Контакт

Манифестации

Таксират ги пречекува шведските хеви-метал херои Сабатон

Објавено пред

Таксират, во рамки на главната фестивалска вечер, на 7-ми декември во Метрополис Арена ќе го пречака и еден од денес најатрактивните светски метал бендови Сабатон.

dobivaj vesti na viber

Шведската power/heavy метал атракција доаѓа на Таксират да го претстави актуелниот албум „Heroes“, кој Сабатон го промовира со големата европска турнеја „Heroes On Tour Europe 2015“. Ова ќе биде прва средба на „Сабатон“ со македонската публика, а токму поради овој факт групата го изрази своето огромно задоволство и настапот на „Таксират“ го вклучи како специјален концерт надвор од рутата на турнејата.„По 150 концерти годинава, решивме да паузираме и да се посветиме на нови песни! Но, знаете дека сме бенд кој најмногу ги сака настапите во живо и едвај чекаме ‘Сабатон’ да закрстари и да одржи уште едно шоу. Кога ја добивме поканата од Македонија, земја во која никогаш досега не сме настапувале веднаш потврдивме дека мора да го направиме ова! Македонија, доаѓаме!“ – велат „Сабатон“ во најавата за концертот на нивната официјална „фан“ страница.Развивајќи се постојано во својата кариера, „Сабатон“ денес е еден од најголемите метал бендови на денешницата, кои редовно настапува како хедлајнер на светските метал фестивали. Од нивните настапи, секако ќе останат запаметени бројните стадионски концерти кои „Сабатон“ ги одржа со легендарните „Ајрон Мејдн“ (Iron Maiden), а како најголем концерт со сигурност е оној на полскиот фестивал „Вудсток“ (Przystanek Woodstock Festival), каде настапија пред половина милион луѓе. Тој концерт беше снимен и објавен на ДВД изданието „Swedish Empire Live“. Добитници се на многу музички награди вклучувајќи ги и престижните „Метал Хамер“ награди (Metal Hammer UK’s Golden Gods Award for Best Breakthrough Artist), а претпоследниот албум „Carolus Rex“ (2012) достигна платинест тираж.Предводени од моќниот баритон на Јоаким Броден, „Сабатон“ од 1999 година до денес се искачија на високите позиции на метал музиката и стекнаа огромна фан база во светот, а пред сѐ благодарение на феноменалните концерти со кои постојано ја воодушевуваат публиката. Првиот албум во форма на компилација, „Fist For Fight“ го објавија во 2000. година, а вистинските поголеми успеси почнаа да ги нижат со „Primo Victoria“ (2005.). Глобалната „Сабатон епидемија“ продолжи да се шири и со албумите „Attero Dominatus“ (2006.), „The Art Of War“ (2008.) и „Coat Of Arms“ (2010.).Минатата година го објавија својот нов, седми студиски албум „Heroes“, кој повторно има единствен концепт, секоја песна да раскажува посебна сторија за ветераните од Втората светска војна, и на кој „Сабатон“ ги задржа својот звук и борбеност. Групата овој албум го претстави на турнејата во чии рамки досега се одржаа 150 концерти ширум светот, а конечно за прв пат „Сабатон“ ќе настапат и пред македонската публика, на главната вечер на Таксират Фестивал.Покрај „Сабатон“, на Таксират, на 7. декември во Метрополис Арена, потврдени се и настапите на великаните на авангардата „Лајбах“ (Laibach), диџеј составот на  извонредната лондонска дабстеп група „Моудстеп“ (Modestep), жестоките каталонци „Ла Пегатина“ (La Pegatina), култниот хип хоп состав „САФ“ и Тони Китановски Little Big Band! Наскоро очекувајте и нови изведувачи кои ќе се приклучат во програмата за главната вечер на Таксират со која фестивалот ќе го прослави своето 17. издание.

Во понеделник, 9. Ноември почнува продажбата на првите, промотивни влезници за главната вечер на Таксират! Во рамки на овој дел од продажбата билетите ќе бидат достапни со промотивна цена 499 денари и во строго ограничен број! Овие влезници наменети за најверните и најбрзите „таксиратлии“ ќе се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс, како и онлајн./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Левица бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност на директорката и педијатарката во ГАК

Левица бара обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија34 минути

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија41 минута

Андоновски: Македонија рангирана во А групата за дигитален напредок според Светска банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 час

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 час

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Македонија3 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија3 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет4 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет4 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет4 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет5 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа5 часа

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет15 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион15 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа16 часа

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет18 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија18 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа18 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет19 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија19 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...