Контакт

Манифестации

Продолжен рокот за пријавување на „Лузер Фест“

Објавено пред

„Таксират“ го продолжи рокот за пријавување на „Лузер Фест“ за уште десет дена, до 31-ви октомври.

dobivaj vesti na viber

„Таксират“ оваа година го најави враќањето на „Лузер Фест“ – фестивалот посветен на „таксиратот“ на младите неафирмирани музичари. По барањата кои стигнале од дел од бендовите, на кои им е потребно дополнително време за подготовка на материјалите, конкурсот за учество на „Лузер Фест“ е продолжен за дополнителни 10 дена. 

Финалниот рок за пријавување на бендовите е до 31-ви октомври, а се спроведува преку и-мејл адресата [email protected]

„Таксират“ ги повикува сите македонски млади или стари, но неоткриени бендови да ја искористат оваа можност да ги вкрстат своите инструменти и да се натпреваруваат за наградите на „Лузер фест“. 

За да се пријават на конкурсот, музичките групи треба во електронски формат да достават: три досега необјавени авторски песни (во било кој аудио формат), контакти, фотографија и кратка биографија на бендот и членовите. 

Победникот на „Лузер Фест“ ќе биде награден со снимање на албум, а реномираните музички фестивали „Егзит“ (Србија), „Похода“ (Словачка) и „Инмјузик“ (Хрватска) самостојно ќе одберат еден од првите три рангирани бендови кои ќе сакаат да ги видат на една од сцените на нивниот фестивал;. 

„Лузер Фест“ како традиционален предвесник на главната фестивалска вечер на „Таксират“, годинава, по пауза од пет години, ќе се одржи на 29-ти ноември во Младинскиот културен центар во Скопје. Право на учество со свој настап ќе имаат осумте најдобри бендови од сите пријавени на отворениот фестивалски конкурс.крај/мф

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија3 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа3 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет4 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија5 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија5 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија6 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија9 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија10 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија10 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија11 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија11 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион12 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет13 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет13 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион13 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...