Контакт

Манифестации

Фестивалот на европски филм CINEDAYS ќе се одржи од 13 – 22 ноември

Објавено пред

Годинешното 13 по ред издание на   фестивалот на европски филм CINEDAYS ќе се одржи од 13 – 22 ноември 2014 годинa.

dobivaj vesti na viber

 

 

Организатор на фестивалот е  Младинскиот културен центар-Скопје, а скопската публика годинава ќе може да гледа  над 100 филмови, да се дружи со 200 гости,  да присуствува на 10 концерти и  на пет филмиски работилници.

 

На располагање за проекција на  филмската програма на годинешниот Европски филмски фестивал Синедејс, ќе бидат сите кино сали на МКЦ, Градското кино Милениум, Кино салата Фросина, Џебното кино и Кинотеката на Македонија.

 

„CINEDAYS, од година во година станува се поуспешен фестивал и бројот на посетители се зголемува, што говори за квалитетот на фестивалот, и се надевам дека и годинава посетителите ќе бараат билет повеќе за филмските проекции. Впрочем убеден сум во тоа, затоа што екипата којашто работи на содржината на фестивалот знае и може да направи добар избор на филмови. Ова 13 издание на СИНЕДЕЈС се одржува во година кога нашиот град слави 70 години од еден значаен настан во нашата историја, 13 Ноември- Денот на ослободување на градот Скопје, програмата на фестивалот е многу богата и квалитетна и сакам да ги поканам граѓаните  на Скопје да дојдат и да ги погледнат филмовите, асе надевам дека ќе бидат задоволни од изборот како и претходните години“, истакна, на денешната прес-конференција, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски, најави дека годинава СИНЕДЕЈС ќе го отворат и затворат со музика, односно фестивалот ќе го отвори филмот на Дарко Лунгулов „Споменик на Мајкл Џексон“, а на неговата проекција ќе биде присутен и поголемиот дел од екипата на филмот. Исто така, ги  најави и огромните изненадувања во ГАЛА проекциите, односно  најнаградуваните европски режисерски остварувања за кои секогаш се бара билет повеќе.

 

Во Официјалната селекција и селекцијата на најдобрите филмови од балканската кинематографија –CINEBALKAN, повторно благодарение на селекторот Бернд Будер, љубителите на подвижните слики  ќе имаме можност да ги проследат филмовите од идните млади европски режисери кои полека, но сигурно го трасираат својот пат кон светските фестивали.

 

И  годинава во соработка со Тони Шариќ, директорот на фестивалот ДОРФ од Хрватска, е направен изборот на најновите музички документарни филмови во можеби досега највозбудливата музичка програма воопшто –  филмот кој ја одбележа 2014-та година „Nick Cave: 20.000 days on Earth”,  филмот за контроверзниот нигерски џез музичар Фела Кути„Finding Fela”, музичкиот документарен филм за култните Stone Roses „The Stone Roses: Made of Stone”, премиерата на филмот „Денот да е радосен” за легендарните Културно Уметнички Работници, музички филм посветен на shoegaze движењето „Beautiful noise”, како и многу други.

 

Целата филмска програма ќе биде збогатена и  со незаборавни музички вечери.

 

CINEDAYS годинава во  соработка со фестивалот Queer Lisboa: International Festival of Queer cinema од Лисабон, кој е посветен на квир кинематографијата. Оттаму  на фестивало ќе гостува  гостува директорот, како и уметничкиот селектор на фестивалот со своја селекција на португалски квир тематски наградувани филмови кои ќе бидат прикажани во рамките на ЕУ инфо центарот во Скопје.

 

Во рамките на СИНЕДЕЈС ќе се одржи и работилница на тема „Успешно донесување одлуки во VFX дизајнот” со една од најпознатите светски аниматори – Виржини Бурдан, која е една од ректите жени претставници во ова поле. Својата кариера ја започнува од пред дваесетина години, откако најпрво работела  со анимирани филмови и со реклами во печатени медиуми. Виржини Бурдан прераснува во првиот VFX концептуален уметник во Лондон во тоа време,  работејќи за Moving Picture Company. Набрзо потоа го основа и првиот оддел за VFX уметност, работејќи заедно со својот тим на над 30 филма, меѓу кои и : „X-Men“, серијалите „Хари Потер“ и „Нарнија“, „Прометеј“ и „Кодот на Да Винчи“. Има работено на најразлични проекти, пренесувајќи ги визиите на режисерите и VFX – шефовите на филмското платно. Виржини секогаш имала страст за развивање на уметничкиот талент на оние што работат со неа, дури и пред да почне да работи со VFX, интерес што ја навел да држи работилници во училишта за анимација, во текот на последните 17 години. Сега, ја основа The Artof Direction, консултантска компанија каде што работат едни од најдобрите VFX експерти на светот. Оваа работилница CINEDAYS ќе ја оствари во соработка со македонската успешна компанија Fx3x.

 

Со помош на Фондот за поддршка на европските кина Eurimage, во рамките CINEDAYS ќе се одржи голема регионална конференција со мастер предавања на наградувани Европски кинематографери за студенти кои се во својата последната година од своите студии по филмска камера од Романија, Србија, БиХ, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија.

 

CINEDAYS  2014 се реализира со помош на Министерството за култура, Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ во Македонија, како и Агенцијата за филм. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија12 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет13 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија13 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија14 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија14 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија18 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија18 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија18 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија20 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион21 час

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет21 час

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет21 час

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион22 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...