Контакт

Манифестации

Конститутивна седница на Одборот за одбележување на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во четврток претседаваше со конститутивната седница на Одборот за одбележување на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа членовите на одборот меѓу кои: заменик-министерот за образование, градоначалникот на општина Охрид, претседателот и претставници на МАНУ, ректорот на универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје и други претставници на државни институции. Денешната седница претставува координација на институциите-носители и организации кои се вклучени во активностите за реализација на настани по повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, кое годинава ќе биде на државно ниво. На конститутивната седница се разгледаа предлог-активностите и културните настани кои ќе бидат посветени на животот и делото на овој голем македонски просветител. Во тој контекст, претседателот Иванов беше информиран за подготовките кои се во тек, како и за иницијативите на институциите-носители на активности за одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски. Воедно, на средбата беше утврдена програма за чествување на овој значаен јубилеј, која содржи бројни научни собири, ликовни изложби, културни манифестации и симпозиуми.Одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски е вклучено во Програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2016 година. Носители на одбележувањето се претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Договорот за минерали меѓу САД и Украина повторно е пред колапс, дознава „Фајненшл тајмс“

Соединетите Американски Држави и Украина во последен момент наидоа на блокада на патот, бидејќи беа на работ да потпишат договор...

Македонија5 часа

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија6 часа

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија6 часа

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија7 часа

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...

Топ9 часа

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија10 часа

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија10 часа

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија10 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија10 часа

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет12 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа21 час

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија22 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија23 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија24 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија1 ден

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...