Контакт

Манифестации

Напиј се кафе, плати со поезија

Објавено пред

Во понеделник, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со поезија“ на Светскиот ден на поезијата.

dobivaj vesti na viber

Имено, Скопје по втор пат е дел од мрежата на повеќе од 30 градови во светот каде граѓаните можат да испијат кафе или чај и истите да ги платат со поема. По неверојатно успешната минатогодишна кампања „Плати кафе со поезија“ која за прв пат беше спроведена во нашиот главен град и истата беше поздравена од граѓаните и привлече огромно внимание од јавноста, оваа година Скопје повторно гордо е дел од глобалната акција. Минатата година се собраа повеќе од 600-та поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.Оваа година љубители на доброто кафе, вкусните чајни ароми и убавиот пишан збор се добредојдени во Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае да го испијат своето кафе или чај и истите да ги платат со поезија и притоа имаат шанса да се дружат со реномирани поети од нашата држава.Ова е листата на дел од поетите од Македонија кои што се вклучени во „Плати со поезија“ и истите ќе ги оценуваат поемите на граѓаните кои потоа ќе добијат и награди: Дарко Лешоски, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Јован Илиевски, Ксенија Николова, Наим Илијази, Драгана Ефтимова, Мартин Богатиноски, Ана Голејшка, Љубица Шопова, Билјана Стојановска, Слаѓана Атанасова.Над 30 земји и повеќе од 1.000 кафетерии низ целиот свет, учествуваат во глобалната капмања Плати со поезија на 21ви март!/крај/со/бб

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа1 час

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа1 час

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет2 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа2 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија11 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија14 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија15 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија15 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија16 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ19 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија20 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија21 час

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ21 час

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ21 час

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ22 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа1 ден

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа1 ден

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...