија. Две меѓународни академски конференции се посветени исклучиво на неговите филмови, за нив се објавени над 16,000 текстови и неколку книги во меѓународната публицистика и печат, како и бројни Интернет-референции. Овие филмови етаблираа нова фаза во современата филмска продукција во Македонија. Глобалниот успех на Манчевски покажа дека нема мали и големи кинематографии – има само мали и големи филмови.“, изјави во оваа пригода Роберт Насков, претседател на ДФПМ. 

И годинава отворањето и затворањето на „Браќа Манаки“, директно од црвениот тепих, ексклузивно ќе се пренесува на првиот канал на Македонската телевизија.крај/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет12 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион13 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија16 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет17 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија19 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија21 час

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...