Контакт

Манифестации

Се одржа гала концертот на ’Езерски бисери 2014’ во Струга

Објавено пред

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга се одржа во вторникот навечер церемонијата на доделување награди, а потоа и Гала концерт на кој настапија најдобрите учесници на 11-ти Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери”.
 

dobivaj vesti na viber

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга се одржа во вторникот навечер церемонијата на доделување награди, а потоа и Гала концерт на кој настапија најдобрите учесници на 11-ти Меѓународен арт фестивал „Езерски бисери”.

 

Натпреварите се одржаа во две програми: класична музика и естрада, кореографија , фолклор.

Добитниците на наградата Гран при, камерниот оркестар при МФТИ од Русија и Вероника Ротин од Малта добија парична награда и статуетка од фестивалот, како и оригинални охридски бисери изработени од семејството Филеви.

Светската Асоцијација на фестивали, чиј член е фестивалот „Езерски бисери”, и додели специјална награда на Вероника Ротин, која доби и покана да учествува на фестивалот  „Славјански базар” во Белорусија.

Публиката на гала концертот кој го водеше Миланка Рашиќ, беше восхитена од  извонредните вокални изведби и атрактивните  настапи на младите талентирани уметници.

Меѓу лауреатите кои настапија беа Камерниот хор при МФТИ и Концертниот хор „Премиера” од Русија, Весна Малиќ од Босна и Херцеговина, Даниела Михеева од Израел, танцов ансамбл „Акку” и Театар на мода „Колибри” од Казахстан,  Вероника Ротин, Жан Клод Азопарди и Лоуел Рејчел од Малта, како и македонските претставници  Антонија Гиговска, Денис Димоски, Јане Дунимаглоски, Боби Мојсоски, Трајче Ѓорѓиев и Иван Мамучевски./крај/мф/мр

Извор: Макфакс

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија22 минути

Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994

Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а...

Македонија42 минути

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија54 минути

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија1 час

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија2 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија2 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized2 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија3 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија3 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ7 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ8 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ9 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет10 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија12 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет13 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет14 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Македонија15 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт1 ден

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...