Контакт

Манифестации

Филмот „Сен Амур“ го отвора 19. издание на Скопскиот филмски фестивал

Објавено пред

Деветнаесеттото издание на Скопски филмски фестивал започнува во петок вечер, во чии рамки ќе биде понудена богата програма со 77 филма,  како и работилници и мастеркласа.

dobivaj vesti na viber

Годинешниот фестивал се отвора на 22 април, во киното „Милениум“, со „Сен Амур“,  филмот што го отвори и последното издание на Берлинскиот филмски фестивал, се работи за најновиот филм на  белгиско – францускиот режисерски  двоец Беноа Делепин и Густав Керверн (Benoît Delépine, Gustave Kervern). Во овој филм, во главните улоги настапуваат Жерар Депардје, но и Кјара Мастројани, ќерката на легендарниот Марчело Мастројани и Мишел Уелбек, еден од најинтригантните писатели на денешницата. Филмовите се  распоредени во девет програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, во која публиката ќе ги види најновите кратки, анимирани и документарни филмови на млади македонски автори. Скопски филмски фестивал за својата публика подготви Ретроспектива на Педро Алмодовар, во рамките на која ќе бидат прикажани  девет негови филмови. Годинава, ќе може да се видат и најинтересните француски филмови во програмата Фокус на францускиот филм, а во соработка со Кинотека на Македонија и Фокус на тајванскиот филм, ќе биде прикажана и Програмата на кратки филмови од најновата светска продукција и посебна Програма на кратки шпански филмови. Во Гала програмата ќе се најде добитникот на Оскар за најдобар филм од неанглиско подрачје, унгарскиот „Синот на Шаул“, најмоќен дебитантски филм на режисерот Ласло Немеш, потоа “Каде да се окупира следно“, најновиот филм на оскаровецот Мајкл Мур, а меѓу другите и „Мојот крал“, награден на Канскиот филмски фестивал,  „Крвта на мојата крв“, новото дело на италијанскиот мајстор Марко Белокио, а во оваа програма е и филмот „Лазар“, најново остварување на  македонскиот режисер Светозар Ристовски.  Во програмата Авторски филм, ќе бидат прикажани  филмовите како „Рјузо и седумте следбеници“ на Такеши Китано, „Слободен пад“ од Ѓерѓ Палфи, кој по „Таксидермија“ се враќа со ново остварување, потоа „Мажи и кокошки“, на Андерс Томас Јенсен, највпечтливиот филмски талент од Данска, по Ларс фон Трир. Дел од програмата Панорама на светскиот филм, ќе го видиме  „Карол“ со маестралната Кејт Бланшет и „Суфражетки“ со извонредна актерска екипа предводена од Мерил Стрип, потоа може да се издвои и францускиот „Мојот крал“ со Винсент Касел и Емануел Беркот во главните улоги, кои беа наградени во Кан. Во рамки на годинашново издание на Скопски филмски фестивал во кино Фросина, на 28 април ќе  се одржи Работилница за филмска музика со Игор Василев Новоградска.  Предавањето е за јазикот на филмската музика и комуникацијата меѓу музичките форми и драмското дејство. Годинава има и Работилница/ Мастер класа за експериментален филм со Карл Абрахамсон.   На фестивалот ќе се одржи и првиот Media day Инфо ден со цел да се информираат и да им се даде поддршка на македонските филмски професионалци и други заинтересирани во изготвувањето на апликации за потпрограмата МЕДИА Креативна Европа. Канцеларијата во Агенцијата за филм на РМ ја води  Владимир Стојчевски.  Во соработка со Дебатно кино “Контра кадар“ ќе се одржи дебата и проекција на филмот „Вита актива, духот на Хана Арент“. На дебатата на тема „Како се банализира злото“, во кино „Фросина“, гостинка ќе биде проф. Мирјана Најчевска, а дискусијата ќе ја модерира Слаѓан Пенев. Најевтиниот билет за една проекција  чини 50 денари, а целодневниот билет за 3 или 4 филмови ќе чини 200 денари. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија5 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија7 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија8 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија11 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура12 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет12 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет23 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет1 ден

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет1 ден

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...