Контакт

Манифестации

Избрани шестите победници на Trash Fashion Macedonia 2016

Објавено пред

Познати се шесте победници на шестиот по ред Trash Fashion Macedonia 2016 натпревар на модни креации направени со редизајнирани материјали од отпад, кои ги изработија тимови од 38 средни училишта во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Училиштата на сцената во Младинскиот културен центар во четвртокот вечерта со настапи од по 60 секунди се претставија со модни креации на тема „Филмски и цртани ликови“ меѓу кои Ѕвончици, Пепелашки, Спајдермен, Ѓаволот носи Прада, Малефисиенти и многу други изработени од различни видови отпад: пластични кеси, хартија, жици, старо компјутерско столче. Годинава, тричленото жири во состав: Бранислава Јанковска од Fashion Lover, Катарина Ивановска, светски познатата манекенка и Бојан Трајковски, фронтменот на музичката група Eye Cue избраа првите три места:

Прво место за тимот од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, со креацијата наречена „She-Edward“ изработена од копчиња од тастатури, најлонски јажиња, патенти и кабли. Второ место од училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје, со креацијата „Мајкл Џексон“ изработена од најлон, картон, селотејп, изолир траки, хартија. Третото место отиде во рацете на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Крушево кои се претставија со креацијата „Кралица Елизабета“ изработена од отворачи за лименки, пластични кеси, хартија и жица. Наградниот фонд го обезбедија Божиновски и Еуро-Екопак ДОО кои доделија вредносни ваучери на победничките тимови.

Trash Fashion Macedonia 2016 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ а се одржува по повод 5-ти jуни – Светскиот ден на животната средина и е единствен настан во регионот од ваков вид, кој веќе пет години по ред предизвикува огромно внимание во домашните и странските медиуми./крај/мф/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 минути

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 час

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ4 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија4 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија6 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија6 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет8 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија8 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ8 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет9 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет11 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет12 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија21 час

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија22 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет1 ден

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија1 ден

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...