Култура
Наградата „Караманов“ за 2016 ја доби поетската збирка „Тела“ од Славица Гаџова Свидерска

За најдобар поетски ракопис на 43- те Караманови поетски средби, жирито го избра насловот „Тела“на поетесата Славица Гаџова Свидерска.
Наградата ѝ беше врачена на добитничката на централната манифестација во Радовиш.
Славица Гаџова Свидерска (1984) во Битола, поет, есеист, истражувач и книжевен преведувач.
До сега ги објавила поетските збирки Бесконечност (2001), Писма (2012), Политики на љубовта (2015) и студијата Книжевноста и дискурсите на моќта (2013). Истражува за дискурсите на моќта и политичкото насилство во книжевноста. Во 2012 година ја добива наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата. Нејзината поезија е објавувана во неколку антологии на современата македонска поезија и преведувана на англиски, италијански, арапски, чешки, словачки, српски и босански./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Култура
Почина „Мини ми“, ѕвездата од филмот „Остин Пауерс“

Американскиот актер и комичар, Верн Тројер, познат како Мини Ми во филмот „Остин Пауерс“, почина на 50 години. Не се соопштени причината и местото каде починал Верн Тројер, кој беше висок само 81 сантиметар.
Во соопштението на неговиот портпарол, се споменува депресија кај актерот и суицидна состојба. Тројер, кој живеел во Лос Анџелес, јавно говореше за својата борба со алкохолизмот.
Глумеше во филмот Хари Потер и камен на мудростите во 2001 година. На почетокот на месецот, Тројер бил примен во болницата во Лос Анџелес, но официјално не е соопштено поради што, наведува Би-Би-Си. Минатата година бил во болница поради алкохолизам.
Култура
„Исцелител“ прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар дебитантски филм на филмскиот фестивал Let’s CEE во Виена, Австрија.
„Одлучивме да го наградиме филмот кој успева шармантно да ги спои драмата и комедијата. Филмот раскажува приказна за син кој му помага на својот татко, сместена во мала земја која се соочува со економски проблеми. Заедно со актерите и екипата, режисерот ни прикажува веродостоен лик кој наоѓа посебен кинематски рецепт да ја поправи скршената врска од минатото и да најде нов пат за себеси“, изјави жирито.
Покрај наградата за најдобар дебитански филм „Исцелител“ доби и специјално признание од Синеплекс кои доделуваа награда за дистрибуција. Тие потенцираа дека „Исцелител“ го изненадил жириото со хумористичниот начин на кој се справува со комплексна тема.
Филмот се натпреваруваше во официјалната програма заедно со уште 13 филмови меѓу кои и: добитникот на награда на филмскиот фестивал во Сараево романскиот „Меда или не така добра страна на работите“ на Емануел Парву, добитникот на награда на фестивалот во Карлови Вари грузискиот „Деде“ на Мариам Катчавани, добитникот на награда на Софискиот филмски фестивал, бугарскиот „Радиограм“ на Рузие Хаснова, и други.
Покрај „Исцелител“ уште еден македонски филм освои награда на Let’s CEE, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски ја доби наградата за најдобар краток филм.
Фестивалот во Виена има фокус на филмови од високо квалитетни продукции од Централна и Источна Европа, Турција и Кавкаскиот регион. Ова е шесто издание на фестивалот на кое беа прикажани повеќе од 155 долгометражни, документарни и кратки филмови.
Филмот „Исцелител“ од својата премиера до сега, за само три месеци, освои осум награди и учествуваше на 21 меѓународен фестивал. Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.
Книги
Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за овогодинешното издание на манифестацијата. Фестивалот годинава се организира по петти пат, а во конкурсот се определени условите за пријавување на заинтересираните автори на поетски творби.
Право да конкурираат имаат поетите од Македонија и од балканските земји, кои ќе се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. На конкурсот учествуваат со испраќање на три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски јазик). Во однос на темата и формата на песните ограничувања нема.
Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: [email protected] Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах. Рокот за пријавување е до 5 мај.
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се организира во чест на 24 мај, Денот на словенските просветители Св.Кирил и Методиј. Организатори се Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ – Гостивар.
Меѓу наградените на фестивалот во претходните изданија се поетите: Стефан Марковски, Слаѓана Ставревска, Вања Савова (Бугарија), Невен Лукачевич (Хрватска), Кристина Мерклер и други.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“